1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стажирање

Дискусија во 'Правни совети' започната од aNy-to, 24 јули 2010.

  1. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Стажирање во суд или кај адвокат? Што е подобро,ве молам за совет?
     
  2. usnicki

    usnicki Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Зависи кај кој адвокат. Ама во суд е подобро според мене. Се запознаваш со судии со адвокати, стекнувас врски, пријатели, контакти и тоа ќе ти биде од голема помош ако утре, задутре работиш како адвокат.
     
  3. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    А може ли да ми кажете колку години се на се е правниот? според мене е8 па ај кажете ми дали сум во право
     
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Јас би ти рекла дека кај адвокат е подобро, во еден мал круг функционираш и си поблизок и за муабет и за откривање финти и на крај ке осетиш поголема моќ за самостојност отколку со суд. Мислам дека во суд се работи на малку подив принцип, стажантите се еден вид на безимени помагатели на процесот. Гласам за адвокат! :up:
     
  5. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    потполно се согласувам со тебе, но денес е премија да најдеш добар адвокат кој ќе ти го пренесе занаетот.

    еве јас знам луѓе кои стажираат во суд и таму доста се учи, но дека немаат самостојност тоа е точно, (бидејќи застапувањето те ојакнува како личност), праксата се сведува на пишување пресуди и следење рочишта што е од една страна добро, но од друга не е доволно, исто и во судот треба да ти се погоди судијата некои повеќе го пренесуваат знаењето на волонтерот, а некои не тие пак или им даваат пресуди поради неподнесување одговор на тужба да пишуваат (а знаеме дека граѓанската постапка е многу покомплексна), или не даваат воопшто работа, а го држат волонтерот :fubar: , но доброто во суд е што имаат управител кој ги менува и знае кај која судика ќе ги стави.

    Кај адвокатурата пак е поинаку додека најдеш асален адвокат ќе ти побели косата, а у последно време слушнав кај подобрите адвокати само со врски, сите ова го кажуваат. :^)


    кај адвокат е подобро но само со препорака, доколку некој има таква можност, не треба да размислува.
     
  6. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    Без сомнение во суд лошо е што не плаќаат :^) :( :( :(
     
  7. tigarche

    tigarche Активен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    1
    каде би можела со моево завршено средно образование информатика да стажирам??
     
  8. irina.007

    irina.007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    76
    Здраво сакам да ве прашам доколку некој знае , во основен суд еден или два даваат надомест за стажирање ?
     
  9. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Дали постојат измени во законот со кои стажантите сега земаат било каков надомест? Знам дека до пред некоја година не земаа ништо па ме интересира дали има некаква промена од тогаш.
     
  10. teddybearho

    teddybearho Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2021
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво, завршив средно медицина-фармација, положив државна матура и како што разбрав потребно е и стажирање, мислам дека 3 месеци. Ако може некој да ми објасни во врска со стажирањето што и како, дали е платено, дали после стажирање може да се оди на факултет или пак да се работи во аптека и слично?
     
  11. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Стажирање е потребно за стекнување на државна лиценца за работа. Постои опција да стажираш после средно и да се стекнеш со лиценца за работа како среднист, а постои и опција да стажираш после факултет и да се стекнеш со лиценца за работа како некој што има завршено вишо/високо образование. Лично имам завршено средно и факултет за физиотерапевт и моментално сум во процесот за стекнување на лиценца за работа со факултет (онаа лиценца за работа како среднист, т.е. физиотерапевтски техничар ја немам). За нашата струка (притоа не знам дали истите правила важат и за фармација), ако сакаш да стажираш после средно, стажирањето се извршува 6 месеци а со факултет истото трае 9 месеци. По завршеното стажирање потребно е да полагаш државен испит и доколку го положиш истиот се стекнуваш со лиценцата која ја спомнав погоре.

    Е сега, прашањето е што планираш да правиш после средно? Стажирањето и полагањето државен испит после средно нема никаква врска со запишуањето на факултет. Ако планираш да продолжиш да студираш фармација на факултет, мој совет е да не си го губиш времето со стажирање после средно затоа што секако ќе треба тоа да го направиш после факултет кога ќе стажираш и ќе се стекнеш со лиценца за работа која е повреднувана од онаа на тие што стажирале само со завршено средно образование. Но, ако планираш да студираш нешто друго а не фармација (или не планираш да студираш на факултет), тогаш мој совет е да стажираш како среднист со фармација и на тој начин да се стекнеш со лиценца за да можеш да работиш. На тој начин, доколку решиш да студираш нешто друго на фаултет, секогаш ќе имаш back-up план, односно друга професија на која ќе можеш да се посветиш доколку тоа со факултетот не ти успее. Ова е нешто што го направија мои другарки од средно кои после завршеното средно за физиотерапевтски техничари решија да се посветат на нешто друго на факултет но сега секогаш ќе си ја имаат и лиценцата за работа со средно. Во секој случај, распрашај се подобро како одат работите за стажирање со средно и одлучи што би правела понатаму на факултет за да можеш да ја направиш најдобрата одлука за себе. Ти посакувам се најдобро и се надевам дека успеав да ти помогнам!:f:
     
  12. teddybearho

    teddybearho Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2021
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу:inlove: Само уште ова, дали е платено стажирањето?
     
  13. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Колку што знам не. Се спомнуваа некои промени во законот со кои додека си на стаж, би ти следувало платен пат и храна, но не сум сигурна дали тоа се усвои.
     
  14. Willbeokay

    Willbeokay Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2020
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали ако си стажант потребно е да се пријавиш во трудот како практикант? И дали тоа влијае ако веќе си вработен и пријавен? Бидејќи нели не може да си пријавен како вработен на две работни места.