И јас така нешто. Инаку можеби вистина каматите што се плаќаат на банките се огромни и некој пишал исто ти се фаќа парите ќе ги фрлиш секако. Да, парите ќе ги фрлиш ама во случај ако си зел кредит станот ќе ти остане сепак, ќе имаш нешто да оставиш на децата, на крајот на краиштата ќе имаш нешто свое. За разлика од киријата каде цел живот ќе се префрлаш од стан во стан што е стрес и за себе ама и за целото семејство. И на крај немаш ништо, како да живееш од денеска за утре. Лошо е што кај нас не може секој да си дозволи да земе кредит, затоа што има луѓе кои живеат со една плата од 12-15000. Тие немаат избор и не знам како преживуваат, но не плаќаат рата од 200е за стан туку живеат негде понастрана во едно собче кое го плаќаат 3-4000ден.
Па и некој што е во брак и во има семејство, е неспособен децата да ги изхрани, да направи нешто за нив, да ги воспита така како што доликува, да можат самите да се снајдат во било која ситуција, да знаат како да се одбранат од секакви проблеми, да разговараат со нив, и да знаат кога е време да се молчи кога ќе станат возразни и да не сеуште ги разгалуваат. Некој треба да биде спремен и да сака да оформи семејство, и пред се да биде сам оформен како човек и способен, а да не биден влечен за јазик за тоа зашто да биде сам, да му ствара притисок и ред други работи, само затоа што нели околината така му вели. Ќерка ти сакам некој ден да ти дојде и да ти каже, мамо се продавам за 20 евра,
Е ако де, што ако живеам. Не се срамам од тоа. Напротив, се гордеам што ете, можам да си дозволам сама да живеам во стан, па макар и под кирија, и да си го купам раатот. Туку, ме потсети на една приказна. Седиме кај една жена, и ќерка ѝ си купила стан. Оваа се испофали колку чиста била ќерка и, како и требало една недела да го исчисти купатилото само и почна да ме распрашува што/како. И кажав кај живеам, дека сум среќна со станот, дека убав ми е, блиску ми е, дека ептен ми е погодено. Жената немаше веќе што друго да се пофали, а пусто ја јадеше, и одма ми се фрли: "абе, толку мала плата земаш па не можеш еден стан да си купиш?". Друго не ми остана освен да се изнасмеам. Така е секаде, ако човек не се жали од ништо - сигурно ништо не постигнал сам. Не може да постои среќен човек. таман работа некој да каже дека ништо не му фали, очи ќе му извадиме.
Заминавме од Македонија затоа што почнавме со маж ми да размислуваме за иднина. Со платите кои ги имавме можевме да си дозволиме кирија да плаќаме и сметки. Тоа не е живот тоа е преживување. Имале нашите да ни помогнат, но бе сме сакале. Таа помош добро ќе ни дојде во иднина. Сега сме млади може да заработиме сами. Да земевме кредит требаше голем дел од парите да идат за кредит, а за тоа време да живеам со свекрва и свекор. Иако сме во најдобри односи, за да и остане така си заминавме. Овде живеам под кирија и за членката што не и јасно, да и објаснам. Плаќаме кирија, сметки, излезени сме, дотерана сум ( не шетам парталава), и ми остануваар пари на страна. Да ти кажам работам 8 часа со 1 час пауза. Овде сега да се јавам во банка, кредитот ќе ми биде одобрен. Многу тука имаат подигнато кредит, купиле стан во нивната земја и овде работаат и го отплаќаат кредитот. Ратата за кредит не ја осеќаат. Во Македонија за да плаќаш кредит трева минимум да земате 1000 евра месечно. Затоа што не е само кредитот да се плаќа, треба да и да се живее. Иако не се сложувам со членката и тотално ја игнорирам, последнава реченица е многу низок удар, не мора сите да се спуштиме на нејзино ниво.
Ќе си рачунаш дека и да не можеш, цело време кирија си плаќал Значи ако го изгубиш живеалиштето, пак си на исто како и кирија да си плаќал
Ја не знам од каде размислувањето дека тие што живеат под кирија под дифолт нешто им фали, не се среќни и башка “немаат што да им остаат на децата”? Ал сте арни ал не сте со вакви размислувања? Цел живот во моја куќа, потоа во стан живеев па никогаш вака не размислував за оние што се под кирија. Не знам зошто мислите дека секој има за цел да купи нешто. Јас знам луѓе што живеат под кирија и пак имаат нешто во банка што ќе остават на деца. Ни ја не планирам спрат за син ми, кога тој “спрат” може да седи во банка, па тој да си го искористи како што ќе си сака, чуму да врзам дете за ѕидови кога можам да му дадам крила? Јас сум скроз ок и цел живот да го поминам под кирија. Битно ми е со маж ми да си продолжиме како и до сега. Нит папирот од стан/куќа, нит киријата можат да купат љубов, сигурност, разбирање, раат. Многу сте површни некогаш.
