Јас цело време размислувам за ова и само одам напред-назад со одлуката. Сепак, решив дека приоритет ми е да се селам, а не да размислувам за станови. Според мојава логика, у Македонија, би купила стан. Само заради тоа што т.н. газди се идиоти, ама стварно. Однос 0, земање без пружање ништо за возврат. Како мине време, така се' повеќе ме фаќа револт од условите шо се нудат на пазарот, а највеќе од односот. Он е газда, разбираш. Чиниш палата на Водно ти издава, а не гарсоњера у Кисела Вода. Ако ги соберам сите пари за кирии дадени досега овде, ќе имав солидно учество за стан. Ако ги додадеме и тие дадени за кирии во странство, ќе имав и можда веќе купено стан во некое помало гратче. Да се разбереме, за мене тоа не се пари фрлени во бунар, ми требало, сум ги дала. Ама дека е идеално и долгорочно решение во државичево, не е. Во странство, пример, во ЕУ, би живеела без проблем под кирија. Цел живот. Ич мува нема да ме лази. Да ги мислам децата у шо ќе живеат со нивни фамилии? Ни на крај памет не ми е. Никој не останал гол и бос на улица во развиена земја, освен ако самиот не сакал така. Моето видување вика дека сите така живеат низ ЕУ, нејќат главоболки и да трчаат ако кровот капе, агенцијата или сопственикот си трча. Е, ама имаат сигурност, и да останат без работа знаат дека нема да се на улица. Последен пример, пријатели во Бг, 6 години живеат во ист помал стан под кирија за смешна сума (120 евра за стан со една спална во Софија, се фрапирав!!), а еден поголем стан, што уствари е нивен, го издаваат и така си ги покриваат и киријата и сметките. Викаат, зошто да плаќаме толкави сметки во голем стан кога сме само двајца? Кога ги прашав како нашле таков стан за буквално џабе, рекоа дека имале среќа плус многу ценкање плус договор на долго плус мноогу барање. Е, па, алал, ја у Ск не можам да најдам стан за тие пари! А да, кога разговарав со еден пријател, странец, за варијантата да купам стан во Ск, ми рече дека ни во лудило не би инвестирал во недвижнина овде. Викам, зошто, нема зијан од недвижнина. Ми вика, ќе разбереш за неколку години зошто, преголем ризик е да купуваш недвижнина во место со таков висок ризик. Уште не ми е јасно оти беше упрпан толку. Дали политичка ситуација, дали загаденост, дали мисли на некој real estate bubble шо тек допрва се чека да пукне, немам поим. Е дека имаше увид у некои позадински бројки, имаше, па можда си има и човекот поента.
Цел живот кредити дефинитивно. Што ќе плаќам кирија со тие пари кредит ќе плаќам и стан ќе купам или куќа ќе направам.
@Doozy Амин за напишаното! Особено за делот каде се опишани какви се газдите на становите овде (Оти нема емотикон за пиштол?) . Значи уште како студент навлегов во тие води наречени македонски газди и кирија. Немам сила да се навраќам на разочарувањата, а тек последните, влегување кога сакаш, па згора свои гости си носат, па се деси и да си дојде да се истушира Па тоа не беше кирија, тоа беше буквално како да си платил некому трауми да ти даде Додај на тоа и Хичкок цимерки, милина А земање кредит тука пак ти е истото, само во протоколарна банкарска верзија, бидејќи се е нестабилно и никакво
1. Не знам дали сакам да живеам во стан (повеќе сум за куќа) 2. Не знам дали сакам да живеам во државава (од ден на ден се повеќе сум за некаде подалеку) 3. Ако можам да отплатам за неколку години би купила и сум ЗА 4. Ако треба да отплаќам 30 години значи заработувам малку и без разислување би си пакувала куфери
сосем се сложувам со тебе. Свекор ми работи во државна фирма која дава најмногу плата во градов. Да не речам околу 40 000 + ама чоекот пола од нив ги враќа за кредити и за сметки што треба да се платат. Надвор од работа нонстоп приватно работи,товара дрва вози камиони помага при уривање на куќи огради помага при градење куќи... Значи мора не дека сака. се чудам кога човекот спие и одмара. Ама има позади него жена и три малолетни деца ( не го рачунам маж ми ние сме настрана кај моите) за тие што работат и сакаат да работат за да заработат има и работа и пари. сосем се сложувам женичке ама не секој е маж. И авал да ти е на снагата што ја имаш ти лично да работиш сама.
во белгија девојки жени секојдневно сами со кучињата излезени на шетање. Лепотици без машка придружба. Место дечковци да фаќаат па фамилии да створат тие сами дотерани и со песот. Пријателов што беше таму на работа и раскажуваше се чудеше на таквите манири
@marchi-cool "Манири"? Тоа е менталитет, а пред се и личен избор. Какво е тоа размислување, дека мора да имаш мажјак до тебе и да не трошиш воздух, ако не планираш да се размножуваш. Не е смислата на животот сите исто програмирани да живееме
Тие дотераните со песот сигурно ќе кажат обратно од тебе - Место да си се дотера и со кучето да шетне ,Марчи земала да се мажи и деца да раѓа . Така да ..... Секој со своите амбиции и одлуки за сопствениот живот
Жената на ниво на дете кога ја рачунате тогаш ќе оди и ќе товара и градежништво ќе работи после работно време, оти има жена и три деца. Таа жена помош треба да му е, не товар.
Најубаво поминуваат оние ,,деца" кои добиваат стан од родителите, за нив вакви недумици нема. Генерално супер е да си имаш сопствен дом, но заради многу причини може и добра опција е да си под кирија. Пример ако одредена личност си планира преселба во друг град или друга држава тогаш поинакви се размислувањата.
Ова може те опишува тебе или твојата околина ама е далеку од реалноста за сите кои живеат странство. Посебно делот со лекари, стиматолози или испаѓање во ресторан/бар па и жена да се дотера Се цени образование, квалитет, искуство и секој докажан работник во струката може само да напредува и те како убаво да живее. Ако имаш пари никој не ти брани да купуваш имоти, да градиш....а условите за кредит немаат врска со тоа каков пашапорт имаш. Имај соодветен документ, соодветни приходи, никоја банка не те враќа.
точно менталитетот е таков. А и да не е до менталитетот секоја индивидуа има свое различно гледиште. И кај нас во македонија не е менталитетот секаде ист. па сега тој кога маки мачи нормално дека жена дома ќе седи за да му биде поддршка. Или двајцата ќе работат за да придонесат или едниот малку повеќе ќе се помачи
Видете.. Не се секогаш финансиите единствениот разлог зашто огромен број на луѓе сакаат да го напуштат државичево. Подеднакво битен фактор е простотијата која изобилува. Балканизмот кој произлегува од цитираниот пост, е сам по себе доволен, да една млада, интелигентна особа со широки видици, нејќе да дише ист воздух со такви луѓе или пак да гради живот во држава во која размислувањето од погоре е широко прифатено и се смета за апсолутна вистина.
па главна цел не е ама па каква цел е таа да живееш цел живот сама без семејство? Или така одејќи по журки и по забави поинтересно е.
кажуваше општо за луѓето и начинот на живот таму,,нема врска тоа дали легнал или не со жениве што шетале кучиња