1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стан под кирија или цел живот кредити?

Дискусија во 'Дом' започната од marchi-cool, 8 февруари 2019.

  1. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    7.029
    Каде прочита дека реков со мене да живеат?

    Може да им го отстапиш, оставиш, продадеш и купиш помал. Секако ние бараме мин 70 квадрати стан..

    Јас да имам шанса са рњлокација со работа или дај Боже да се развијат општините други освен Скопје, веднаш си одам од градов. Во родниот град имам куќа моја, и дм е единец и имаат стан и куќа. Ама за жал се е во друг град, а ние работиме во Скопје. Не ни помислувам на постари години да седам во Скопје...
     
    На Sannelaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.784
    Пол:
    Женски
    Така му правеше таа бабата на маж ми. Тогаш јас и он уште идевме. Проверуваше дали му е чисто, дали мебелот е на свое место, дали измил садови, дали вц-то е чисто. И да не набројувам. Тоа се случуваше секој ден. Се сеќавам на една случка. Му пререче за вц-то и му рече со солна киселина да го исчисти. А што е најинтересно, беше чисто. Ама таа сакала дезинфекција. (facepalm)
     
    На cresa-jagoda и S.W.A.G им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Познаничка моја раскажува до ден денес како бабата на маж и во соба им влегла и ги гледала дури спијат, уште во врска беа. Отворање очи оваа над нив... Боже Господе...

    Јас од студентски денови имам ужасни искуства со кирија. Тогаш немав друг избор, сега кога сум вработена и кредитоспособна, ни на крај памет не ми паѓа пак под кирија, или Боже пази, заедница.

    Мој став е тоа за мојот живот, не судам ако некому му одговара така. Кој како си сака, може и му одговара.
     
    На Волкот, lovely91, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.784
    Пол:
    Женски
    Знам како ти било. Маж ми го јадеше тој стап. Најмногу ме нервира што скапо ги издаваат становите, а не вредат за толку. Стар инвентар, старо купатило, дува од прозори, и др.
     
    На Justicija, cresa-jagoda, S.W.A.G и 2 други им се допаѓа ова.
  5. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    7.029
    Кој не живеел под ќирија, не ни може да замисли што се има.

    Дечко ми на едно место каде што беше (на приземје беше), се појави влага страшна. 5 пара фармерки буквално му скапаа во шкаф, и со мувла. А плаќаше 5000 ден за соба+вц. Газдата не се замараше да среди. На крај си отиде...
     
    На Rubiii, SummerGirl, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Не знам како е регулирано сега, јас кога бев студент немаше ни договори, ни ништо, барем на почетокот. Ако си имаш непогодени газди, некад и ќе се тресеш на улица дали ќе останеш вечерта.

    @SummerGirl Пет пари не вредат. За услови не ми се ни збори. Може ако имаш добра плата може да најдеш подобар стан, зборам како фамилија пример, ама со оглед на тоа со какви луѓе газди имав работа, никогаш веќе под кирија, освен ако не сум приморана да немам избор.
     
    На SummerGirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.784
    Пол:
    Женски
    А кој газда се замара да среди? Ќе ти рече - Тебе ти треба. Ти смени прозори. Ма немој. Да ги сменам и на него да му ги оставам, мало сутра. Друго е ако јас ги скршам. Во тој случај моја обврска е да ставам нови. И шпорет ако ми се расипе, јас треба да го поправам или да купам нов. Во првиот стан кај што бевме ни се скрши чешмата во вц и моравме да купиме нова. Ама нешто што јас не сум го оштетила...да го плаќам...ќе си ја прашам попрво. Секакви има. Ќе се договорите за кирија до 15ти и одма тој ден ти ѕвони за да платиш.
     
    На Squirrel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    7.029
    Сега каде што сме седиме пералната три пати се расипува за 1 година (Бог знае од кое време е), и трите пати ние ја поправаме. Чешмата во вцто беше скршена, и излегуваше горниот дел кога се вселивме. После некое време веќе воопшто не се сопираше - ние ја сменивме. Вентилаторот во вц цркна после еден месец - ние го сменивме и плативме. Душекот на спалната беше со дупки огромни, и перници бутени од долна страна кои ги видовме дури кога го изнајмивме станот. Едноставно не се спиеше, ужас. Појдовме со дм и си купивме наддушек од Топшоп. Џабе, се искичмивме. И видовме, не видовме, пишавме на газдарицата за нов душек. Замислете ни рече дека не може, или евентуално пола-пола да го платиме, и да остане тука... Се согласивме, немаме избор. Таткото на газдарицата (работи во салон за мебел) донесе душек, ни зеде неколку илјадарки и ниту сметка видовме колку е душекот, нити ништо... И уште милион работи има што се случија за една година. Не пак цел живот така да живеам, аууу. Да му се плукнам на животот таков. Едвак чекам да купиме стан.

    п.с. Да се надоврзам дека газдарицата има неколку стана низ Ск кои ги издава, сите во Центар/Кисела Вода/Аеродром. Професорка е на универзитет во Америка... Што значи дека е ептен добро ситуирана. Ама џабе... Циција си е циција. Не тера секој месец парите за ќирија да и ги праќаме преку Western Union, што автоматски зима и одредена сума за праќањето. Ама ајде де...

