1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стан или студентски дом?

Дискусија во 'Образование' започната од mystic92, 28 мај 2011.

  1. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Бев еден семестар во дом, видов што видов и расчистив со домовите во Скопје!
    Никогаш повеќе, али ни под разно! |(


    Не се жалам на собата, јадењето, хаосот, па и на вц на спрат ..... не, за тоа ќе се навикнеш ...
    Јас се жалам на немањето читална! Како е можно бре, во СТУДЕНТСКИ дом, каде студенти живеат, и дошле да учат, да се школуваат (повеќето бар |( ) да нема читална? Е, тоа мислам оти никад нема да ми влезе во глава и уште сум изреволтирана на оваа тема.

    Втора работа, луѓето. Дали јас на такви тиквари наидов, или не знам што беше работата, али тоа таму е катастрофа! Значи, немање основна култура, се дерат во 3 сабајле, тропаат, трескаат врати, музика трешти до никое време, ич не те фермаат од кај си бе ... Си влегуваат во соба без тропање, не дај боже да им префрлиш и кожата ќе ти ја одерат! Јас зборам за Стив инаку, не за сите домови, тука бев, за тука знам, да нема недоразбирања.

    Така да, и кога ќе ставиш на ова никаква контрола од никој, добиваш Американска пита 8 дел, на големо ама! Ај женската зграда, пак помирно, али таа машката ... :x Ауууу, таму на прв спрат трештеше музика секоја вечер, не знам како спиеја луѓето таму! Катастрофа :tmi:

    Така да, кој има финансии, нека не размислува за дом воопшто! Нема нерви да кубиш за будали што ти се лупнале на слепо. Стан и чао пријатно!
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Стан или студентски голема дилема...ќе може ли да ми кажете кдае точно се наоѓа стив, а каде филозофски св кирил и методи и кои населби се во близина
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.320
    Пол:
    Женски
    Стив ти е во Автокоманда, а филозофски ти е кај битпазар, малку подолу, пешки едно 15-20 мин точно не знам да ти кажам не сум одела, а автобус имаш 50 која сигурно застанува на битпазар и кај стив и често ја има.Ако имаш услови оди во стан, јас Стив не би ти го препорачала, а во Пелагонија ако седиш исто не ти е далеку пешки 15-20мин одење брзо, а автобуси не знам колку има и кои, вајда ќе треба да одиш пешко до постројка некое време зошто во Кисела Вода малку е тресене да фатиш автобус.Ама моите другарки се на економски(кој е на исто место кај филозофски)и седат во Пелагонија, па пешки си одат постојано на факс и не се пожалиле до сега.
     
  4. marija2222

    marija2222 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    студентскиот стив ти е најблиску до филозофски факултет нема потреба од автобуси затоа што е негде околу 15 минути пешки позз
     
