1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стан или студентски дом?

Дискусија во 'Образование' започната од mystic92, 28 мај 2011.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Значи се зависи од човек до човек. :!:

    Јас сум таков тип, што кога завршува работниот ден, сакам да си дојдам дома, да си поправам рекла-казала муабет од пола саат, да јадам, и да седнам да одморам на раат и во тишина. Нели, тишина мислам на тоа дека комшијата нема звучник од метар и пол што кога е вклучен, мене ми се ниша лустерот. :D Сакам да си имам мој мир, не сакам да имам автобуска станица во домот и ми треба малку time alone, затоа што ете, таков човек сум, така сум си научена. :lol:

    Не сакам кафе-пиенки во секое време од денот, си се знае кога се пие кафе, кога се имаат гости, кога се излегува и кога се учи... исто многу битно, КАДЕ се пуши и каде не се пуши. Јас почитувам туѓа желба за мир и раат и за возврат барам и мојата да се почитува.

    Е сега, ова сум значи јас. Јас во студентски НЕМА да издржам, ама никогаш. Викајте ме разгалена или не знам каква, јас сум таква и точка. Подобро ќе патувам, неголи да седам во студентски. Начисто ќе се збрлавам, верувајте. Не викам дека во становите не можат да ти се погодат некои терсен, ама со самото тоа што во станот имате БАРЕМ малку повеќе простор за движење, во смисол на соба или две повеќе, веднаш е подруго. Јас ќе збрлавам со четири души, во четири ѕида. Како што се разбудувам од секакви звуци и незвуци, око нема да склопам, и мислам дека ден по ден, се повеќе и повеќе ќе ги губам живците. :devil:

    Ама тоа сум јас. :!: Имам колешка која е таков тип, и одговараат гужви, галами... Годинава седи во дом, лани во стан, и вика дека жали што лани седела во стан! Ама таа е таква, не и смета ако некој пуши каде што треба вечерта да спие (извинете, ама не почитувам пушење каде што се спие :x ), не и смета ако сијалицата е запалена додека спие и некој над неа пие кафе и играат карти, не и смета што треба да слуша музика од трети или тоа што насабајле ѕвонат минимум 5 аларми (сосе снуз :D ), не и смета никаква галама, не и смета некој да и пее до 5 сабајле, а да треба наредниот ден да полага... едноставно си е искулирана, или навикната. Јас не сум искулирана и така нема да можам да функционирам, ама ич.

    Значи сепак зависи од човекот. Многу е битно да се пронајдете каков човек сте. Е сега, ако се нема избор, тоа е што е, нема простор за дискусија. Правев некои математики, каде е поисплатливо, и заклучив дека ако седам во Пелагонија (го спомнувам,затоа што некако ми е најасален од сите), јас сум во ќар 500-1000 денари месечно. Епа, да, имаат и јадење во тие пари, ама не сите и не секогаш јадат, сите си поткупуваат нешто плус, а во стан ако јадете заедно со цимерите, е далеку подобро. Не се малку, ама од друга страна за тие пари, си имам мир кој во ниеден студентски го немаат и не можат да ме уверат дека го имаат.

    За хигиената и јадењето и учењето, не би да коментирам, затоа што сето тоа е ствар на договор и желба, барем од тоа што јас гледам, и таму и таму има и гладни и најадени, бањати и небањати, и положени и неположени. ;)
     
    На DeMelo и Mishela им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас сум 3 години веќе со истата цимерка. Седиме во Гоце, а Гоце е мирен студентски. Гужви и галами во овие 3 години дали имам еднаш-2 пати дочекано, инаку е мирно, понекогаш и претерано мирно. Цимерка ми пуши, не по многу ама сепак пуши. Ама никогаш не пуши во соба, ни таа ни гости, без разлика дали се мои или нејзини. Едноставно, не сакаме да ни се пуши каде што спиеме. Јас не би седела во стан. Тука ми се повеќето колешки, и да ми треба нешто можам да претрчам и да си земам. А за пресметките Дузи, не знам како ти излегле така, ама по моите без +3000 никако нема да поминеш на стан.
     