    Исто, и место за паркинг немаат (како и мн други). За паркирање е хаос! Секој кој има кола, паркинг му е потребен обавезно. Пред некое време на дм му ја крена пајак колата од пред зграда, од место каде 24/7 има паркирано коли. Нема зонско паркирање во населбава каде што сме, и буквално насекаде има коли. Во зградава каде живееме, живее функционер еден, директор на државна установа тука. На истото место тој ја паркира колата нон-стоп, некогаш и во друга позиција и зазема место за 2 коли. Но секако, пајак нема да ја крене неговата. Ќе ја крене нашата што не е со СК таблички.
     
    На Rubiii, tambelina и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.784
    Пол:
    Женски
    Чешмата и душекот не требало да ги поправате. Нејзина кривица е тоа. Ама со такви нема разбирачка. Требало уште пред да се вселите да го средите тоа. Ние пред да се вселиме во првиот стан, еден прозор смени газдата. Скршен беше. Заради вакви работи најдобро е кираџиите да бидат пријавени.
     
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    7.029
    Пријавени сме, имаме и договор и се. Ама демек кога сме се вселиле биле во функционална состојба, и затоа се на наш товар...
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.573
    Допаѓања:
    39.503
    Пол:
    Женски
    LadyR напиша:
    . Но тоа значи дека на децата свои (Дај Боже нели да ги имаат сите што сакаат) нема да имаш што да им оставиш, и ќе ги задолжиш и нив автоматски со кредит за живелиште. Само поради ова е поисплатливо да се купи стан


    Еве овде. Само не директно туку индиректно напиша.
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.220
    Господ да чува. Ама затоа продаваш, им даваш ќеш, ти си зимаш помал стан. Од киријата што ќе им дадеш?

    Најџабе фрлени пари ми се за кирија, непрежалени. 10 години, по 12 месеци по 100 евра у просек ( некогаш живеев сама некогаш со цимери) се 12 000 дадени у ветер. Плус живееш у туѓо, сакаш нив паркет, нема, сакаш нови прозори, нема, сакаш врата нема... Средуваш даваш пари... За туѓо.

    Ама сиромавиот 2 пати плаќа.
     
    На Doc, Rubiii, nevermet18 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.784
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ми текне колку пари ми отидоа за кирија. Коса ми се крева. Со тие пари ќе го дуплиравме учеството.
     
    На cresa-jagoda, tambelina и Cka им се допаѓа ова.
  14. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    7.029
    Глупости, сфати како сакаш. Нити сакам да живеам како снаа со свекрва, нити сакам кога би била свекрва да живеам со снаа.

    Зборот ми е дека ако имам поголем стан, можам да им помогнам на децата со живеалиште. На постари години нема да ми треба голем, ќе го продадам, купам помал/или идеалнп би отишла да живеам во градот каде сум родена и имам и стан и куќа, и на децата ќе им помогнам финансиски во купување живеалиште со парите од продажба на станот. Ако живеам под ќирија цел живот, на крај никако нема да можам да им помогнам бидејќи цел живот буквално сум фрлела пари во воздух плаќајќи кирија.

    Мн се нервирам вака кога забегувате во форумот од темата, се фаќате за влакно во јајце коа нема и глупости зборите. Идирекно сум рекла тоа..
     
    На cresa-jagoda, tambelina, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.573
    Допаѓања:
    39.503
    Пол:
    Женски
    Ок без нервози:)
     
  16. Dejan-Dejan

    Dejan-Dejan Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Значи повеќе од јасен е одговорот, подобро кредит отколку кирија. Како прво ако си под кирија каде има нормални услови и е подсредено палќаш дури и поскапо од рата за кредит на подолг период. Ќе каже некој да ама што ако се остане без работа или слично? Па и ако си под кирија а дојде до тешки моменти што ке правиш, ке продолжиш да живееш на улица? Времето носи секакви ситуации па така не е лесно ни во едниот ни во другиот случај но сепак со кредит плаќаш за нешто што е твое и што ќе го остане на децата. Ова е факт затоа што знам многу околу мене што го направија истото односно од кирија решија да земат кредити и да си направат нешто ново и по своја желба!
     
    На Кате Катерина, Ctete и Sannelaa им се допаѓа ова.
  17. SkyStar99

    SkyStar99 Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2022
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Sakam da prasham, na lokacija Pripor, Przino, Kisela Voda, Centar kolku se dvizat stanovite pod kirija?
     
  18. mydrug

    mydrug Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2018
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Јас живеам под кирија во кисела вода 3 годни, 2 години киријата ми бесе како во договорот 180 евра месечно за 45м2.Но годинава ми ја дигна цената поради тоа што све се поскапувало од 180е до 240 е.. прескапа ми е за мене, вие што мислите?
     
  19. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Машки
    Прескапа е, да.
    За 240 се наоѓа стан и во Центар.
    А што му поскапело нему за да ти ја качи киријата тебе? Мене мојот газда не ми ја поскапи киријата, си беше цело време иста и во корона и после неа.
     
  20. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Машки
    Центар ти се од 250 евра па нагоре. За таа цена ќе најдеш и нови станови и стари, па дури и празни. Локацијата се наплаќа.