Има и нови дечки АЕРОДОМ. Година дена сме со нив веќе. Досега покажуваат дека може и поинаку да се работи. Одговорни, достапни цело време и хигиена на ниво. Претходно бевме со Виртус Елиас и многу бевме незадоволни. Имаше и едни други претходно ама не ми текнува на името.
Podaleku begajte od Upravitel plus. Prvo nezainteresirani za higienata vo zgradata,ne pominuvaat nitu ednas mesechno. Vtoro za bilo koj problem se ograduvaat deka ne se nadlezni(padnal poklopec od ventilacija I cela vertikala koga vrne propusta.I se pravi lokva vo kujna. Ne bile nadlezni da organiziraat popravka) Treto odnosot na pelivanot Mile pod dno. Ne se javuva,vetuva pa nigde go nema,vo stranstvo e poveke , se dere ko nenormalen... Site plakame ,a nisto ne dobivame za vozvrat.Bidejki se mnogu stanovi teshko e nekoj da se angazira za sobiranje potpisi. Liftovite se nesigurni,koga se vozis tresat.Vo liftovite nisto ne raboti,neznaes na koj sprat zapira. Podaleku od Upravitel plus
Нешто објаснуваат, ама ништо не превземаат од тоа што пишале дека го вршат. Еве еден пример, дека при итни ситуаци како поплави, дефекти ма лифт, загрозување на безбедност, постапуваат одма без посебно барање. Но тоа не се случува, ни викаат да се обратиме как комшијата кој пак ни вика јавете се кај нив
И во моја зграда се Управител Плус и речиси иста приказна е со нив. Само пари дрпаат, а ништо не прават.
Значи се дешава поплава, ама не дапоплави еден стан туку цел влез. Буквално вода тече од штекери и сијалици, вода во лифт кабината, во моторот. Они немаат број пази молим те,од сопственикот на станот, ама имаат име импрезиме за да наплаќаат. Нејсе... Место да викнат евн, сервис за лифт,они велат дека тоа не е нивна надлежност, да се обратиме кај комшијата кој е демек претатавник, кој пак вика сите ние сме исти, не е важно кој ќе се јави. И така ние се сами си бараме и бркаме. Од управителот никогаш никој не се појавил, состанок не правеле они. Соопштенија недајбоже, не постои такво нешто. Хаварија во подрум, пак они не биле надлежни.договорете се сами и најдете фирма за ддд. Лифт во дефект и крајно небезбеден, они пак велат ааа јавете си се у сервис. А гарантирам дека и од сервисот зима после процент,зошто наплатата оди преку нив. Зошто ги плаќаме еве не знам. Комшијата со пенкало на лист запишал, нема веќе чистастачка ако имате предлози кажете. Ужас. Сеодзваа на еден маил,колку да исплакнат уста. Демек. Хабидом иначе.
И нашата зграда ја управува Управител плус, ужас!!! Има пари во резервен фонд, плаќаме, а тие се незаинтересирани, па мора ние мајстори да си бараме сами и ние да ги платиме, а тие не сакаат да платат од резервен фонд, зашто ние сами сме викнале мајстор, не го викнале они. А од нив сме побарале, не еднаш, туку 101, ама нив за ништо не им е гајле. Тој Миле премногу дрзок, нема ни култура, ни ништо кај него. Ем шуто, ем боде... Само сметки знаат да донесат и едвај една чистачка да зашлака.
Јас уште се мислам што ќе ми е фирма, ако се му кажуваме на комшијата коа има проблем. Сериозно. Човекон не се замара, на се се смее како нездрав. Ама па и што да се замара и он ја плака фирмава.
Ние пак од Виртус Елиас сме многу задоволни. Се случило чистачка да киксне ама тие веднаш превземаат мерки. И за лифтот се грижат исто, не еднаш притеопал. Многу се трудат и имаат многу вработени и администрација и луѓе на терен па мислам дека затоа се ефикасни. Е сеа..од цела зграда има и незадоволни ама гледајќи ги нив јасно ми е дека не е до Виртус туку до станарите.Ако мислат дека кучето ќе им кења а Виртус ќе собира по него, се лажат.
Ние имавме договор со Хаусмајстор. Катастрофа се. Ги заболе за влезот. Ништо немаа реновирано. А чистачката што доаѓаше повеќе оставаше ѓубре зад себе, отколку што чистеше. Собравме потписи и го раскинавме договорот.
Дали некој има Хабидом за станбен управител на зградата? Треба да одлучиме за некој.Ве молам одговор, ако некој има позитивни искуства (или негативни),со овој или друг станбен управител.
Во зградата кај што купивме стан имале договор со Хаусмајстор. Го раскинале месец пред да се вселиме. Истиот проблем го имале. Метење, џогирање и фрлање ѓубре. Толку. Како лисицата со опашката. Мој братучед купи стан во Карпош (во нова зграда). Не ми текнува на името на фирмата. Знам дека плаќа 500 денари месечно. Влезот свети.
Хаби дом никако, ете горе прочитај. Све јас бркам сама, ниту еден комшија не се замара. Денес се напнав и им скроив известување на комшиите, на крај наведов дека во иднина за се што ќе превземам за влезов ќе доставам фактура со тарифа за услугата. Па преку глава веќе, пајажина има во лифтот. Лифтот е пред распаѓање, фасадата паѓа ќе утепа некој.