Појдов од тоа што сите наши градови се празнат драстично, останаа само постари луѓе...зјаат многу празни куќи...и тој што би земал стан под кирија мислам дека ќе биде за многу помал износ од тој што ти го наведе.
Не сум компетентна да одговарам, не сум живеела под кирија, ниту имам стан на кредит. Наследство од моите имам платен стан и ниви. Е сега нивите се разбира ќе ги продадам, но ако некогаш ми се укаже прилика за градба на куќа на убава земја и населба, да би земала кредит. Тоа што сега ќе го спечалам во иднина ќе остане на мои деца, ќе имаат нешто свое.
Штип е фул Можеби заради студентите А да не зборувам само колку турски студенти има . Врие градот. Вчера влегов во еден кафич ,нов . Немав поима дека е турски . Келнерот ми збори на турски . Викам кај се наоѓам јас ? Нарачувам Нескафе , немало . Чај служеле . На сите маси наргиле пушеа . Во Штип дали имаше 3-4 фамилии турци порано
Одам во Штип секој месец обавезно по два пати, прво Кежовица а потоа кај Нецко...фул е точно, се јаде и пие, но сите имаат таму станови.
Издаваме и ние стан во Штип Знам колку има побарувачка ,не зборувам напамет . Поготово за брачен пар е ептен тешко да се најде .
Но ако зборуваме за живеење во странство, на Малта живеам под кирија. Но друго е Малта друго е Мкд, на Малта стан под кирија се добива лесно,но ако сакате стан на кредит или да си го платите ќеш ќе треба многу да го одврзете ќесето. Испод 100.000 евра е многу тешко да се најде соодветен стан дури и комплетно опремен. Исто и празните станови се скапи, па да го опремите целосно ќе ве чини колку еден комплетно нов уреден стан. Куќите се посебна приказна.
Па да баш поради воздухот тој истиот кој го дишат и моите родители кои неможам да не ги видам со месеци и пријатели со кои завршив основно средно факултет. Сопругот го запознав овде и што ќе ми е странство кога тука имам солидни примања и не сум осамена. Мачки и кучиња ли да шетам по улици и да ги чувам во стан наместо деца? И да зимам 2400 евра плата од кои 2000 ми одеа во воздух за кирија,струја,цигари и гардероба. Тој што пробал знае како е во Европа.Не е како пред 15 години.
Па сите го прават тоа таму немаат пријатели и познанства како ние тука туку секој си е сам. Во зградата каде што живеев од 44 стана имаше само едно дете и сигурно преку 20 миленичиња. И децата уште од 16-та се делат од родителите и не ги посетуваат. Имав комшинка која две години не ја посетила својата мајка која инаку живее во соседното маало. Се слушале телефонски и кога мајката сакала да и дојде на гости два дена однапред и се најавила. На некого му одговара така да живее сам мене не.Не велам дека децата ќе ви врзам со ланец да немаат свои животи но несакам да ја изгубат емоционалната блискост према родителите кои со пот стекнуваат се и оставаат на нив.
Не знам како е било пред 15 години, да не враќам приказни од татко ми кој младоста ја поминал под кирија во Чешка пред многу години кога се живеело убаво и солидно за оној што добро печалел. Но сега плаќам кирија за двајца 700 евра, по пола 350 евра само кирија, 30 евра за сметки месечно струја, вода. Парно немам, се греам на клима..Без клима во лето не се може. Ако заработувате добро 400 евра се ситница за вас, ама ако имате мала плата а притоа штедите за стан тешко. Се зависи колку се лускузирате, колку трошите. Ако направите едноставна математика за 5,6 години ќе можете да си купите еднособен стан.
Секој треба да живее како сака, кој во странство, кој во Македонија, а читајќи ја @Mama993, тука повеќе станува збор за неприлагоден менталитет на туѓа територија, отколку лоши услови
Емоционалната блискост со родителите не се губи така лесно , т.е со заминување на детето во странство . Еве , прост пример ти е комшивката која си ја споменала. Иако живеат во две соседни населби, велиш се гледале еднаш во две години. Јас со мојата мајка се гледам еднаш во месецот ,некогаш еднаш во два месеци . А живееме на околу 100 км оддалеченост. Значи јас годишно со мојата мајка поминувам некои 10-15 дена одприлика . Братучетка ми живее во странство. Доаѓа два -три пати годишно и секогаш седи по минимум 10 дена на секое идење.
Да не се лажеме дека во Македонија прво има услови за живот. Колку и да ти е висока платата, го немаш основното и најбитното - чист воздух. Дека амбициозен човек би се вратил назад во земја каде не може да се напредува и просперира - тоа тешко. Апсолутно вакви бизарни услови за живот нема во ниедна западно европска земја. Ама ако од ова сме задоволни, арно ни е и малку ни е. На запад се повеќе се форсира киријата и нема нервозни и исфрустрирани газди, туку се оди преку агенција, договор, хендшејк и раат. Децата се наша обврска додека се образуваат, потоа на нив останува да креираат и создаваат. Затоа им/ни се даваат крила, да се осамостоиме и да не зависиме од спратот на мама и тато. Немам намера да градам куќи за следни генерации кога знам дека да се биде сам макар во една соба е подобро од 4 генерации заедно во палата, и не сакам никого да врзувам со мене. Со маж сме со намера да дигнеме кредит за стан. Пораснав во огромна куќа, знам дека е дупка е без дно и си треба многу пари за одржување, ја би тие пари во шетање да ги дадам, па куќа пак - не фала, за ништо на светов. Да живеев на запад ќе седев под кирија, овде не вреди. Прво од менталитетот, после се останато.
Дефинитивно рата за кредит, но секако доколку имаш одредена сума да платиш во кеш и останатото на рати. Со дечко ми гледаме и бараме моментално и од прилика 15% ти бараат учество што значи мораш да имаш кеш, за рати 25-30 години ќе го отплаќаш. Секако зависи колкава квадратура и која цена ќе е севкупно, не секаде се исти цените за метар квадратен. Да не должам, доколку се има можност секако дека подобра опција е да плаќаш за нешто кое ќе остане твое (ако не доживееш ти, тогаш твоите деца )
Сите очекуваат дека за 100€ месечна рата ќе добијат 100 квадрати. Да не се лажеме ако се плаќа рата колку што би се плаќало и кирија не би требало 20-30 години. Во секој случај подобро е кредит отколку кирија.