Па може малку оптимистички да ја гледаме иднината, подобра финансиска состојба и отплата на кредитот пред време.. Ако останеш без работа неможеш ни кирија да плаќаш, пак на улица си... Мислам дека може хипотекарен кредит без учество.
Мислев дека насловот на темата е Стан под кирија или цел живот со свекрвата. Не може да се глобализира на прашањево. Ако барем едниот,а одлично би било и двајцата, имаат стабилна работа и солидна плата, ЦЕЛ ЖИВОТ КРЕДИТИ е подобро. Ако не се сигурни дали сакаат да останат во државата и на мисла им е странство, стан под кирија. Но, доколку се планира живот во државата и се има услови, нормално дека цел живот под кредити е подобро. За жал.
Кирија значи постојано селење. Неможеш да вложуваш во просторот за живеење зашто може да не одговара на наредното селење.Не си на.чисто никогаш до кога ќе останеш.Шеташ деца низ населби и школи. Од друга страна за да земеш станбен ако немаш 1/3 за учеатво и плата над 25 000 тешко да ти дадат.Земаш 45 000 евра, по 30 години враќаш 60 000 евра и кога ако сакаш да го продадеш, пак 45000 ќе го дадеш. Според мене - кредит. Ако бирам од две зла,кредитот е помало. Бар на мое име гласи станот и никој несмее да ме сели когаќе му текне.
Да ви дадам, мој пример Прво се двоумев ете, што ке ми е стан, кога по некој месец/година не знам дали ке останам тука и сл.. Изнајмив стан, 210 евра кирија И веќе наредниот месец, се осмелив за кредит/и.. зедов.. купив стан ратата ми беше, 190 евра, а истите станови во регионот се издаваа од 200 до 250 евра кирија (нормално добро опремени) Е сеа од тогаш има, 8 години, не живеам повеќе во „станот“ али го издавам, така да кираџиите ми ја плаќаат ратата, а воедно и од киријата, 40 евра, ми остануваат чисти (али стварта беше, што го опремив скоро до луксузно) .. Имам уште 2 години од кредитите, па искрено, би ризикувал уште 10 години, и би купил одма повторно стан
Стан си е стан , ќиријата е јабана дадена пара.Поарно кредит 15 год отколку ќирија цел живот и на крај со прстот у уста
Да мислеа сите така многу од нас сеуште ќе живееа под кирија. Ниту една работа не е сигурна па ни во странство ништо не е сигурно. Тој што не ризикува цел живот си останува под кирија и си тапка во место. Кредитот е секогаш подобра варијанта. Со сопругот живеевме 3 години под кирија и за тој период дадовме 9000 евра за кирија. И тоа се фрлени пари во бунар. Си земавме двајцата кредити и направивме куќа. Половина од кредитот веќе го вративме. Пред да земеме кредит размисливме и во најлош можен случај и да изгубиме работа и да останеме без пари и да ни го одземат имотот ќе сметаме дека сме живееле под кирија. Киријата не е доживотно решение.. А стан кој сега вреди 40 000 за 10 год сигурно нема да вреди помалку туку дупло бидејќи цените на недвижностите се растечки. Кога тогаш пак ќе размислувате за кредит. Нас сите банки не знаат секаде прашувавме и се одлучивме за Стопанска. Нудат најповолни услови.
па може и ваква тема да има. јас мислам ако едниот има стабилна работа ништо од бизнисот. Имам и таква тема отворено,со една плата може само да се преживее реткп да се живее а тешко да се ставиш на кредити. за ова се сложувам. За жал ило за среќа подобро е живот под кредити.како што пишува @referentka живот под кирија е исто како да си птица преселница,постојано селење ништо свое а и да имаш некое парче покуќнина каде ќе го шеташ.
Како мала со моите живеевме под ќирија. Од едно на друго место се префрлавме заради различни причини и не е воопшто лесно. Доколку партнерите имаат стабилна работа, тогаш ќе кажам кредит. Барем ќе бидеш во свое,ратата е иста колку ќиријата некаде и помала, знаеш дека вложуваш во нешто кое е долгорочно и ќе остане. Не дека не можат да настанат проблеми, ама од двете зла помалото. Ова е нешто како нож со две острици...но мирот во своја куќа не се менува за ништо.
Подобро да отплаќам кредити него да живеам под кирија и да се молам да не ме шутне некој ако добие подобра понуда.
Менталитетот и навиките на народот наспроти финансиската логика. Емоциите секогаш победуваат над разумот.
Јас сум човек кој никогаш не верува на нешто напишано без да анализира. Извина ама со овакви постови ги ставаш во заблуда повеќето кои сакаат да купат стан на кредит. Приказнава ти е полна со дупки, еве зошто. 190 евра рата како што израчунав кредитот ти бил на 10 години односно 120 рати Х 190 евра=22800евра, Тоа некаде ќе му дојде дека си зел 20000евра., и сега ние треба да веруваме дека ти за тие пари купи стан и луксузно го опреми? Ако се има пари за учество од најмалку 30% тогаш сигурно ратата ќе ја покрие киријата ама без никакво учество и тоа како ќе излезе инвестицијата ѓавол и пол кој по исплаќање на кредитот тешко да се врати при евентуална продажба. Да не се лажеме луѓе со вкупни примања од 30000-35000 тешко дека ќе допрат до некој кредит за да си обезбедат стан според нивните потреби а со такви примања во МК се сигурно најмалку 30% од семејствата. Уште ако продолжи трендот на иселување на младите мало морген што ќе рипаат цените на недвижностите, еве нека кажат во градовите од источна Македонија каде има многу млади иселени како се движат цените на становите? Лесно е да се каже 200евра ми е рата а толку ми беше и киријата, кажете колку го купивте станот(куќа) колку дадовте учество, колку кредит зедовте и на колку години. Колку ве коштае наметајот во станот? Дури тоагш може да се споредува кирија со кредит овака само се ставаат во заблуда луѓето дека со 190евра рата се купува стан од 70м2 и плус целосно да се опреми.
