Здраво феминки Ми треба ваша помош. Никаде не можам да ја најдам Стакленото Ѕвоно од Силвија Плат, ја немаат по книжари, ја нема во купикнига и ја нема во центар Три кајшто била објавена. Дали некоја од вас ја има и би сакала да ми ја продаде? Поздрав
Јас лично ја немам купено книгата меѓутоа ја најдов во PDF на англиски јазик. Ако не ти пречи јазикот, ќе ти го пратам линкот... http://letters.to.stephanie.gportal....stephanie/upload/745843_1406744742_07068.pdf
Девојки, јас ја прочитав ја зедов од околната библиотека, меѓутоа сакам да си ја имам во мојата колекција, ми остави многу силен впечаток. За тоа ја барам
A оние кои ја немаат читано, ја има на српски јазик онлајн, само искуцете "Stakleno zvono" Silvija Plat pdf и ќе ви излезе. Девојки Ве молам, некој ако ја има...
Книгата е за девојка, млада, успешна но полека се губи во кошмарот на депресијата. Нејзиниот живот и нејзината борба. Многу добра книга а авторката пишувала прекрасно. Исто е и автобиографска, за тој период од нејзиниот живот.
Тешко да ја најдеш во продажба, доста старо издание е и мислам дека распродадена е одамна. Сепак можеш да провериш, прашај на фб во книжарница „Просвета“, во Охрид е но имаат вакви постари изданија. Исто и во Книжарница Литера М5, таа е во Кочани и праќаат по Карго, имам најдено доста стари книги таму. И секако, сигурно ја има некој од овие што продаваат книги на кеј, ќе се најде и кај нив некој залутан примерок од книгата сигурна сум.
Ја најдов во библиотека пред неколку години и мислам уште се сеќавам на секоја реченица што ја имам прочитано. Премоќна книга. За жал ја нема по книжари, може да се најде во електронска форма мислам.