1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стан под кирија или цел живот кредити?

Дискусија во 'Дом' започната од marchi-cool, 8 февруари 2019.

  1. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Веќе купивме наш, само се чека на довршување на ситници и е вселив.(fingers)^_^
     
    На eliesaab, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    Знам тоа. Мислев да се снајдете за толку кратко време. Ако е веќе неиздржливо. Знам како ти е. Маж ми кога живееше сам беше под кирија кај една баба. Маста му ја вадеше. Секој ден доаѓаше да проверува како му е внатре.
     
    На cresa-jagoda и Rubiii им се допаѓа ова.
  3. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    7.029
    Баш денеска разговаравме со дм на темава, правевме пресметки. Под ќирија сме, и ќе купуваме стан веќе кога ми се платите поголемки.

    Реално, ако немаш на почеток поголема сума на пари за учество да дадеш, кредитот ќе биде преголем, за исплаќање 20-30 години и каматат што ќе ја вратиш на крај ќе биде како да си купел уште еден стан со 1 спална.

    Од оваа гледна точка, поевтино е пример цел живот под ќирија. Но тоа значи дека на децата свои (Дај Боже нели да ги имаат сите што сакаат) нема да имаш што да им оставиш, и ќе ги задолжиш и нив автоматски со кредит за живелиште. Само поради ова е поисплатливо да се купи стан.

    Најдобра варијанта е да се земе пример на 20 години, и да гледаш првите 10 години да го исплатиш цел. Сега има и поповолни услови, 3.5% фиксна камата за првите 10 години. Порано беше обично 3 години+2, и потоа од 5.нешто% нагоре каматата. После 10та година се качува каматата ептен.

    Моја другарка направија вака, и на крај им испадна камата да платиле како потрпшувачки кредит. Кредитот им беше на 20 и нешто години, ставија наеднаш поголема сума (продадоа недвижнини некои), и на крај ќе им дојде околу 4000 евра камата на 50000 евра кредит.
     
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    19.529
    Пол:
    Женски
    Јас би се решила за стан под кирија
    Не би сакала својот живот да го потрошам во стегање и без да го прошетам светов само заради децата да би им оставила наследство
    Што ако јас потрошам живот во сиромаштија за да исплатам стан ,за децата да имаат на готово све и ќе им текне или да го продадат или некое поколение да го искоцкаат цел мој влог ...
    Јас би се решила за квалитетен живот не за печалбарење , ако на децата им треба стан кога ќе пораснат нека работат и нека си купат
     
    На Yeeah и truffles им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    Ама немаат сите недвижнини да продадат. Без тие недвижнини ќе го исплаќале кредитот до 30 години. Без учество тешко се доаѓа до кредит.
     
    На Justicija и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    7.029
    Без учество не може, мора барем 10% минимално. Зборот ми беше дека најдобро е да се соберат барем 25-30% за учество, и каматата и рокот на исплата ќе се помали.
    Знам дека нема секој, за жал. Затоа и се чудам искрено кога гледам луѓево на колку ниски плати зимаат станбени кредити. Нас ни е страв некако, голем чекор е. А двајцата заедно немаме мали примања.
    Инаку изводливо е ако пример покрај ратата што ја плаќаш месечно, да успееш барем 100 евра на страна да тргнеш исклучиво за кредитот. И кога ќе се собере извесна сума да ја уплатиш, и се’ така. Ама пак зборувам за луѓе кои имаат повисоки плати од минималната/просечната. До душа и на пониски плати би требало да не даваат големи кредити, најмн 1/3 од плата мислам дека може да е ратата.
     
    На SummerGirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    И станот си има рок на траење, ако мислите за децата внуците итн, тој стан тогаш ќе биде 50-60 години стар. Видете некоја зграда изградена во 60тите како денес изгледа, тоа треба да се руши, скапана руина.
    Децата и онака веројатно ќе сакаат да бегаат странство или пак ќе се испокараат хаха.
    Дефинитивно кирија е поефтината варијанта со овие цени на купување и издавање.
     
    На eliesaab и Justicija им се допаѓа ова.
  8. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Во основа економско правило е ако киријата за 20 години е помала од цената на станот повеќе се исплати кирија, а ако е поголема се исплати купување.
     
  9. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    7.029
    Пак се зависи од платата. Ако имаш настрана некој денар, и висока плата каде нема да мораш да си скратиш работи бидејќи плаќаш рата од кредит, тогаш зошто да не земеш.

