моментално почна репризата на канал 5 ... пошто неможев преска да гледам,идам сега П.С ептен ми се допаѓа серијата :
На крајот Алекс со кого ќе биди, со Дани или Хари ? Почна и оваа серија да ме нервира, до мене е или Бугарски снобизам , ама ќе ја гледам до крај само за Камен и Дани Работите на кои се потсетува Борјана , на киднапирањето заедно со сестра е, се случија од 1 епизода? Јас не го гледав од почеток затоа некои работи не ми се јасни . Има некој што ќе може да ми ги разјасни
Спојлер Случувањата со Борјана и сестра и се од сега, не ги давале претходно, гледај да не ти откривам. Алекс ќе биде со Хари некое време, а после ќе збесне малку, па нема со никој од друштвото да се дружи и нормално, нема да е со Хари. Јас серијава ја изгелдав во еден здив, не знам зашто те нервира.
Спојлер Дани нема да умре, ниту ќе има некоја случка поради која би умрел.Единствено кога го киднапираа на почетокот, ама тоа беше многу одамна
Што се случи денес со Борјана, ја киднапира некој или??? Сега пред 10 минути заврши епизодава и Борјана ја снема од колава на Камен. Знае некој???
Спојлер Сама си отиде зашто дозна дека Камен бил тој што ги однел проститутките(и сестра и) на Ганев.
Фемина ај ако сакаш на кратко кажи ми како Камен? Ништо не ми е јасно испуштив неколку епизоди. Или во спојлер или во ЛП ај плиссс.
Спојлер Камен не добил американска виза и морал да смени идентитет и извади фалсификат пасош за да ја напушти Бугарија.Се преправил во шофер на камион што превезува водка, а всушност имало проститутки кои се носеле во Италија, меѓу нив и сестра и на Борјана, која Борјана оттогаш не ја видела и не знае каде е.Камен во еден момент се обидел да ги спаси девојките, убил еден од луѓето на Ганев, успеал случајно да ја земе само сестра и, ама наишла полиција и избегал сам.
Леле неможам да останам рамнодушна...Многу сум љубопитна од овие случувања на Канал 5...Ако има доброволец да ми пише нешто што ке се случи понатаму во епизодите...
Оваа Алекс многу убаво се облекува,баш во мој стил.Камен е преубав а Дани не е лош но не е мој тип.Инаку на Канал 5 плус ја даваат од почетокот серијата,па за оние како мене кои не ја фатиле од почеток може да си ја пратат таму. А бај д веј нели ве потсетува серијата барем малку на Госип Грл,мене да .Мислам целата таа приказна со богати родители,богати деца па и тоа што Спојлер Дани и беше прво на Алекс дечко па на Сијана и сега сите си се дружат
Па добро, тоа дека се така богати може, ама е далеку пореална и многу побрзо се се одвива што ми е многу битно кога гледам серија.Ова пореално може ми се чини бидејќи сепак, колку-толку сме слични како народ.
Еј ама ме нервираат овие од Канал5 што немаат точно одреден термин кога е серијата. Вчера ја утнав репризата во 12 веќе беше завршена ,денес чекам од 11 ја нема. Него сакам да кажам дека ич не ја сакам Алекс.Незнам зошто ми е антипатична.Немам аргументи ете ама НЕ ВОЛИМ ЈЕ бре! Сијана ми е ептен симпатична,многу попаметна и преубаво ми се облака. Само имам критика до неа што не се смее ич,само ептен нешто саркастично коа треба . И ич не ми беа пар со Дани бе.Многу поише ми одговара со Чарли. Иначе многу ми се смешни Ставрев и жена му .Неможеш да не им се смееш,па уште и со бугарскиов...комедии .