Станбени управители

Дискусија во 'Дом' започната од cresa-jagoda, 14 јуни 2017.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.257
    Допаѓања:
    25.677
    Пол:
    Женски
    Ме интересира вие што живеете во зграда дали имате фирма која се грижи за функционирањето на зградата, т.е. плаќа с-ки за струја кои се на име куќен совет, плаќа с-ки за одржување хигиена, се грижи за поправки на настанати дефекти ви зградата итн.?

    Какво е вашето искуство со овие фирми?
    Од која фирма сте најмногу задоволни?
    Дали од некоја фирма имате поплаки и не ја препорачувате?

    Јас сакам да се пожалам од фирмата-станбен управител ЛИБРА (ја има во Скопје и има подружница во Куманово).
    Чиста измама, еден комшија ја најде како наводно добра фирма, а другите фирми не чинеле, но сега со оваа фирма си имаме голем проблем. 2 години ѝ нема платено на фирмата за чистење, нема плаќано и с-ки за струја, сега ќе бидеме дадени на извршител, кога и да имавме некаков проблем во зградата моравме со месеци да ја молиме. Цело време не мота, не лаже дека плаќа. Сега сакаме да се откажеме. Не знам како ќе биде откажувањето со оглед на долговите кои ги направила фирмата, во голема кал сме пропаднати со оваа фирма. Дали лесно ќе може да се извлечеме, а при тоа фирмата да си ги подмири долговите и да ни ги врати парите кои не се искористени од резервен фонд.
    Слушнавме и други се жалат од оваа фирма, не сме само ние-нашата зграда. А „соработуваме“ со фирмава од декември 2014, тоа е 2 години и 7 месеци. Немам веќе зборови, само сум премногу гневна и разочарана, секој сељак отворил фирма и сака да биде газда, да си ги става парите во џеб, а не знае да работи совесно и одговорно.
     
    На referentka, Dust, CrazyOne и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.766
    Допаѓања:
    138.900
    Ние немаме:x
    30 станови, 3 влезови..ниеден не се ангажира да најде фирма..
    Кој знае дали можат некоја казнена честитка да ни пратат:?:
    Не касниме со плаќања инаку..за чудо:whew::rofl:
     
    На cresa-jagoda, Sesil и duffi им се допаѓа ова.
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    9.872
    Допаѓања:
    121.427
    Уште подобро.

    Немаме и ние. Чисти жена и плаќаме на рака. Си ја врши како треба работата.
    Струја собираме пари и плаќаме за неколку месеци ама не е некоја голема сума.
    Дефекти големи сме немале ама ако има се договараме, санираме.
    За белење, секој си го средува ходникот пред него.
    Е сега идеално не е . Ама функционираме некако.
     
    На cresa-jagoda, Sesil и Dust им се допаѓа ова.
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.766
    Допаѓања:
    138.900
    Исто и ние. На 2 месеци плаќаме сметки (секогаш некој касни), секој посебно и плаќа на жената за чистење..
    Пред некоја година менувавме влезна врата и домофони, сите уредно си платија..
    Е сега мора малку да ги "мотивираме" со 5 пати спомнување, ама мислам дека ако фирма го брка ова, поголем хаос ќе направат:x
     
    На cresa-jagoda, Sesil и duffi им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.100
    Допаѓања:
    285.379
    Секоја зграда со над 7 стана според Законот за домување мора да има оформено Заедница на станари со претседател или да има Управител (како во воведот-фирма која ги води).

    Доколку не сте задоволни од Управителот,гледате дека има измами или не сте задоволни од претседателот на заедницата на сопственици,можете да се обратите во Општината во локакната канцеларија на Мин за транспорт и врски,тие си имаат инспекторат и ќе го пратат во инспекција во зградата ИЛИ во Регулаторна комисија задомување.
     
    На lav4ence.e.e и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    23.796
    Пол:
    Женски
    Во станот во кој живеам нема ангажирано фирма, има избрано прецедател на куќен совет кој секој месец собира пари и од тие пари се плаќаат сметки, се менуваат сијалици, се плаќа сервисот за чистење, се вршат поправки, а кога има вишок на средства се бојадисува влезот, оградите на скалите.... Но зградата има само десетина стана, редовно си плаќаме сите и не е тешко да се организира било што затоа што сме малку.
    Во другиот стан кој го поседуваме има ангажирано фирма на чие име неможам да се сетам во моментот но не се грижи ништо подобро одколку во првиот случај, една сијалица да се расипе се чека додека да им текне дека треба да се замени. А да напоменам дека месечно се плаќа три пати повеќе одколку во првиот стан.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    820
    Соберете 51процент од сопствениците на посебните делови (станови,деловни објекти) отказот трае најмногу 2месеца или одма ако е спогодбено раскинувањето и барајте отчет за сработеното мора да ви даде документација за приходи и расходи ако не сака заканете се со тужба иначе со новите измени на законот не смее да ве остави без електрична енергија ова ти го кажувам во контекст на муабетот за ЕВН
     
    Последна измена: 16 јуни 2017
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    820
    Рефке ако се повикуваш на законот за домување ништо од тоа нема пр секоја општина треба да има овластен инспектор за домување, нема нај одговорно ви тврдам секоја чест на исклучоци или воопшто нема или еден е за се така да мислам дека нема некој многу многу да се замара за оваа проблематика по правило секоја општина треба да води регистар за тоа која зграда каде е под управа или дали е заедница
     
