Прашањето е финансико/економско, не емоционално. Треба само на гугле да се направи с'рч price to rent ratio. Резултатот ќе биде зачудувачки.
па не е единствена. Освен тоа нели ете е далеку поднаодлива од многумина,и ќешки. Нека и е убаво. Затоа реков милион пати дека никому не му е лесно. Па и да не е под кирија и да е во свој дом ќе се најде некоја друга мака. Не им цути на никој. Ни на тие што се директори. Маката на друга страна ќе им излезе. ехе... Кај нас ситуирани луѓе имотноспособни парајлии па на крај жената се самоуби а мажот заглави во коцка долгови и сиот имот им го конфискуваа. Да не навлегувам во детали. секој со своја мака. Членката ако има да каже нешто во врска со темава кирија или кредити ок инаку до задутре можеме да се напаѓаме и тоа за џабе зашто сепак некаде мислењата нема да ни се совпаднат.
сабајлево сакав да се уклучам о во друга тема да си кажам ама еве овде ќе пишам. Значи недај боже некој да има проблем па да побара совет на форумов. После 10години низ нос ќе му го извадите на некоја друга тема. Еве пр. @baba Rada (извини ти како поатрактина те ставив како пример) да се пожали за некоја посериозна тема. она мора да си направи нов профил зашто инаку сите ја знаат и на улица да ја сретнат ќе ја осудуваат а камоли овде. Некоја се пожалила за тоа што бракот и бил пред развод. Абе на друга тема очи ќе и извадите ако таа поминала низ таа фаза и застанала на свои нозе. Јас може вчера сум имала некое недоразбирање па сум побарала совет и мислење сега кога барам мислење за насловот на темата вие ме враќате години наназад а сум дипломирала сум средила семејни односи сум изгледала дете сум нашла стабилна работа.... И сега оп... Пак сум таа што имала проблеми. Не знам што повеќе да речам,многу од вас ме разочаараа со коментариве ме натераа да нападнам луѓе да излезам надвор од тема,направивте конфликти недолжни споменавте си се пронајдовте во пишаното па се извадовте и што ли уште не. И на крај мене треба да ми е срам...
па сите исто не можеме да живееме. Не се тие бедни зашто живеат различно од мене,си одбрале таков начин на просперирање ништо страшно,има и такви и сигурна сум дека и ти познаваш. И не се бедни, нивна работа нивни живот. Мене само не ми се свиѓа тој стил друго ништо не реков
Кои години наназад? И да, треба да ти е срам затоа што осудуваш, напаѓаш жени, понижуваш. Ова не е провокација? На никој не смее да му е убаво, а штом му е убаво, без грижа - ќе му стане неубаво. Ова со муабетот? Мислење на темата си кажав, ти се фати за 20те евриќи. Да, може имам уште малку па 30, немам ни маж ни деца, ама сум далеку поголема жена од тебе. Ако ништо друго, барем не навредувам жени затоа што живеат различен живот од мене. И да, уште еден скандал направив, на прв ден добиено се истуширав вчера
не осудувам не потенцирам никого поединечно споделувам мислење или не... Сите се чесни?? Не осудив,реков секој има различен начин и стил на живот,мене не ми смета само не ми се допаѓа. не е провокација,мислење е. Некој полесно некој потешко се снаоѓа во одредена ситуација. Мислам ти полесно ќе се снајдеш и ќе се справиш. Се на лошо ве тера,ако подразмислеше ова ќе го сватеше како комплимет а не како провокација,напротив уопште не помислив на лошо. не е тоа муабетот. Мене не ми менува ништо среќата на другите и ќешки на сите да им е убаво. Ако некому му стане лошо мене нешто ќе ми смени? Не. не се фатив јас членовите со коментарите си бараа и им одговорив. Некој и без пари нека се дава ако сака нивна работа. не е се во мажот и во децата. Кој кога сака си се мажи и си раѓа. Мене ништо не ми менува што имам маж и дете. И да имам и да немав исто ќе ми беше,пак јас ќе бев јас и ќе живеев ко досега. навреди и се запна за мене и за сите што мислат како мене. Твој живот твое мислење.
Премногу претерувате и се опседнувате со некој што не се согласил со вас. Едно е да дадеме мислење и да не се согласиме, а сосема друго е да копаме по туѓиот живот на членот со кој не се согласуваме само за да му наштетиме. Пола форум не се согласува со @marchi-cool и тоа е тоа. Нема што понатака да се должи тоа и да се употребуваат ниски удари.
јас не очекувам некој да се согласи со мене. Очекувам да сподели свое мислење. Ако некому му се допадне нека прифати ако не ајт со здравје. А тие што немаат исто мислење со мене ок,секој на свој начин,не сме овде да се убедуваме. Тотално ја отидовте со темава. Се согласив со марта за една работа и вие одма јас не чинам.