  5. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Во студентски не му ја секираш за сметки за вода струја и сл,ама има галама од собите,па неможеш да учеш на раат,ако немаш блиски со кои да си во соба,може да се паднеш со некои девојчиња кои имате тотално различни навики,мислења и сл. и нервози еден куп има.Ама ако ти се погодат цимерките и ако си бараш друштво повеќе,нема да ти е лошо ни во студентски. На гости ово оно,ќе си помагаш за учење ако има и колеги твои таму,може да биде доста забавно. Само да си со девојчиња истомисленици во соба. Ја би советувала една година во студентски,нека си проба среќата,нека си запознае повеќе луѓе,да си направи пријатели,или ако веќе не и се погоди да извлече некоја поука. Зависи и од девојчето сепак,дали е одена за друштво и забава или за учење ;)
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Еј, абе не е толку лошо во студентски :) Се е до навика.
    Јас веќе две години како седам во студентски а планирам и наредните две. Супер ми е, што би се рекло пари да ми даваш нема да седам во стан.
    Како прво, не е точно дека во студентски нема место и време за учење. Абе кој си учи си учи, тука нема спорно прашање. Како што сум запознаена, во сите студентски има читални, освен во Стив, а јас баш таму престојувам... Решение се наоѓа - преку ден може да се оди во читалната на земјоделски или шумарски која е ептен блиску до домот и работи до 8 часот. Во соба со заеднички договор со цимерките се наоѓа решение. Некој спомна галама и слично - во машката зграда да, ама во женска е прилично тивко. Од оваа гледна точка, можам да кажам дека нема проблем. Еве чисто колку за пример, јас веќе две години, а сестра ми четири како сме во Стив, па испит немаме паднато, ќе додадам дека и не сме на лесен факултет а и просекот ни е доста солиден (над 9).
    За хигиената, ќе кажам дека колку си ја одржуваш собата толку чиста ќе ти биде. Вецињата малку се проблем, ама и на тоа човек се навикнува. Проблемот е во тоа што од четири-пет вециња во просек функционираат две, а и во нив ретко во кое се пушта вода. Ама затоа пак, ни ставија огледала :lol: Од бањите сум задоволна, речиси секогаш има жешка вода.
    Струја и вода трошиш колку сакаш и притоа не мораш да се грижиш колку ќе дојде сметката за струја. А кога веќе е гага - струјата се троши на големо :D Од дома можеш да си донесеш греалка, телевизор, фрижидер - фала богу собите се доволно големи. Ова е голем плус, затоа што кај нас во студентски нема зима. На -10 степени надвор, ние внатре се шетаме по куси ракави :)
    Не да е ефтино, во студентски дом е преефтино. За 3300 денари, добиваш место, и јадење плус :!: за 4000 бона - тоа во пари би дошло околу 2000 денари. Јадењето е добро, само некој ептен прибирлив што дома го хранеле со од пиле млеко, може да каже дека не е убаво. Имаш и менза и бифе - и фала богу изборот е голем. Во бонската пак донасаат сокови, благичко, шпагети, макарони итн. и по нешто за лична хигиена - тоалет, сапун, па и за тоа пари не даваме. А има ли нешто поубаво од тоа, после напорен ден на факултет, да не мора да се мислиш што да зготвиш - едноставно си имаш готово јадење од 7 сабајле па до 8 навечер. А никако не смееме да ги занемариме и баничките од кај тетка Верка (ова за Стив се однесува, кој бил знае) :) која работи цел ноќ.
    Друга предност на студентскиот дом е тоа што никогаш не си сам. Цимерките и да си отидат за викенд - тука се комшиите.Стекнуваш многу пријатели, се здружуваш со комшии, има меѓусебно дружење, помагање, позајмување. Леб да немаш, а ноќеска да ти се пријаде, секогаш имаш од кого да побараш.
    Ќе додадам и дека, дружењето и животот во студентски дом е незаменлив!
    Е сега, ако не ти се погодат цимерките, навистина е проблем. Ама и тој не е нерешлив. Донекаде дозволуваат да си се групирате по сопствен избор, на пример 3 другарки, само треба одеднаш сите да отидете кога земате соба, фино лепо ги замолуваш овие од сојузот да ве стават во една соба и готово. Ако случајно се паднеш во соба кај што не ти одговара-одиш кај управничката и веднаш те преместува во друга.
    Гости е дозволено да носиш, ова со сигурност знам за во Стив, а сум спиела и јас во Гоце кај другарка повеќе пати и никој не ни правел плоблеми. Не се води евиденција до толку и секако дека може и дечко и сестра или братучетка да преноќи кај тебе и тоа повеќе денови. Нема проблем.
    А за тоа што спомена некој дека се пуштале муабети, се оговарале девојките во студентски ќе кажам дека тоа го има секаде ако постои причина. Ако не им даваш повод не знам зошто некој ќе зборува за тебе невистини. ;)
     