Не, не сме мрднале подалеку од Блаце ебаго. Не знам со каков народ ти живееш, и со каков народ се дружиш, ама ако ти си “ја наредила“ со раѓање и мажење, нека ти е со среќа, а не туку да млатиш слама како кучки и мачки шетале (да, оти нејќат деца да шетаат можеби, што е нивен избор, како што децата се твој), живееле под кирии или пак во замоци... абе ајде. Има луѓе со сериозно образование, кое пак е ретко и барано, и тука, и во Африка и во Лондон и кај сакаат ќе работат оти се барани. Ако ти не познаваш такви, не значи дека не постојат. И кучиња, и деца, и мачки шетаат, и можеби посвојуваат а не раѓаат, и прават што си сакаат со својот живот!
На секој човек различно животот му мава шамари , а заедничкото ни е - егзистенција. Во ебанава Македонија , голем % од луѓето се мизерни ( не по своја вина ) и преживуваат секој ден и тоа е жална слика која ми предизвикува само фрустрација. Мојот план понатаму е да си креирам сопствено живеалиште и да си го купам со мој кеш! Позајмици од гадните банки во некои јадни колективни станбени објекти не ми иде во прилог. Ќе се шлепам со кирии до кога можам, а за понатаму да сме живи и здрави. И дај смирете малце хормони ... знам дека е гадно во калта , ама не мора да си вадите очи ради егоизам!
Не значи дека ако сакаш да му оставиш стан на детето ќе го врзеш за станот, детето утре ако сака да оди на друго место може едноставно да го продаде станот и пак да оди. Ти ако имаш доволно пари остави му и во банка. Јас лично многу поубаво би се чувствувала кога знам дека живеам во нешто свое и никој утре не може да ми дојде на врата и да ми рече имате толку време да се отселите и пак да барам дом и се да префрлам.
Јас не правам куќа за “да оставам на деца“. Туку за себе и свој ќеиф. Нешто што секогаш сум го сакала. Живеам во куќа, ама таа не е моја, на моите родители е А сакам своја. И ете, пола живот ја планирам, не за да оставам наследство, туку за јас да уживам Може е површно, не знам, ама ... желби.
Па и детето утре може да ти рече не сакам да живеам со тебе ај да го продадеме станов за 2 помали, па пак да бараш дом да се префрлаш. Никаде не реков дека ако имам да му купам посебен стан ќе го врзам. Со тој стан може што сака да праи. Ама и те како ќе го врзам ако му доградам спрат над мојот, а нема да имам да му дадам кеш, тука не би ризикувала. Не читајте како ви одговара. @CameliaMiller имам 26 години искуство во куќа, плац 700 м2, од кои 4 години тоа беше само на мене остаено. Сега и на подарок да ми даваат нема да прифатам, ама за ништо на светов. Ама тоа сум јас и за себе зборев. Не знам зошто воопшто се најде засегната особено во последниот дел.
Се надоврзав само. Исто цел живот во куќа живеам и кај дм имам проблем и да преспијам, тој во стан живее. Ај тоа е муабет куќа/стан, неважно, пак викам, не секогаш е ради "да оставам нешто на децата", некогаш се лични ќеифи. Куќата и дворот на моите ми се 100% искористени, не мислам дека се вишок или дека се плус обврска, ваљда оти сите уживаме во градење, декорирање итн.
Абе аман, што очекувате од жена која не се бања за време на менструален циклус и жена која за некој си пријател на маж и мисли дека и прави црни магии со фрлање на сечена коса у кола и сјај за усни? Туку темава ми е одење од една во друга крајност. Оние кои немаат пари да купат стан/ изградат куќа или немаат пари за учество и кредит живеат под кирија, ете толку е едноставно. Да бидам поконкретна, возрасни личности кои имаат стискавец да се одделат од сукњата на мама. Ама дека кирија е посреќно решение од живеење со свекор и свекрва/ баба и дедо - дефинитивно е. Не знам дали постои личност која има доволно кеш за недвижнина а сепак живее под кирија. Можеби само личност која планира да се сели за брзо време. Ако имам доволно пари да купам стан/ куќа и моето име да стои во имотниот лист, не гледам причина да не го направам тој чекор, макар изгубила одредена сума во случај да треба да ја продадам и да заминам некаде.
