Како си земаш за право да кажуваш кој има амбиција или не? Ако ти сакаш овде да си седиш и ако си чекала од твоите да ти дадат место сама да си направиш дом секоја чест. Јас од моите никогаш не очекував кров. Не е ова долина на волците туку реален живот во 21 век. Ако мислиш дека тие у странство се бедници а ти уживаш гадно си се заебала. Не дишат тие канцероген воздух. Ти дишеш. На нив не им е потребен паразитски живот ко на тебе. У 1 у кафич седи само некој што нема амбиција. А не некој што има ко ти што збориш. Уште имало од твојот сој..
Супер. Штом си се вратила ептен амбиција си имала. Знаеш колку е стандардот на живеење повисок во Швајцарија отколку во Македонија?
Лили, јас кога бев, секој ден во 4, веднаш после работа - сите беа во кафич. Оти 3,5 евра за пиво да ги дадеш ти се ништо. Голема работа. Тука да треба 200 денари секој ден за пиво да извадиш... паааа.. пола минималец е...
Многу добро знам и колку се трудев да добијам кредит но не ми дозволуваа и покрај работната виза бидејќи ме сметаа за странец. И работев по 12 саати и пак малку пари ми остануваа бидејќи се е поскапо. Таму неможам да градам куќа и луксузно да ја опремам како овде. Таму луксузот е скап поради тоа се вратив и не се каам. Подобро тука да имам имот отколку таму ништо. Тогаш што не одиш ти во светот зашто губиш време по форуми барај работа во овој период пред сезона секаде има отворени работни позиции особено за странци кои сакаат да работат на црно. Германија е полна со Македонци, барај познати.
Па сигурно нема да најдете работа во администрација како странци. Нашите државјани се подразбира дека работат во приватни фирми,маркети,бутици,продавничкина црно или добиваат работна виза доколку управителот гарантира за нив. Со странска плата не се ужива во странство. Со странска плата се доаѓа тука и овде се троши.
јас можам да споделам пример од едни луѓе кои извесен период живееа во куќа под ќирија наспроти мене. Жената стана пријателка со мајка ми па знам дел од приказната. Мажот работеше хаус мајстор во болница а жената чистачка во гимназија. Имаа двајца синови повозрасни. Буквално цел живот од куќа во куќа шетаа си велев како бе две машки деца кај ќе донесат жени дома. Ама ете може немале услови немале стабилна работа... Синовите се запишаа на факултет скопје ( инаку живеат во помал град ) најдоа работа извесно време исто под ќирија ама мислам дека сега купија свој стан. Едниот се ожени. И си останаа таму. Мајка им и татко им се овде исто работно место исто по ќирија.
Aко банките ти дсдст кредит(зависно од работа плата и сл.), секако дека сум за кредит. Истите пари се (нешто можеби плус), ама бар ги давам за нешто што ќе е мое. Вака, за кирија,како да сум ги фрлила.
Воопшто не философирам туку само анализирам, вистината е дека најмалку 30% од населението има вкупни приходи под 30000 денари. Тие можат да подигнат кредит со мах рата 10000денари или 155евра.и сега за да купи стан што кошта минимум 40000евра што мислиш на колку години ќе треба да му биде кредитот? Колку ќе биде каматата за сите тие години? Не зборувам јас за оние кои можат да земат кредит кој ќе го исплатат за 10-15 години затоа што тогаш ратата би била најмалку 300 евра односно вкупни приходи од 900евра. Ако вие ги имаме тие приходи повеќето во Македонија ги немаат. Или треба 3 генерации да влезат здружени во кредитот за една генерација да седи во станот? Во Велес кириите се околу 100евра, еве нека кажат форумките кои се од источна Македонија колку е киријата таму и колку е квадратот на нов стан?
За мене сопственото е секогаш подобра опција па макар цел живот да двојам од уста. Но, исто така не велам дека е киријата е фрлање пари во воздух, ако во тој момент немаш друга опција. Подобро покрив над глава со кирија, него ли на улица да спијам или со 5 генерации во двособен стан. Кај нас денес сите живеат со кредити така да тоа не ми е нешто невообичаено, доколку ми треба и јас би земала утре кредит за стан или кола. Можеби јас ќе се мачам и ке тргам од уста цел живот ама барем ќе спијам на свое и ќе му оставам нешто на моето дете утре да не се мисли дали ке има покрив над глава кога ќе ме нема. Од друга страна не разбирам како може некој цел живот да седи под кирија без да има идеја да си купи нешто свое. Разбирам и 5 и 10 години да се ама 11тата ќе ставам прст на чело и ќе посакам еднаш за секогаш да имам нешто свое. Дека за 10 години неможе некој да заштеди за учество на стан не ми е верно. На крајот од денот се се сведува на самата личност и на менаџирање со своите финансии.
Државната администрација ја земав во предвид како пример бидејќи со горенаведениот коментар од Ваша страна ми делувавте како да се плашите од физичка работа, дека нели не барате физичка работа во странство. Тогаш клатете врата од плата до плата наместо штрафцигерот во рака и приватно да се запотите ќе видите дека за кратко време и стандардот за кој зборувате ќе Ви се смени. Жена сум и произведувам кујни и мебел сама. Постојат мажи кои незнаат ни сијаличка да сменат таквите каде и да отидат ќе бидат незадоволни. Не велам дека не живееме во вукојебина гледајќи од политички аспект но ако не ни е гајле за другите и овде пари се заработуваат.
Глупост до глупост. Моја роднина во Холандија е прв човек на народна банка. Не гледаат странец. Гледаат способност и школо. Ако немаш школо плус не те бива нормално ќе ринташ 12 саати за ич пари па и во мкд. Ама јбг кој тоа да го сфати. Уживај си
Ова е тотална дезинформација. Оди и барај кредит во банката на твојата роднина може ќе ти одобри 100 000 евра. И Македонија не одобрува кредит на странци доколку не се сопственици на фирма и не гарантираат со имот. Лесно е да се коментира но фактите се важни. Да одиме сите тогаш во таа банка со дипломи и занает и откако ќе го подигнеме кредитот да си се вратиме во матичната земја и па нека не бараат од банка. Кредит не се подига така лесно.
Стварно? Ти знаеш кај работи моја роднина? слушај. Сеј си овде зашо на друго место тешко дека ќе успееш со овој памет. ајт.
Сигурно одлуката за враќање од Швајцарија во Мк ја донесе заради почистиот воздух што ни е овде и можноста за вработување во секое време . Во Штип , стан од 60 м2 под кирија е мин 150 евра . Гевгелија исто . Во Богданци може да се најде и за 120 .
Јас би ти рекла ако не си способна со матичниот јазик во матичната земја да заработиш пари оди си и учи странски јазик и устави и живеј далеку од сите блиски но темата не е “кој да оди кој да седи” или “работа во странство” туку зборувавме за кредит а ти забегуваш од темата. Сите кои сметаат дека во туѓа земја подобро ќе живеат бујрум никој не ве моли да останете тука.
Аха. Темата знам што е ама ти прва почна да кажуваш кој немал амбиции, сите бегале за да се вратат (  ) и биле не знам какви.. Арно ти текна на темата да се вратиш.