Да, да регистрирај се, имаш и среќа сега е пуштена регистрацијата http://zamunda.net/signup.php И еве ги торентите http://zamunda.net/browse.php?search=%F ... incldead=1 Ама превод нема Ама се разбира
Може ли некој да ми каже на кратко што се случи во вчерашната епизода, затоа што не бев во можност да ја гледам?
Само што ја гледав првата епизода од трета сезона и зината останав од толку пресврти.Гледајте ја серијава, навистина е добра Инаку, еден од режисерите на серијава е Македонец-Зоран Петровски
До која сезона и епизода се стигнати на канал 5? јас на you tube гледам и стигнав до 3та сезона , сеа треба да ја почнам. Ама никако да сконтам канал 5 дали се пред мене или после мене
Ako случајно не можите да си направите регистрација,давам username i password Ги правев за феминките.Пишете во лични кој сака... А,и BTW ја чекам наредната сезона (5та мислам) сега на бтв,ќе почнува кај и да е,некој ќе умрел па одвај чекам да почни
Канал 5 се мнооогу поназад, почеток на втора сезона Четврта сезона почнува на 31ви октомври (не мислам на канал 5, туку во Бугарија)
Интересна серија. Ја гледам понекогаш, кога имам слободно време. Инаку ме изненади позитивно, очекував да биде некоја досадна серија, клише. Но, испадна спротивното.
Ниедна серија како оваа не го задржала моето внимание. Ја обожавам! Прекрасна продукција, добра содржина, преубави глумци посебно Камен и Борјана. Ја гледам на јутјуб, а со бугарскиот ги напнав сите дома Инаку еден од тројцата режисери е македонец. Македонецот Зоран Петровски е еден од тројцата режисери што застанаа зад камерата на бугарската серија „Стаклен дом“. Има триесет години, роден е во Скопје, завршил филмска режија на Академијата во Софија и таму веќе 10 години извонредно успешно работи. Етаблиран е во софиските уметнички кругови и го познаваат како вонсериски талентиран за филмска режија, но и како автор на спотови, реклами и кампањи. Досега не работел во својата татковина и голема желба му е да направи филм или серија која ќе биде македонски извозен продукт. (превземено)
Спојлеров е од понапредни епизоди Спојлер Ќе ги стави во трезор и Елена ќе успее да ги земе и ќе ги вложи во новиот мол
Спојлер Христо знае, Елена не.Алекс е зачната ин витро и бидејќи Христо откако имал заушки е стерилен, не сакал да и каже на Елена и Чарли ја донирал спермата без таа да знае.Елена кога ќе дознае ќе го остави
Спојлер На крај пак ќе се заедно,ама Алекс па ќе се збрлави,ќе почни да се дрогира А Чарли ќе направи уште едно дете,ама не кажвам на која
Многу интересна серија, редовно ја гледам и ликовите многу ми се допаѓаат Дани, Хари и Камен ми се симпатии Прв пат нешто бугарско а сепак квалитетно .
Како за серија и јас бев скептик ама се изненадив колку филмот е добро изработен, а мене лично ми е и интересен. Е сега не го пратам редовно на канал5, ама затоа брат ми го има симнато од некоја страна и тоа некои си 3 сезони ако не се лажам. Брат ми ги изгледа сите, а јас кога имам слободно време ги гледам. Е сега тие што ги симнал се без превод на бугарски јазик ама се разбира. Бугарија е безброј чекори пред нас верувале или не. Нашите „серии“ не се ни принесени до нивните искрено неможе меѓу нив и нас да се прави споредба, за жал. Интересна содржина, прекрасна серија. Мислам ако не сум грешка дека и 4 сезона се снима или пак завршена е а наскоро ќе почне во Бугарија. Сите глумци ми глумат некако професионално. Спојлер Да најбитно од се Камен ми е симпатија , само што името му го утнале требало Цигла да го крстат Едит: Спојлер на Сијана