Мене па ми се свиѓа тоа што е стално со мастика во уста Ја обожавам серијава затоа што е пореална и не е досадна како шпанско-турско-индиските сапуници.Посовремени се случувањата, а ликовите се топ.Омилени ми се Елена и Николај
Многу интересна серија. А и многу добри глумци. Ставрев ми е многу закон човек, и Николај ( многу е секси ) Иначе ми личи дека Сијана нешто вртка, има некој план ама незнам што. Се спакува за негде Едвај чекам да дознаам понеделник
Почнав да ја гледам, ама ја симнувам и супер се за сега првиве епизоди.Николај и Елена ми се нај од сите.Да гледам повеќе па ќе пишам и ве молам спојлери, ми откривте работи што се битни и ќе беше поинтересно да ги гледам отколку прочитам
И мм ја гледа со сиот занос и само вика по нас тишина, тишинаааа, како дедо ми на времето кога гледаше вести - од колку е кошарката денес? = од осум! - е у пм
Ја гледаше некој вчера серијава? Јас сум до таму кога дојде Димитар,таман кога овие двајцата ја објавија свршувачката и денес и вчера неможев да ја гледам. Ќе биде некој љубезен да ми каже што се деси..?
Стварно ве молам информации за случувања во серијата ставајте ги во спојлери.Ете јас ја симнувам од интернет, поназад сум неколку епизоди и не сакав да знам однапред дека ќе има свршувачка
Стигнав до средина на втора сезона, многу ми се свиѓа серијава.Плус епизода по саат ипол трае, како цел филм, за мерак.Дури и бугарскиот го усовршив, со оглед на тоа дека преводи нема кога се симнуваат. Дани на почеток ми беше баш кретен, сега ми е многу мил, којзнае уште колку ќе биде со Сиана.Она ми е исто многу мила, иако има доста налудничави моменти. Камен малку ме нервира, секогаш он е херој, секогаш е праведен и најдобар Борјана може да е малку повесела, Елена ми е...немам коментар Преубава е, е малку памет повеќе и фали Ама затоа со Николај се совршени, тој ми е толку убав и згоден што иако е идиот, пак го сакам И штета келнерон што си отиде, многу ми беше смешен
^^ На Елена во никој случај не и фали памет,треба да ти работи кликерот за тие нешта таа што ги има сработено. Една од попаметните плавуши што ги имам гледано дури и во живо,и на филмското платно. Смешно е што правиме муабет за филм,но вакви нешта и такви жени ко Елена,дури и премногу ги имаво вистинскиот живот.
Што знам, мене Елена цело време ми изгледа како да сака да ги надитри сите и упорно не и испаѓа.И со Николај и со Христо така беше.
Да,така е. И успеваше на неа се додека не беше со Камен. Не забележуваш,таа малку повеќе е навлезена за Камен од еден обичен секс што го имаа. Тоа е дека и вели не,а демек таа во животот немала маж што и рекол не. Барем јас така мислам и овоа истото го имаа дискутирано со Николај. И од тогаш,од кога беше со Камен,ништо не и оди од рака.
А што е најтрагично, цела нервоза ја истура на Алекс, само неа може да и покажува сила и ни еднаш не видов да е со нејзе нормална и фина, нонстоп и се обраќа цинично и и се потсмева И како можев Ставрев да го заборавам-меѓу омилените ми е, многу добро осмислен лик.И со жена му се мнгу добар пар
Леле закон е чоеков. Нема сцена, а да не е смешка со него. Стварно со жена му се нераскинлив тандем. Повпечатлива ја прават серијата. Мене и овој Чарли ми е некако изопачено интересен. Па појава е човекот. Фаците што ги прави- легендарни. Спојлер Вчерашниот разговор на Сијана со татко и ми беше посебно интересен. И Димитар бе ...Што е со човекот?? Да не знае некој со што ја уценува Борјана???
За тие што ги интересира зашто Борјана е упорно со Димитар Спојлер Борјана порано била љубовница на криминалец, ќе се појави и тој.Ја малтретирал, буквално се иживувал врз неа и една вечер ја натерал за полесно да склучи бизнис со Димитар, да спие со него.Димитар ќе ја одбие и ќе и даде број ако некогаш и треба да му се јави.Една вечер тој криминалецот речиси ќе ја убиеше, успеа да му се јави на Димитар, он ја спаси и оттогаш се заедно и затоа се осеќа должна спрема него.Во сево ова со криминалецот вмешан е и Камен, ама до таму каде што сум, уште не е откриено детално. Патем, го менувам мислењето за Тони, ќе видите зошто Алекс скисна во Манго додека имаше пари, сега ја фати криза
Спојлер Ќе се открие дека Камен веројатно нелегално живеел во Америка и Тони ќе им понуди на Колев и Димитар да собира информации од Камен, а за возврат да биде шеф на обезбедување и жена му фризерка во трговскиот на Димитар
Мене серијава полека но сигурно ми станува омилена. Не пропуштам ниту една епизода. Необична и интересна приказна, многу ми го привлекува вниманието. Одамна немав гледано нешто слично! Инаку, femina90, од каде ги симнуваш епизодите?
Ќе може ли да ве замолам да ставите торенти од сите сезони досега, доколку ги има, за да мајка ми биде едно среќно женчуле? Благодарам.
http://src.kat.ph/search/stuklen%20dom/ Еве тука има од втора и трета сезона, ама не знам какви се.На замунда ги има баш сите и се сигурни, ама знам дека замунда не ја сакаш
Ништо Феминче, давај линк од Замундата, од сите сезони, значи морало да се има од прва до последна епизода, да се изреже и да се врзе со панделка работава. И треба ли да правам профил на Замунда да се логирам, или не? Ах, Замундо дундо...