Каков виц човече, па само од форумов колку луѓе знам шо работат интелектуална работа во странство или работат со странци одовде. Одамна завршија времињата кога просечниот македонски емигрант одел со едно торбиче и работел шо прво нашол за да се снајде, па да ги ,,повлече,, другите, па бла, бла, бла... Секој еден со малку здрав разум и пристап на нет сосема солидно се снаоѓа. А за делот со легнувањето........ Се слушате ли? Жени сте, да му се плукнам. И големото чудо ако побришеш некоја тоалетна шолја успат за да земеш некој денар плус. Од поштена работа нема срам. Сум бришела и можда пак ќе бришам ако треба, а сега работам интелектуална работа, етО. Плус, смешно е да се грижиме за тоа која родила, а која не, на планета што се очекува да не може да прехрани 10 милијарди луѓе до 2040. Ок, драма квин момент е ова ама ако не ми се раѓа, нема жива сила шо ќе ме натера да родам, без разлика дали чистам шолји или менаџирам 250 луѓе. Сакав да кажам дека избегавме офтопик ама не сме, пошто очигледно има луѓе у државичево за коишто ваквите муабети се одлучувачки дали да купат стан или не.
па и во некој коментар пред мене една членка истото го пиша,неа ја цитирав. Осамени ни пријател ни ништо живеат со кучиња и мачиња. многу не си во право. Далеку е моето мислење од тоа.
А како тебе побогу ти дојде у глава дека таа некоја си е осамена ? И пишуваше на челото ли, кажи ми за да знам како тоа се читаат емоции од случаен минувач ? Да не можеби на другар ти ( кој го става носот кај не му е место ) , му се има исповедано онака уз пролаз? Како си давате за право бе да толкувате ствари по ваша мера за да се осеќате боље у вези вашиот живот и избор ?!
А да прочитате наназад низ коментарите и да увидите дека членката само се надоврза на мојот став према начинот на живот во средината во која живеат некои лица па отпосле да коментирате? Со горенаведениов коментар сакате да кажете дека тие што имаат деца се необразовани,зависат од некого и немаат кариера? Не оди тоа никако паралелно? Значи според вас постојат два типа на жени (едни градат кариера,други чуваат деца). Градете си кариера, затоа наталитетот ни опаѓа се повеќе старци помалку деца низ земјава има.
еве колку нашиот менталитет е на ниво. Македонски форум. И се за една членка ќе се зафатат али тоа е. и после истите тие се жалат зашто од пензионерите кои имаат поволни услови не можат да дојдат на ред во многу работи.
@Mama993 Што треба да сфатам повеќе од ова? Всушност ти си таа која не разбра. Со горенаведениот коментар сакам да кажам дека треба да почитувате право на избор. Што не е јасно?
Јас воопшто не се грижам за наталитетов во државата. Се грижам да наполнам сметка во банка да им оставам нешто на децата мои, да не трпат за парче леб. А со знаење како за 18годишна тоа нема да го постигнам. Поточно на 18 години раѓаат деца, а ништо не виделе од животот ниту излегле надвор од земјава. Мал дел им го овозможиле мажите јер не сакаат жената да биде само домаќинка туку и да има свое јас зад себе. Проблемот со ваквото размислување е многу подлабок отколку што мислите.
морам да те цитирам не мислам ништо лошо со тоа што ќе го напишам,всушност многу и си во право. Те цитирам за да ги прашам оние претходно што ме напаѓаа. Нели не беше приоритет да се раѓаат деца битно беше да сме сами и богати? Епа еве имало и други кои мислат за своите а не само за себе
јас одговарам на тоа што го цитирам. Навистина таму се поосамени од кај нас. Ние црнчиме за без пари што се вика ама сме со своите дома колку толку задоволни ами тие? Од работа немаат време за себе а камоли за други или тие типките за кои зборував од што луѓето немаат време од работа и обврски а тие слободни останува да се дружат со животни,уште муабет што не почнале да праат
Марчи никој не е сам. Сите имаат по некој, и сите си имаат избори. Ти на 18 години не можеш да наполниш сметка во банка, ама сакаш да се омажиш и да имаш дете. Детето си бара егзистенција, а помошта од твоите со годините ќе ослаби. Најголемото достигнување ќе е само тоа, дете и брак. А животот нуди и подобри благодети. Не можеш да кажеш сами и богати, тоа е многу опширен поим. Сега некоја ќе се налути, јас лично немам против нечиј избор на 18 да раѓа, лично за мене беше апсурдно. Затоа реков секој има право на избор како да живее.
па сега ако фамилијата на таа 18годишна е солидно ситуирана и идниот сопруг на висока функција нека и пред 18год се мажи. Јас мислам дека во фамилија со една плата ништо не се прави. Освен ако платата не е над 500 евра.
@marchi-cool смешно е што секој кој живее живот кој ти го немаш ги сметаш за изгубен случај, безвреден, осамен, недостоен, а ти самата не си среќна со животот кој го имаш. Не си можеби помислила дека тие луѓе живеат таков живот затоа што, не знам, се среќни? Не знам од каде си, ама сите млади кои работат во Скопје, а се немажени/неженети живеат од прилика исти живот како што би живееле во странство, само што во странство би имале подобар јавен превоз, почист воздух и повеќе пари во џебот и нема да ми се стемнува во 4 (озбилно). Не е Македонија рајска градина, не растат парите на дрво. И тука на исти начин си ги заработуваме, само што многу помалку се.
За личност која се жалеше од маж и како не и дава да диши и си под режим цело време многу судиш. Поарно осамена (ко ти што викаш) неголи маж ми да ме држи у строј.
Па ако сум сфатила погрешно, ваљда можеш да ми објасниш. Голема сум, е разберам. Туку не е до како сум сфатила, со "погрешно си сфатила" само се вадите за тоа што сте го рекле, а нема враќање назад.
молам!!! Никогаш во живот јас не сум се нашла во ситуација маж ми стого да ме држи и да не ми два да дишам. Кај мене ме прочита да се жалам јас од маж ми? како што кажав секој има свое мислење и сваќање. Не сум тука да убедувам.