    Всушност, разликата е во парите кои ќе ги дадеш на почеток за учество и мебел. Потоа рата од кредит ли си плаќал, ќирија ли си плаќал - исто е. Дури може и ќиријата да е повисока бидејќи ако си пример 4-5 члено семејтво ти треба стан со 2 спални минимум. А ќирија денес за стан со две спални е мин 300 евра (зборам за солидно наместен, не некој со мебел од пред 40 години). Ратата од кредит би била и помала.
     
    На stetoskop, SummerGirl, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Швајцарија, Германија i Австрија имаат најмала стапка на жители што живеат во сопствен стан додека Молдавија, Романија И РСМ најголема во Европа.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    19.529
    Пол:
    Женски
    Сега повеќето сакаат квалитетен живот отколку печалбарењето
    Се согласувам , овде на балканот е таков менталитетот , до душа за да се земе кредит за стан во Швајцарија или Германија тоа ќе биде рамно на роб, осудени се на работање цел живот само за тоа и за едно парченце леб
    Зградите пред 30 години во мк се во очајна состојба
     
  12. Sannelaa

    Sannelaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Подолг период сме под кирија и се одлучивме да вложиме (да се задолжиме) за нешто наше... Во секој случај подобро е да купиш стан, куќа отколку да плаќаш кирија, но доколку си со помали примања, не ти е сигурна работата, или чекаш прва прилика да заминеш странство подобро кирија. Сега не сме за жалење за разлика од пред неколку години кога банките воопшто нудеа можности за станбени кредити или било каков кредит поголем од 10.000€.
    Кредитот ни е во процедура чекаме зелено светло за свелување.
    За кредит доколку сте 2ца едниот кредитобарател а другиот ко-кредитобарател или едниот станбен кредит другиот потрошувачки за учеството
    Во секој секој случај станот, куќата може и под хипотека.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.504
    Допаѓања:
    7.377
    Пол:
    Женски
    Мојата рата за стан е еднаква како киријата за ист таков стан. Дефинитвно подобро да се купи според мене, колкав и да е. Само да земеш кредит е борбата.
     
    На lovemme, mssuniquee, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    Исто е и кај нас. Подобро да плаќам кредит, отколку кирија. Барем на свое сум. Не може да ми дојде газдата и да ми рече утре сели се. Или да дојде да ми проверува како ми е дома.
     
    На Luminary, cresa-jagoda, stetoskop и 3 други им се допаѓа ова.
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Истото е буквално. Стан под кирија е минимум 150 евра, зависи од населбата. Рата за стан е исто така од прилика таа сума, сега се зависи колку учество имаш и која квадратура. Сметам дека парите за кирија се фрлени пари во воздух. А кредитот не мора цел живот да го плаќаш. Пример месецов ти останал некој динар повеќе, тргни го на страна и секој пат така. Сепак свој стан е свој стан. Си го уредуваш како сакаш,знаеш дека е твое, знаеш дека е чисто и дека никој освен тебе не стапнал во него.
    Единствено позитивно под кирија да си е што не ти треба жирант, не ти треба договор на неопределено, не ти треба некоја посебна висина на плата, не ти треба учество. Ама пак, тие пари подобро за рата ќе ги дадам него за користење на нешто туѓо.
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    (y)

    Тој што живеел под кирија знае како е. Даваш пари за нешто што нема да биде твое. Е сега...и кредитот е зезната работа. Нема да спиеш мирно додека не го исплатиш. Подобро да заглавам со кредит, отколку под кирија да седам.
     
    На cresa-jagoda и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Не сум била под кирија никогаш. Со маж ми се договоривме да штедиме за учество и кога ќе собереме некоја солидна сума, тогаш да купиме. Двајцата бевме едногласни дека сакаме да живееме во свое. Уште кога бевме дечко и девојка почнавме и таман кога се земавме, веќе беше наш. И еве сега си плаќаме кредит, имаме уште малку до крај и после има да го терам да се частиме некое екстра патување:)
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.573
    Допаѓања:
    39.503
    Пол:
    Женски
    А што мислиш ќе сакаат ли твоите деца кога ќе се омажат/оженат да живеат со тебе во 2-3 собен стан?
     
    На Milan93 и Justicija им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    И ние имаме опција за да го исплатиме предвреме. Едвај чекам. Тежок е животот под кирија.
     
    На cresa-jagoda и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  20. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    По муабетиве ме потсетивте на другар шо седеше под кирија, газдата живеел над него и секоја недела доаѓал да провери дали им е исчистено и ги потсеќал дека на недела се чисти. Имал клуч и си влегувал без да ѕвони. (facepalm)
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.