Луѓе дај секој да си го избрише своето мислење кое нема врска со темата. Со спомнување на странство и живот надвор несакав да предизвикам бура од реакции уште помалку да навредам некого кој има спротивно мислење од мене. До скоро и јас размислував дека не ми треба кредит и вложување во земјава и живеев под кирија надвор и во земјава. Со добивање на дете сосема го сменив мислењето и станав материјалиста. Сеуште мене не ми треба кредит и куќа но ја градам за моето дете. За утре каде и да лута да има каде да се врати. Па и нека ја продаде или подари на непознат ако не и треба. Но сметам дека должност на секој родител е да му остави нешто на своето дете односно на некој начин да му го олесни животот без оглед дали детето го бара тоа или не. Пак ќе речам ова е мое размислување кое немора да се совпадне со вашето. Во странство неможев ни да замислам да купам нешто цените се таму повисоки по m2. Секој си има свои планови за себе и своето семејство и тоа е ок. Но пак сметам дека кредитот е многу подобар избор од кирија без разлика на плановите. Инаку јас не памтам вчера што зборував со сопругот не па да памтам мислења од форумаши. Но тоа го прави слободното време .
Интересно во темава е што повеќето кои се за кредит за да купат или изградат куќа велат “барем на детето ќе му оставам нешто“. Барем да речат дека главна цел им е да си уживаат тие на свое а не на дете да имало кај да седи. Колку мислите вие да живеете?50години? Тогаш да и тоа како ќе им се најде инвестицијата. Во реалноста не би рекол дека е така. Повеќето мислам дека децата сте ги добиле меѓу 25 и 35 години, кога вие ќе имате 70-80 години тие веќе на големо ќе имаат свое семејство и потреба за дом кој би требало сами да си го створат бидејќи нели вие до умирачка ќе си седите во станот, а која снаа сака да седи со свекрвата?
Па нормално дека тоа немора ни да се спомне туку се подразбира. 70 год ли да живееме под кирија? А што ако детето е женко и таа еден ден ќе треба да биде нечива снаа која несака да живее со свекрва па да си има нешто свое да не ја вртка никој. Со станот е така имаш право никој несака во еден стан да се гужва но за куќа има опции за надградба доградба и слично. Ако не им одговарам да живеам со нив нека си прават кат и многу лесно можат да се одвојат. Или како опција може да дојде и продажба на куќата и купување на два стана. Недвижноста влече недвижност исто како парата пара,кога се штеди првите 500 евра најтешко се заштедуваат и крупнат,после е полесно. Мое мислење,немора да се согласиме !
Ме интересира ова болдираново, како е изведливо бидејќи многу лесно се пишува една куќа-два стана. Колку би ја продала куќата а колку би ги купила становите. Колку тебе те коштала изградбата на куќата за да можеш да ја продадеш колку што мислиш? Колку време би ја исплаќала таа куќа, колку би била рата, колку години? Кога ќе го напишеш тоа тогаш ќе речам дека ти е кажаното издржано со факти, овака можеше да напишеш и дека со продажба на куќата ќе купиш 3 стана . Еде а тебе и другите за 2 деца
Сериозен си дека од една куќа неможат да произлезат два помали стана? Да ако местоположбата на куќата е во приградска населба тогаш нема ни за пола стан во Центар. Ние џабе го земавме плацот околу 50 е за m2 во населба каде m2 e 70e. И карабината роднини ни ја изведуваа со минимална заработка. Плативме елаборат,комуналии,катастар ,приклучок струја вода канализација. Се другото сами. Бидејќи во иста фирма работиме моравме да се “покриваме” во куќата на смени . Јас кујната сама ја правев наместо да дадам 3000 е на мајстор потрошив само 1200 за медијапанот. Маж ми глетуваше,мачкаше со акрилно млеко,кречеше,ставаше гипс табли, лепеше плочки во бањата ходникот кујната ,лепеше ламинат и заедно ги монтиравме сите елементи во бањата. Регали немаме,направивме полици во собата која ќе биде гардеробер. Од мебел купивме само електрика, ТДФ, столици во трпезаријата (масата сами ја направивме за 7000 ден,во салон истата кошташе 15000) и тоа не е фуш,медијапан! Да речеме дека сме дале околу 60 000 евра комплет за се досега. Година ипол градевме сега уште малку се вселуваме со 6 месечно бебе. Бидејќи имавме нешто кеш од 4 год работа во странство и тука 3 год трчавме после работа пак на работа(хонорарно столарство) доста собравме и не дигнавме многу кредит само 20 000 (по 10) на 10 години,ратата ни е околу 14500 ден вкупно мојата и неговата заедно. Да речеме дека куќата сега вреди дупло ,неможе да се купат два помали стана по 60 000 ? Инаку плаќавме 3 год кирија во Карпош по 16000 ден за 50 m2 , сега имаме 200 + 120 двор и тоа наши. Долу е комплетно средено,горе 100 m2 целосно празно ни зафалија пари за материјал. Што е подобро во нашиов случај кирија или кредит ? Сакав да кажам не се плашете луѓе од физичка работа занаетџиите пари прават. Не се исплаќа кредит само со плата од 5-ти до 5-ти во месецот. Инаку Милан можеш и во приватна порака да се обратиш доколку имаш дополнителни прашања да не ги тормозиме останатите членови кои читаат. И да, немаме фасада и ограда,тоа здравје следната година.