    На cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.100
    Допаѓања:
    285.379
    Кој ти почитува Закон..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    820
    Јас барем се обидувам
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.672
    Допаѓања:
    11.991
    Пол:
    Женски
    И јас не сум нешто задоволна од нашиот станбен управител. Инаку прилепска фирма е. Чистачките не чистат воопшто убаво, секогаш е гнасно... кога ни пукна цевка во зимата, цела вертикала немавме вода, и кога се јавив ми викаат, епа тоа е сега, ќе си чекате да се запролети па да бараме мајстор :fubar: Онака ние среден век со месеци без вода да бидеме... абе Бог да чува. Па им се закани некој изгледа, па по недела дена се санира проблемот. За пари лапање први се, ама за средување нешто, не им се слуша нешто.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    4.649
    Допаѓања:
    21.868
    Пол:
    Женски
    @jacqueline.s истите се кај нас. И кај нас не сме задоволни, за проблемот со кровот што течеше зимата уште не е ништо средено, се јавував неколку пати, собравме и потписи, на крај ми го запишаа бројот и ќе ме барале тие. Нормално цел месец ги нема да се јават.
     
    На cresa-jagoda и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.672
    Допаѓања:
    11.991
    Пол:
    Женски
    И мене бројот ми го зедоа тогаш... хаха. Сигурно не ги ни запишуваат никаде :D
     
    На cresa-jagoda и kristina.k им се допаѓа ова.
  14. emilija.

    emilija. Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Обратете се прво кај инспекторот за домување назначен за вашата општина, во краен случај до регулаторната комисија за домување. По законот секоја зграда мора да има оформено куќен совет со претседател или да има фирма - управител, во спротивно следуваат казни. Е сега колку тоа се почитува ...барем јас кај што живеам овде инспекторот доследно си ја извршува оваа функција, иако работи и друго.:D
    Инаку работев јас порано во ваква фирма.
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    17.312
    Допаѓања:
    109.965
    Пол:
    Женски
    Ние имаме ама не знам која фирма е.
    На почетокот имавме давачки околу влезот за да ни го направат да се влегува со домофон и преку картички за станарите.
    Два пати неделно доаѓа жена и ни го чисти влезот и дворот пред зградата, потоа ги чисти катовите. Даваме по 120ден. неделно.
    Инаку ова само за нашиот влез, имаме и куќен совет кој се одржува еднаш годишно. Сметките за ходник ги подмируваме директно на уплатница,ни стига сметка за тоа.
    Лани имавме голем проблем во влезот кога пукна парното и направи потоп низ катовите и веднаш од страна на фирмата која е одговорна за нашиот влез проблемот беше санкциониран уште истиот ден.
     
  16. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.397
    Пол:
    Женски
    @cresa-jagoda ние едвај се спасивме од Либра. Неколку пати ни го исклучуваа лифтот и струјата поради тоа што не платиле сметки и покрај тоа што станарите им платиле на Либра, ни на фирмата што праќа чистачка не и платиле со изговор дека наводно не можеле да ги соберат парите од нас :x Собравме потписи, сменивме фирма и таман мислевме дека сме се спасиле од нив пак влезот без струја. Кога проверивме во ЕВН за три струјомери во влезот имаше 6-7 не платени сметки. Па им се заканивме до тужба, јас нервите ги изгубив со нив, па една некултурна србинка што имаа вработено ми спушташе телефон:@ јас и викам жено немаме лифт, струја, хидрофори не работат, не сте платиле, а она ми вика ќе ви се јавиме кога ќе можеме и шлап телефонот:@ Жички ми се споија, па после таа газдарицата пеглаше ситуација. И тука не беше крајот на маките со Либра, за уште еден струјомер не плаќале ама не можев повеќе, некои 2-3 000 денари си ги плативме повторно на гладно срце. Наводно ќе ги вратеа до денес ништо од парите. За резервен фонд да не зборам, ништо немаше на сметка. И влезот до нас имаше проблеми со Либра, исто ни резервен фонд ни ништо не видоа.
    Вие што допрва ќе земате фирма БЕГАЈТЕ ОД ЛИБРА.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.257
    Допаѓања:
    25.677
    Пол:
    Женски
    Оффф леле, што нѐ чека. Тој комшијата е најпрво за ќотек, не му чинеа другите фирми, а оваа била одлична фирма. Епа сега тој сите трошоци нека си ги подмири, сите долгови нека ги плати тој.
    Како може на с-ката за резервен фонд да нема пари, а ништо не платено, долгови до гуша, а ниту нешто направено за зградата??
    Туку и да ја тужиме, тужбите се голем трошок, а не знам дали би имало некоја корист или само би се заплеткале во судски лавиринт.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  18. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    523
    Пол:
    Женски
    Јас воопшто не сум задоволна од ДОМ ,кај ги измислија ова фирмиве не ми е јасно,а пак станарите мој се бетер кој од кој ,нишо не инвестираат нема трошење пари,не плаќаат ...хаоссс
     
  19. MarijaBrova

    MarijaBrova Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Zdravo, istiot problem go imavme i nie vo nashata zgrada so Libra, nemaa plateno 10 meseci smetka za struja i ne mozevme da gi dobieme na telefon, pa najdovme druga firma i go raskinavme dogovorot. Novata firma ni se vika Building Manager, relativno nova firma e i ja vodat mladi decki koi se postojano dostapni i se angaziraat vednas za se sto treba, baska advokti se pa ni sredija se sto treba vo odnos na dokumentacija. Isto Virtus Elias ne se dobri, sto pogolema firma tolku pomalce se zamaraat.
    Eve vi kontakt od Building Manager pa zbornete so deckite nema da zgresite.
    074 200 372
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.