  3. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Се сложувам потполно со Дузи и jас сум иста личност во тоj поглед, не сакам постоjана галама, гужви, а нешто што наjвеке ценам е правото на приватност.
    Живеев со цимер и цимерка, цимерот си имаше своja соба, ние со цмерката своja плус дневна па некогаш и да сакав време за сама себе или небев располжена за друженюе си имав своj простор на страна, иако jaсно беше дека се знае кога е време за ученюе се учи, сесиjа нема гости, пред да доjди неkojсе наjaвува, журка се прави кога на сите ни одговара и сето тоа во наjголем дел се почитуваше.
    Студенскиот во никоj случаj не може да ти го даде комфорот коj го имаш во станот, според мене неспоредливо е па никогаш не ни сум го помислила како опциja, но секоj e разлличен карактер.
    Ахх ми фалат тие денови и не залудно кажано коjне проживеал студенски живот како пола живот да не живеел. :)
    И син ми кога ке доjде време да даде господ да има можности, а и да е танко се ке сторам да студира надвор Бугариjа пр има добри фалкутети, jaс го разгледував како опциjа, но сепак се закачив за Скопjево ни наше и тука и останав.
    Така да зависно каков карактер сте jac деф сум за стан од секоj аспект. ;)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Јас сум живеела у нешто слично на дом, освен тоа што имаше многу врева, хигиената беше на завидно ниво и храната у менза многу добра. Не пребирувам многу, имаше секој втор ден манџичка со некое месо и салатичка. Не морав да вложувам голем интелектуален напор но морав да бидам одморна за физичка работа па сепак поминував добро. Пред се е евтино и треба да се исористи таа предност на давање малку пари затоа што кога ќе помине време ќе сфатите дека сте потрошиле многу пари на кирија стан а немало никаква потреба од страв дека нема да си поминете добро ако сте во студентски. Навистина ќе стекнете многу пријателства што ќе ви се најдат за цел живот а тие што идат у станови или у куќи имаат ограничени пријателства затоа што на крајот на денот доаѓаат у една соба повторно. Никогаш не можете да сте тажни во друштво кое е секогаш спремно да ве орасположи и да помине време со вас а у четири ѕида...
     
  5. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.786
    Допаѓања:
    4.821
    Пол:
    Женски
    И двете опции си имаат свои маани и предности.
    Јас догодина ќе треба да бирам и повеќе сум за студентски. Сакам да заштедам нешто и би морала да се грижам за еден оброк само, не ме бива за готвење. Друга работа, струјата и водата ти се вклучени во цената, ќе има парно, а на стан ако нема парно-со дрва е потешко за снабдување, или со греалки.
    Во стан, јесте имаш повеќе соби, ако не ти годи да седиш ќе си отидеш во друга соба, а во студентски нема кај да избегаш.
    Мислам дека зависи од цимерките. Ако ти се погодат или се разбираат од збор, да се има некој компромис би било добро и на двете места.

    Сестра ми беше прва и втора во студентски, трета отиде на стан и во четврта пак се врати во студентски.
    Ај прво матура да положам и на факултет да ме примат па ќе му ја мислам. :)
     
  6. tweety88

    tweety88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    23
    Изнајмувам апартман за сместување (се работи за цел спрат од куќа со три соби + кујна и купатило) во Центар (кај ВИП Хотел), во близина на факултетите на УКИМ. Ако некој е заинтересиран нека пише ЛП.
     
  7. Philsoph777

    Philsoph777 Нов член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Zdr sega planiram da se zapisam na opsta medicina dali mislite deka odenjeto vo studentskiot dom(pokonkretno Kuzman) bi bil dobra opcija za student po med? I ako moze nekoj sto prestojuval tamu da mi gi kazi kakvi se uslovite,sobite dali se po 2ca cimeri ili poveke,cenata....?
    Blagodaram odnapred
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.161
    Пол:
    Женски
    Јас веќе трета година по ред престојувам со студентски дом но имам седено кратко и во стан со студенти иако тогаш не бев студент туку само гостин таму. Е сега, и двете опции си имаат свои предности и недостатоци.
    Јас, секако заедно со договор на моите дома, ја избравме опцијата студентски дом затоа што се помали трошоците, за нешто повеќе од 3000 денари месечно имам и храна и соба. Исто така, мене ми се допаѓа студентскиот дом заради дружбата, многу повеќе нови лица отколку кога седиш во стан. Проблемот е што хигиената не е на ниво на седењето во стан, а и во поголем број од студентските домови има едно веце на спрат и расипани туш кабини... Значи, во однос на хигиената и на мирот, станот е подобра опција, но претставува многу поголем трошок. Секој ден се трошат пари за храна, сметките и киријата си се башка. Јас немам дотолку пари за да престојувам во стан, за тој што е побогат не претставува тоа проблем, сепак знаеме дека поголем дел од населението во Македонија не може да си дозволи некој луксуз.
     