Нема потреба од разговор преку пораки , баш убаво елаборирано и потврда во кој случај нели се исплаќа повеќе кредит отколку кирија. Супер нели што сте можеле да скратите од трошоците на многу нешта ама реално тоа не го може секој.Не секој има заштеда , нарочито не во толкава сума, не секој го бива за градежни работи и столарски. И јас повеќе би вложил во изградба на куќа бидејќи крајната цена е сепак поевтина од станот. Самата кажуваш дека сеуште не е доправена, најмалку 10 000 евра ќе отидат што како вкупни трошоци закуќата испаѓа дека за пола македонци се мислена именка. И не знам како е со цената на куќите во Скопје, ама на пример кај нас многу тешко се продава толкава куќа(200м2), Реално сигурно би вредела над 100 000евра а ретко кој ги има тие пари , а ако некој и ги има се решава сам да си изгради по негов ќејф на распоредот и големината на собите. Дефинитивно твојот пример е кога повеќе се исплаќа кредит отколку кирија Поздрав и со здравје да си седите во куќата
Фала многу Верувајте дека не преувеличав ниту намалив во однос на сумата. Парите тешко се собираат но ако имате цел и личност која ќе ве подржи,ја има истата цел и работи исто колку и вие многу работи се лесно остварливи. На лицата кои размислуваат за кредит и се во брак би им препорачала да ‘рмбаат исто колку и нивниот брачен партнер без разлика на полот. Нема машки женски работи (нели ние жените се бориме за рамноправност). Инаку да дигнеш и отплаќаш кредит сам е многу потешко. Би сакала да прикачам слики и идеи за “изработи сам” но не би сакала тоа да се сфати како рекламирање па да ме банираат. Но тука сум за совети (нели за тоа постои форумов не за препукување и следење кој кога се бањал)
Јас би сакала да споделиш идеи за "направи сам". Не знам дали има постоечка тема или треба да отвориш нова. И ние дома 80% од работите сами ги направивме
становите испаѓаат поефтино од куќите кога станува збор за продажба. Еден мој братучед си ја продаде куќата што беше всушност мала приближно колку една барака и купи стан а помалку од пола парите му останаа. Исто и на свекор ми му понудија да ја продаде куќата сосе двор за два стана и плус доплата зашто е веднаш до болница. Не прифати,негови замисли не се мешам тука. А при изградба мислам дека куќата е поефтина да ја изградиш а поскапа за да ја продадеш. Чичко ми правеше куќа на два спрата со дуќни што знам што и колку што го разбрав тој така кажа,но документите за градба се многу скапи,комуналии доградби надградби вакви дозволи такви.... Многу процедури се. нивна работа бе. Секакви си има.
Цел живот со кредити, нормално...ако нешто загусти, го продаваш станот и плаќаш кредитот..а под кирија ќе останеш голтарка цел ѓивот и ќе те шуткаат како сакаат газдите.
Нема ништо да кажам за муабетите погоре и страници наназад, нема поента. Од сегашна гледна точка, додека не проживеам сѐ што сакам да проживеам, ми треба нешто привремено. Ништо трајно за да ме врзува со обврски. Кога ќе се стационирам на постари години, сѐ е опција, затоа што тогаш би ја сакала сигурноста која ќе ми го дава тоа "нешто мое". Ако се одлучам за куќа, тоа би било некоја што е можно помала, но со комоција која ми е потребна и доволно комфорна а да ме собере. Но во никој случај не планирам специјално да оставам на некој нешто однапред. Реално, неосновано е тоа размислување и само допринесува за неспособни генерации. И таа блискост што ја спомна некоја членка, како челнови од фамилија се во иста населба а се гледаат по еднаш во два месеци и тоа е неприфатливо за неа, е само одраз на нашиот менталитет. Ништо друго. Така не се мери блискост и сплотеност. Знак прашалник е дали нејзините потомци би се согласиле со нејзиите размислувања и би живееле со неа на начинот на кој таа очекува и замислува дека тоа ќе се случи. Страшно.