    На LovelyGirl, Ognenija, mysterious и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. renne

    renne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    19
    Mислам дека прашањево не ми е баш за тука ама...
    Сакам да прашам каде
    -точно се наоѓа Стив,
    -колку пари е месечно
    -колку кревети има во соба
    -греење дали има за зимата :D
    -каква е храната :pizza:
    -уствари се :D
    П.С не сум од скопје ;)
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.320
    Пол:
    Женски
    Девојчето над тебе ти одговори баш на сите прашања, разлистај прво па потоа прашај, а јас погоре имам пишано каде е точно Стив.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. taznatajbg

    taznatajbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Бидејќи си седела во Сениќ,ќе можеш ли да ми кажеш нешто повеќе за него,бидејќи за тој дом сум најмалку запознаена а слушнав дека таму условите биле најубави и сега сум бруцош и се мислам дали да аплицирам таму.Па ако можеш да ми кажеш како е таму за да се одлучам до 22 август.Благодарам однапред
     
  10. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Имам живеено и во стан и во студентски дом .Ни двете не биле луксузи а не биле ни катастрофи.Дефинитивно сум за живот во студентски дом.(Во Македонија знам какви се условите,е тука не можам да гарантирам дали би одбрала студентски дом. :D )
    Едноставно никогаш не ти е досадно,шириш нови познанства,постојано се случуваат нови работи.Животот ти е како филм. :D
    Со еден збор интересно. :) Тоа се времиња кои ќе ни останат во сеќавање засекогаш! ;)
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Дефинитивно и станот и студентскиот дом имаат свои предности.
    Како студент сите години живеев во стан, но доста често бев кај другарки во дом, па можев колку толку да ги увидам разликите.
    Во стан е мирно, нема постојана гужва, можеш да учиш , да спиеш, да донесеш гости, да направиш забава, кога сакаш. Сето ова во дом е ограничено. Мислам дека никогаш нема мир, постојано некој урла по ходниците... Но, затоа пак дружбата е огромна, познаници, пријатели на секој чекор.
    Друго што би искритикувала во нашите домови, посебно во Стив мене не ми се допаѓа кујната, а и читалната(незнам дали е сега реновирана). Во кујната иако многу ќесто одев, зошто ми беше блиску сепак хигиената е на многу ниско ниво, скоро да ја нема. Читалната иако прва година ја поминав цела таму,неможам да кажам дека не ми сметаше мирисот на мочка од цевките , како и глетката кон зидовите кои беа страшно наквасени со вода ли беше, или од канализација па од нив мирисаше незнам да кажам точно.
    Единственото нешто кое е прекрасно во домовите е социјалниот живот и фактот што секогаш се има готова храна.
    Познавајќи се себе си , знам дека не би можела да живеам во дом, зошто најмногу внимание обраќам на вц-то. Значи доколку немам добри услови за хигиена јас не би можела да функционирам на тоа место.
    Студентскиот Гоце ми е многу морбиден, собите тесни, па тоа би била причината за да кажам НЕ таму, Кузман е добар, одлична место положба, а викаат дека е добра и кујната(мене не ми е пробана), за Пелагонија не би можела мнгоу да кажам, неколку пати само сум била, но викаат дека е солидно, добра читална, добро место за забава, а реално ни собите не се мали, имаат и вц, па секој за себе. Подобро 4 во едно вц, него цел спрат.
     
  12. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Ако не ти се погодат цимерките во стан може да ти биде полошо дури и од студентски, без разлика на условите. Верувај ми, сум искусила.
     
  13. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе пази за у стан си ги бираш цимерките така да од таа гледна точка по друго е , додека у студентски со кој ти дадат со тој.
    Ја сум ипак за стан оти у Дом нема некоја хигиена а ја не би можела ни да делам бања со уште 10 души , или нз шо .
    Стан си е друго се договараш со цимерки си чистите на смени, си има мир, си има хигиена и слично ...
    Е сеа стварно овие газдиве направија Кирија да е исто ко да зимаш стан под Кирија на Менхетен али тоа е ...
     
  14. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661

    Немора да значи. Секогаш можиш да направиш рокада. Или да се наместиш со некој кој го познаваш, како тебе ти одоговара така.

