Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стан под кирија или цел живот кредити?

Дискусија во 'Дом' започната од marchi-cool, 8 февруари 2019.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.028
    Допаѓања:
    268.537
    Мое мислење од 2019та.
    Се менуваат ставови со секој стап изеден :)
     
    На FreeToGo и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.028
    Допаѓања:
    268.537
    Немам намера ниеден стан да кречам, освен ако не направам штета.
    Логично е дека чим нешто се користи, се троши.

    Јас споредувам со рент а кар. Ако изнајмам кола и ја рентам еве 10000км (со мојата 10-15 000 годишно поминувам), а со 0 сум ја земала, не може од мене да бараат со 0км да ја вратам. Тие 10 000 км подразбираат трошење на гуми, филтри, масло итн. Можам да покријам штета ако пушам во колата и со пикавец направам дупче. А не зошто се трошеле гумите.

    Така и со станот. Не живеам гратис, плаќам за да живеам/користам. Не е моја работа одржување и реновирање. Освен ако јас не оштетам нешто, нормално. Амортизација си е на сопствениците, а тоа си имам и на хартија, за секој случај.

    Првиот стан беше речиси празен, ама јас и бившиот итно баравме стан, а немавме за да го опремиме одма, па затоа се нафатив на таков.

    Во овој и бојлерчето во кујна ги замолив да си го извадат затоа што машина ставив таму и ми сметаше. Се' си е мое, рентам ѕидови, елементи во кујна и локација :)
     
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.306
    Допаѓања:
    13.231
    Пол:
    Женски
    Заклучок:
    Никогаш не вели никогаш за ништо во животот.

    Самиот живот те тера поинаку да размислуваш од некогаш дури може одеднаш и цел мајндсет да ти се смени, дури да не се препознаеш што се вика.

    Затоа и ја избегавам да речам за нешто "никад", зашто не знаеш што све не може да ти приреди животот.
     
    На eliesaab, nevermet18, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  4. forca_m

    forca_m Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    колку би изнесувала рата за стан месечно, ако станот чини 65 000 евра вкупно ?
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.047
    Допаѓања:
    134.553
    Имаш калкулатор на стопанска банка. Зависи и за колку години ќе земеш. Ако е на 30 години, околу 370 ЕУ е.
     
    На SummerGirl и forca_m им се допаѓа ова.
  6. Noira

    Noira Нов член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Ми имаат од мала наметнато некој страв од кредити домашните, па секогаш велев подобро под кирија отколку да се задолжувам децениски по банки. Арно ама пошто секогаш во животов испаѓа да те лупне по глава она за кое си рекол нема шанси, еве ме. :D

    Со месеци разледувавме со мм (иден де) да најдеме нешто пристојно под кирија за почеток, а тоа да не е:
    а) место со мебел од '64та
    б) 450-500 евра месечно за 50 квадрати + башка сметки
    Не сме од Скопје и не сакаме натаму, па опциите се доста полимитирани.

    Крајно, решивме дека е најдобро да се преброиме и зауздаме, па да си го купиме станот што му фрливме око. Нешто полесно оди со кредит преку фирма, па среќа и имаме добри плати за да си дозволиме да исплатиме за околу 20-ина години (коса ми обеле од помислава, страшно делувало вака во пишана форма).
    Реално сум дудук околу ова, па верувам на мм и бројките што ги гледам, али според тоа што испаѓа околу 500 евра рата, радо би (от)плаќала за нешто што утре ќе е фул мое, отколку на кирија.

    Цениве се бетер од луди, а не планираат да запрат. Пред 17 години мајка ми купи 63 квадрати стан за 30к евра (добро, среќа беше и што луѓето брзаа и имаа долгови), а сега истиот комотно може да го продадеме за бар 70к. Исто и со кирииве - стан за кој лично од парот пред нас слушнавме дека бил 10к месечно фиксно (биле станари од 2016), нам ни го кажаа за 21к месечно.

    Така да, стегнати заби и тоа ни е. :)
     
  7. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    4.927
    Пол:
    Машки
    Во Скопје пола од становите што моментално се продаваат се празни.
    Во Белград на вода прашував за мене да си земам стан - 3.500€м². Во Скопје во строг центар прашувам - 3.500€м². :|

    Ако сте во можност земете си во Дојран или Охрид. Мада и во Охрид рипнале цените многу, од 1.500€ до 2.500€м².

    Не знам што е работава. Урбанава мафија си оперира страшно. :@

    Јас се чудам како луѓево ги преплаќаат становите во Скопје.
     
    На lost123 му/ѝ се допаѓа ова.