1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стан под кирија или цел живот кредити?

Дискусија во 'Дом' започната од marchi-cool, 8 февруари 2019.

  1. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2019-03-04-20-04-49.png
    Што мислите за ова? Сакам да останам подолг период ама незнам како е дали само за еден ден.. Незнам ако знае некој нека ми кажи во инбокс. Благодарам однапред
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    Помеѓу двете зла, второто е подобро. Ако си под кирија парите ги даваш во ветар. Ама до некаде и си го купуваш мирот. А тоа не може да трае вечно. Треба нешто да им се остави на децата. Лошо е што можеби треба често да се селиш, да се расправаш со идиоти газди кои не се замараат со станот. Гајле им е дали ти дува од прозори. Ќе ти рече - Ти смени ги, на мене не ми требаат. Ќе те условува со плаќањето кирија и сметки. Тие пари што се даваат за кирија добро е да се даваат за рата за кредит. Ние бевме под кирија 8 години. Два стана сменивме. Првиот газда излезе идиот и затоа си отидовме. Со вториот супер поминавме. Сега сме во свое. И мирна ми е главата. Лошо е што треба човек многу да заглави со плаќање на кредитот. Ама барем знаеш дека тоа ќе остане на децата.
     
    На duffi, ***Bony***, LUCI 99 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.042
    Допаѓања:
    225.232
    Пол:
    Женски
    Ова е на ден највеќе недела.
    Го знам газдата
     
  4. SweetBabe

    SweetBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Девојки дали некоја од вас бара стан за краток престој 2-3 месеци? Имам на располагање стан во К.Вода во близина на општината на прв кат.
     
  5. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Кога сметате дека е време да се најави дека го напушташ станот под кирија?
    Доколку кажеш месец/два однапред а притоа знаеш дека имаш работа со тешка гнаса од човек, постои можност да ти рече утре исели се....
     
  6. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Јас би го известила сопственикот 2 недели пред напуштање во тој случај.
     
    На cresa-jagoda, SummerGirl, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    И јас мислам 2 недели однапред, иако е тоа е ризик со ваков човек без чувства, полн со гнев, злоба, фрустрации....
    Првично мислев 3 месеци однапред, но последните настани ме дотепаа дека заслужува од денес за утре.
    Плус, треба ствари да се вадат наши, а и аванс имаме кој треба да ни е вратен...
     
    На felisitas и SummerGirl им се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.984
    Допаѓања:
    167.800
    zavisi kako imate navedeno vo dogovorot
     
  9. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Ако имате договор, писмен и заверен кај нотар, 2те страни се обврзани да го испочитуваат. Ако немате, и ако знаете дека човекот од другата страна ќе ја злоупотреби информцијата, повнимателно испланирајте. Во таква ситуација, јас лично нема да кажам додека не изнесам се што е мое од објектот, освен она што ми треба да последните неколку дена а да можам да го земам на едно излегување. Кога веќе знаеш со кого си имаш работа, нема зошто да препушташ на случајности. За авансот, ако не се разбирате со сопственикот, ќе имате проблеми исто.

    Треба многу да се внимава кога се изнајмува жилиште, а без договор си е огормен ризик сам по себе.
     
    На Idedemja, cresa-jagoda, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    @Rubiii убаво те посоветува членката. Таков идиот заслужува да му кажеш од денес за утре. Ако направиш како што ти кажа она, за еден ден ќе ги изнесеш останатите работи, односно најнеопходните. Претпоставувам дека мебелот е негов. А за парите ќе имаш проблем. Со такви нема разбирачка. (facepalm)
     
    На Rubiii и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Фала ви девојки :*

    Имаме наш мебел (плакар, гарнитура, шпорет, фрижидер, машина, масички, посуџње...), нивно е само кујната...
    Инаку немаше воопшто договор, кој сега би ни бил од корист ептен.