    А инаку,ај еве за Стив и за Кузман не, бидејќи вецињата се на спрат, но во Пелагонија и во Сениќ, вецињата се во соба, исто како што ни е и на сите дома, со шолја и со туш кабина и со лабаво и со сите тие работи, така да колку ќе ти биде чисто, тебе ќе ти биде чисто. :)

    И една порака до Меу. Верувај ако едино нешто убаво во домовите беше храната и социјалниот живот, никој немаше да седе во студентски. ;)
     
  15. marija2222

    marija2222 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    не сакам никој да критикувам или да се спротивтавувам секој си има свое мислење ама едноставо не можам да премолчам јас седам 3 години во студентски и тоа со муабетите за нехигиена не е точно воопшто со вашите муабети буквално изгледа дека сите кои седат во студентски се нечисти и незнаат да одржуваат хигиена,урлаат и слично дефинитивно не се сложувам.Работава излзезе дека тие што седат на стан се многу чисти,совршени или кон што целат некои особи? јас стварно не разбирам како може да осудувате на таков начин.Се знае дека кај и да си дали во стан или студентски ти ако си одржуваш хигиена ќе си ја одржиш.А имам и одено во мензата и во студентскиот стив не е точно дека не е хигиенски можеби некогаш било но сега не е.А кај е да си ако учиш и ако си отиден за да завршиш факултет ќе учиш и има услови за тоа.Јас 3 години имам 8,7 просек што мислам дека е супер.Се извинувам некој ако мисли дека му се хејтам ама тоа е моето мислење и искуство.поззз
     
    На Unfaithful18 и mysterious им се допаѓа ова.
  16. smiley16

    smiley16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    51
    Јас сум дефинитивно за стан, некако послободно се чувствуваш.
     
  17. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Јас живеам во Скопје, а тука и студирам али 90% од колегите ми се од провинција и буквално се пола/пола така да сакам само за едно да прокоментирам.
    Прво, за во стан си ги бираш цимерите точно, ама ти тие цимери ги знаеш од кафиња, искачања, можеби школо, или другари од маало. Олеснителна околност е ако сте биле заедно на одмор па горе-доле отприлика знаеш минимално како тој/таа се однесува во заедница. Не можеш да знаеш дали тој човек ќе сака да си ги измие садовите, дали ќе сака некогаш да избрише прашина, дали ќе ја исплакне кадата или туш-кабината после туширање,дали ќе има осет ако го замолиш за малце тишина итн. Еве мој колега така си ги изгуби најдобрите другари, од деца биле заедно, заедно во стан една година и сега очи не сакаат да си погледнат. Сите со сите се скарани буквално. Така да и за стан не може да се каже дека знаеш со кој ќе бидеш! Освен ако не си со брат/сестра па да знаеш точно што како ќе биде.
     
  18. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    ^^ Прво правило за седење, било каде дали во стан или дом.

    Никогаш, ама баш никогаш не седи со твои луѓе, со најдобри другари. Секогаш муабетот е ее, нема шанси тој/таа да ме заебе, таа не е таква, не бе нема шанси , а уствари излегува скрос спротивно. Има милиони примери како твоите, најдобри другарства да се растурат, затоа што ти мислиш дека ги познаваш своите другари али уствари не го познаваш човек додека не си со него од сабајле до вечер и од вечер до сабајле. :)
     
  19. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Е заради ова реков дека дури и во стан може да ти биде полошо отколку во студентски. Бившата ми цимерка ја знаев цели 4 години, заедно учевме во средно, тогаш беше супер девојче вака од страна. Ама потоа се покажа, садовите не си ги миеше, креветот и го местеше дечко и (што кај нас беше 3 од 5 дена во неделата), доаѓаше и мојот ама повеќе јас одев кај него, се договоривме да не се пуши во собата, а после испадна дека и двајцата пушат и си пушеа како турци :lol: Шкафот и беше лом, значи не знаеше за средување. А оваа што ми е сега, си има и таа свои моменти, на пример понекогаш знае да остави пења од сјајот на садовите, па јас ќе ги премијам, ама има добар карактер и е добра другарка, за разлика од претходната. И карактерот игра битна улога, дали ќе се согласувате или не. Ама на грешките се учи :D Ајде уште оваа година, ќе издржиме ;)
     
  20. Olgica22

    Olgica22 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    A vo koj studentski dom bese??? :)