  9. DamnGirl98

    DamnGirl98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    382
    Пол:
    Женски
    Од септември ќе студирам во Скопје, е сега имам неколку дилеми.
    Прво стан или студентски дом?
    Ако стан, ксде можам да најдам понуди за станови?
    На што треба да бидам претпазлива при изборот?
    Ве молам да ми кажите лични ислуства или искуства за кои сте слушнале и ваше мислење, ќе ми биде од корист, ви благодарам однапред. :inlove:
     
  10. sara-fashion

    sara-fashion Нов член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Може ли нешто повеќе д ами кажете за студентските домови, посебно за Пелагонија и Стив, кој е подобар?
     
  11. Lady Lawyer

    Lady Lawyer Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво :)
    Јас би те советувала да одиш во стан ( секако, ако имаш можности за тоа ). Според мене, иако сум од Скопје јас би сакала после факултет да се одморам и да учам,а за тоа треба да имаш и простор и мир. Едноставно таков тип на човек сум, сакам мир и тишина.
    Стан не знам точно да ти кажам каде можеш да најдеш, но види на интернет каде што се продаваат/ изнајмуваат ствари ( пазар3 и сл ). Но, ако веќе одиш во стан, избери го на онаа локација на која тебе најмногу ти одговара ( блиску до факултет, на средина некаде.... ) или во согласност со цимерките.
    Како што кажав од Скопје сум, но имам слушнато разни мислења и искустава од студентски домови воглавном негативни како на пример цимерот/ката носи дргари/ки или партнери во соба ,а јас утре полагам, цимерите од другите соби многу галамат до ниедно време и се се слуша затоа што се тенски зидовите... А и условите во студентските домови се лоши, нема услови ниту за учење ниту за одмор ( хигената башка работа ). Сопред мене за учење мора да се оди во читална. Тука голема улога играат и цимерите. Ако ти се погодат и ако се слични на тебе можеби нема да биде толку лошо. А и во студентските домови даваат и оброци, па на тој начин ти олеснуваат. Но, сепак зависи од човекот. Има луѓе кои можат, а има и кои не можат да си дозволат стан... Што и да одлучиш со среќа !:inlove:
     
    На DamnGirl98 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Different7

    Different7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Вo студентски ги местaт тaму кoј сo кoгo ќе биде в сoбa или тие си бирaaт?
    Мoже сaм некoј дa биде?
     
  13. Lady Lawyer

    Lady Lawyer Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Мислам дека зависи во кој студентски дом си.
     
  14. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    Здраво, издавам стан во Центар, позади студентскиот дом Кузман, 84м2, 2 спални, сосема нов мебел и купатила. Едната спална е со еден кревет, другата со брачен. На 2 кат, со парно и лифт. Цената е 330евра месечно. Станот го има на metar2.mk и vrapce.mk.
    Поздрав
     

    Прикачени фајлови:

  15. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    Луѓенца :*
    Вака сега...се издава стан во населба Карпош на 4ти спрат Битола
    Реновиран со 2 соби мала кујна и балкон
    цена 100 евра
    за контакт ако сте заинтересирани пишете ми во инбокс ;)
     
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Со среќа во потрагата за студент што ќе си дозволи да плаќа 330 евра за кирија :hai: во германија или во македонија сме? И 3ца да седат, многу им се фаќа, 100 евра само за кирија, башка сметки и јадење.
    По студентски домови околу 3000 денари месечно плаќаат, вклучено јадење, пиење, спиење, парно, вода, неограничено дружење...а овде 330 евра за кирија.
    Супер се сликите и станчето, цакум пакум, ама среќно :cash: може од некој министер детето ќе ти се јави.
     
    На Oleeenka и Different7 им се допаѓа ова.
  17. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Гоце како е со wc? Во секоја соба или по неколку на спрат? И пелагонија исто ме интересира.. Не знам дали да го ставам прв Гоце или Пелагонија
     
  18. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    Становите се од 150е па нагоре, 330 многу е, освен ако некој бара луксуз.
     
  19. паралелограмче

    паралелограмче Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2022
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Дали Мичурин и Аеродром се добри места за живеење сама како студентка во стан? Сум живеела во Црниче и Центар, а имам малку прошетано и низ Аеродром, не знам многу за Мичурин. Безбедни се?
     
  20. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.348
    Пол:
    Женски
    Ако не се движиш навечер многу, да.. Тоа Мичурин е позади Железничка, таму ѓупци се собираат, околу железничката секаква багра на луѓе се збира, знаат да дофрлаат, мене неколку пати ми имаат дофрлано.. Би рекла дека по безбедно е околу Тобако два, тој дел кај Мајчин дом, Јане Сандански поликлиниката што е, ама па галама има многу кафичи особено кај Тобако 2, и тоа навечер особено..
     
    На паралелограмче му/ѝ се допаѓа ова.