Па јас зборев за оние кои коментираа дека градат за уште нероден Петко, а не дека ним им е желба. И нас дворот ни беше максимално искористен. Посебни паркови со трева, посебни парцели со цвеќиња, немаше овошка што ја немавме, плус и бавча. Беше уживање се додека со тек на време не прерасна во кратење од други работи кои можевме да ги имаме, а мораше да се одржува дворот, подрумот, шупите, куќата приказна сама по себе. Лисја не можеа да се дометат, цел ден да се шиша тревата, тоа што цело време нешто треба да се доправи и поправи, се фрустрирам од само што мислам на тоа. Може да беше помало место ќе имаше и помалце работа и помалце трошоци, ама моето искуство е такво. А реално не можеш да имаш се. Добро сеа, некој сепак може, тоа не беше во мој случај. Константни обврски кои мораше да се покријат, на сметка на други работи. Повторно да бидам роб на градина не фала. Сега други ми се приоритетите и уживањето ми е насочено кон луѓето.
Јас пак и разбирам купување станови со цел да се остават во наследство, конкретно пример - еден комшија, со ок работа, ок примања, жена невработена. Живееа во 60м2 сосе старите. Како и да е, добија наследство, со тоа наследство го купи првиот стан. Го издаваше под кирија долго, можеби 10 години, меѓувремено парите од тој стан не ги трошеше, туку со време собра доволно во кеш втор да купи. После беше полесно, со два стана под кирија, купи дуќан Па се пресели во станот со семејството, а дуќанот и др. стан ги издаваше... и така до ден денес прави. Си купи и куќа меѓувремено, и таа ја издава... И фактички живеат и повеќе од добро, луксузно дури, само од кирии, бидејќи денес веќе има 2-3 дуќана само, а тие секогаш носат добри пари од кирија. Од друга страна, градење куќа на 3 ката, за синовите да имаат каде снаи да носат, ми нема резон и ми нема логика и не би правела јас така. А дека куќа и двор си бараат време - си бараат. Моите можеби и премногу имаат направено и знае да биде захтевно, јас сакам трева, по некое дрво и летниковец еден. Сериозно никаде не се осеќам подобро него во двор, посебно што живеам во многу мирна населба, мува се слуша да прелета. А во стан... мене барем ми е... како да живеам во колектив. Сите ги слушам. И не можам раат да седам, цело време како на трња сум, како некој да ме гледа, а самотњак во душа сум
Лично сметам дека инвестирање во недвижнини е многу добра идеја од тој аспект што го опиша. Живеам на атрактивно место, каде туристи има преку цела година. Па кога би имала пари секако би купила станови и би ги издавала. Дури и да живеев во Македонија. Ама ете не ми иде да речам за да им останат становите на деца да има каде да живеат, туку повеќе би било семеен бизнис. Не знам, ете јас не можам да кажам ова ќе го купам за детето или ќе доградам спрат за детето, кога за 20 години од сега јас не можам ниту да претпоставам што тој би сакал и кои би му биле желбите. Помило ми е да имам кеш на сметка на тој спрат, или ете повеќе станови за да избере еден или да продаде, за да не мора да прави математики. Нас куќата не ни беше искористена. Првиот спрат имаше се што ни треба, па немавме потреба од втор, а имавме втор. Знам дека самиот поим куќа ме фрустрира иако е широк поим, и веројатно да сум имала само зелено паркче со по некое борче, животот ќе ни беше на сите дома значително полесен. Ама нас куќата ни отежнуваше многу, оти едноставно не се постигаше. Мислевме дека ќе ни фали, ама откако се преселивме во стан се преродивме. Секој со своето искуство.
Станот е наш, моите го земаа 25 години на кредит, имаат уште 15 и е претешко, ама е наше. Многу луѓе што ги знам имале рок од 1 месец да се преселат поради тоа што биле под кирија а сопствениците решиле да го вселат синот или да го дадат на др. кираџии. Не е тоа лошо, нивнo си е. Ама цел живот да се влечеш низ цело Скопје, детето да ти менува училишта секоја година е лошо и верувам дека никој не сака така да живее. Не дека се за осудување тие што не вложиле во стан, може немале пари може така си сакаат. @marchi-cool Ти рекоа и други, ама морам и јас да кажам. Да претпоставуваш дека ширеле нозе на претпоставени или дека се бедни, само затоа што живеат поразлично од тебе, е ниско и злобно. И јас сакам за 20 години да имам семејство и може да се каже дека тоа ми е најголема желба, ама не ми e единствена цел. Ќе студирам, ќе се вработам со свој труд и пот, ќе дадам се од себe да бидам успешна. И знаеш што? Ниту се моите директори, ниту планирам да ширам нозе.