    Да седнеме сега со време да кажеме дека од окт не сме тука???
    Пак сакам со арно, не сум токму
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    Е па....за два дена ќе можете да се иселите. На нас толку ни требаше. И ние имавме наш мебел. За последниот ден оставете само неколку алишта (јас ги ставав во кутија) и средства за хигиена. Садови нема ни да ви требаат. Можете да јадете на нога. :lol:
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Јас веќе почнав да носам малку по малку, некоја вакум вреќа кај моите, нсшто кај неговите.
    Планирам кај неговите да одмкнеме масички, плакар, шпорет, фрижидер (кои секако нема да ги користеме во нашиот дом)...
    Ама ќе бидеме снимени :~:

    Стварно сум на ум дали човечки да седнеме и најавиме скоро месец однапред, ама знам дека е залудно, во пандемијава покажа колку е нечовек, секој ден се труди да не омаловажи еден пред друг и сл...
    гнаса убаво реков погоре...

    @SummerGirl а вие како,кога и каде го пренесовте мебелот?
    Кога најавивте?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    Ние најавивме месец однапред. Ама газдата знаеше дека ќе се отселиме затоа што му кажавме дека чекаме да ни го одобрат кредитот за станот. Многу фин е и немаше смисла да го зафркнеме. И ние немавме договор. Веќе ни го одобрија кредитот кога му кажавме. Првиот ден ги однесовме алиштата и останатите ситни работи. И дел од мебелот. Наредниот ден остатокот од мебелот. И алиштата што останаа. Во случај да треба да се пресоблечеме. Уште првиот ден спиевме во новиот стан.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Тотално различна ситуација сме :D
    Нас не ни е готов моментално станот, имаме мебел кој нема да го користиме даље, имаме работа со скапаница тешка, и имаме скромен мал да не речам аванс...
    Ќе видиме, јас се трудам со поладна глава да размислам за да знам како да дуваме, додеда пак дм знам дека сака да најави неколку дена однапред, зошто и тоа е многу...
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    Ако не е тајна....во што е проблемот? На нас првиот газда ни ја покачи киријата и затоа си заминавме.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mama993

    Mama993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    558
    Пол:
    Женски

    Зошто се трудите да покажете човечност према некој кој не го покажал истото према вас ?
    И ние имавме слична ситуација со гнаса,кажавме две недели однапред сакавме да испаднеме фер и денес сеуште се каам за тоа.
    Се отселивме на 6ти а плативме кирија за цел месец поради тоа што “сме одзеле време од тековниот месец” и “сме требале да се отселиме на први во месецот”.
    Бараше да го искречиме станот и да ги испереме теписите.
    Се договоривме тој да ја заврши таа процедура со парите од авансот (450 евра). И после извесен период откако се иселивме стапивме во контакт со него телефонски да видиме колку пари од авансот останале за враќање и ни кажа дека го потрошил цел аванс на кречење на 50 m2 и перење на две теписончиња во сервис.
    Ситна душа.
     
    На SandStorm, cresa-jagoda, Idedemja и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    @SummerGirl нема тајна, конечно имаме наш стан, требаше пред неколку год да биде ама се завлечкаа работите во зградата, па тоа "привремено" излезе пола декада.
    Работиме, во години сме кога веќе треба да си бараме решение станбено, мислам дека секој треба да очекува дека може ќе заминеш од кај него...
    Дополнително што условите беа ужас- студ, влага, мал простор, сами мкневме и крпевме дупки,ѕидови, но стегнавме заби во интерес на износот на кирија, сепак душата ми знае....
    @Mama993 сами кречевме и онака, беше хорор кога влегов, дупки под тепихот, ѕидови се флеки, нечистено со години, разноразни бубачки шетаа ...
    Нема да ме чуди да изигра слично, но нека...
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller и SummerGirl им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    И нас така ни направи првиот газда. Само се иселивме и толку. Го оставивме он да си чисти. После тоа се јавуваше да му доплатиме за уште нешто. Што немаше врска, нормално.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Nie izdavame stan vo kv od 50kv.
    Nemozeme da najdeme stanari so situacijava so korona.
    Bevme 2 godini pod kirija i mnogu macno ni bese, zasto bevme so 1 plata.
    Posle se sredi malku rabotata pa imame nase.
    I jas gi zalam parilite za kirija, no propadna proektot sto trebase da gradat togas i za koj zalam do den denes, zasto se izgorevme so kiriite, za tie pari ke si plakavme za stanot.
    Ama zivot, nisto nema podmackano.
    Nie mu kazavme 1 mes. Prethodno, coveceto bese ok, sega koga se raboti za takov covek mozebi e podobro da mu kazete 1 nedela pred da si odite
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.