Во светот што повеќе се форсира кирија. На сево ова што го кажа ќе се надоврзам ... Сегде низ светот стана реткост купување имот, само не и во мк. Се форсира живеење под кирија и со право зашто знаеш дека еден ден децата големи се шансите да не живеат овде аод друга страна ако се било кај во светот лесно е да си платат кирија. Барем полесно од кај нас. 5 год барав соодветна куќа за под кирија и не најдов. Затоа се решивме да правиме. Зашто не можам да смислам стан. Но да најдев сигирно немаше да ми текне да правам со оглед дека чекам шанса да киднеме од овде. А може и ќе испадне пред да почнеме.. Кој знае.
Прво, кога ги зедов, кредитите и го зедов станот, искрено, во станот се прибирав по 3 часа, колку за спиење... Работев/м во ЕВН, башка приватна фирма имам, и башка се посветив и на вечниот фамилијарен бизнис : Другар, зборам за „Кредити“ не кредит, при тоа, не вложив никакво учество, никаква хипотека и тн... Меѓу тоа, на место 20/25 % учество.. како што бараат за одредени кредити.. јас тие ете 25% ги вложив дирекно, во купувањето, на станот или поточно, имав земено, 19.000 иљадарчиња кредит, и 7.500 додадов... долга приказна... Него кратко и јасно, само сакав да дадам пример, и да едноставно кажам, секогаш е поисплатливо да го купиш одколку да плаќаш кирија за него што е разбирливо. Пример, ете правиш договор за закуп на стан, на 2 години.. пример, фамилијарен си, не можеш да земеш штогоде станче, а соодветен стан за фамилија, испод 200 евра кирија тешко да најдеш зборам за „соодветен“ е сеа, во тие 2 години, ке влагаш ке преспиваш и ке излагаш од станот само?! Не сакаш да средиш нешто? Да вложиш пари, да реновираш во станот? (сигурно нема да седеш, во некој амбиент што 100 души, пред тебе се премоткале низ станот) и што ке вложиш, ке средиш ке направиш.. (редко кој газда ете ке го признае тоа што си го вложил, па ке ти одбива на киријата и сл..) по 2 години, се иселуваш, и го оставаш станот реновиран..
Неможам да разберам зошто некои луѓе сметаат дека киријата е подобра опција од кредит. Таквите никогаш ништо нема да создадат ниту за себе ниту за генерациите кои следат после нив. Сопственикот на станот во кој живеевме 3 год под кирија беше во кредити и долгови до гуша но затоа поседуваше 3 стана кои ги издаваше. Да ги исплатиме кредитиве и повторно ќе подигаме кредити со сопругот повторно за недвижност затоа што тоа е долгорочна инвестиција а и несакам децата кога ќе пораснат да не пцујат бидејќи не сме им создале лагодни услови за живот и таа лагодност да ја бараат km и km подалеку од нас кои се жртвуваме за нив и да старееме сами. Сите тие кои “бегаат” во странство сонуваат да се вратат со пари и да си создадат нешто лично нивно.
Па може не им е цел да создаваат, ако тебе ти е тоа е друго. Ако мислиш дека знаеш 20-30 год дека ќе можеш да исплаќаш бујрум повели. А дека сите бегаат за да купат имот утре овде мало морген. Јас не бегам за пари. Јас бегам за живот. А детето дека ќе сака во вукојебина да се врати чисто сумњам
Филозофираш на големо човече. Прво, камати не се пола од кредитот (и тоа ти го кажува некој што знае математика) Второ, да, и сега се голем дел од тсановите купени од луѓе кои се исселени надвор, па си купуваат нешто за да си имаат. И ако сите се иселат од државата пак ќе се купуваат станови, и тоа баш од тие што се исселиле. Зошто? Затоа што им се може Трето, верувај, блиски луѓе кои седеле надвор од Скопје под кирија, сите плаќќале над 100 евра (пошо рече надвор од Скопје немало кирија над 100 евра). Знаеш зошто се толку високи кириите надвор од Скопје? Затоа што многу тешко се наоѓаат станови за исдавање, па ако успее да го издаде барем да му се исплати. Не зборете за работи од кои не се разбирате.
Тогаш се работи за личности кои немаат никаква амбиција или за личности кои немаат друг избор затоа што нивните родители не им пружиле лагодност овде па сметаат дека надвор животот е поубав. НЕ, во странство не се полни кафичите уште во 13:00,во странство нема шетања по гости во 22:00 како овде затоа што во странство се р’мба и сите таму плаќаат кирија и носат на себе партали. Нема штикли затоа што после 10 часа работа неможат ни папучи да облечат.Тоа само овде кога доаѓаат се просеру***т за да видиме како убаво живеат. А уствари дошле да се ишишаат и на стоматолог заби да средуваат зашто поисплатливо им е тука. Сите што се во странство се поголеми бедници од нас,нигде го нема ова уживање како овде. Е сега тоа што има и многу неработници па државата им е крива тоа е друго. Да не забегаме од темата..