1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стара мома

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од aprokovic, 9 јануари 2011.

  1. aprokovic

    aprokovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    45
    Хммммм, си велам толку ли тесноград народ сме, да не употребам погрд збор..
    Колку пати Ви се случило да чуете разговор од типот “ аман морам на време да одам на работа имаме една колешка„ и потоа следи потивок тон, потшепнување демек да нечујат другите, срамота е де, а сакаат само да казат „немазена колешка, стара мома е, па нема обврски и доаѓа рано, па очекува и јас да се влечам толку рано, е како да не, си имам јас деца, капната сум..„. Или „мази се, среди си го зивото„ а јас си велам ако сево ова што го постигнувам сеуште не е стабилност и сериозност, хм па јас што се нервирам и работам на себе во секој поглед. Дај да се омазам и сум свршила работа.
    Или ова „ете само ти не се мази, иста си како тетка ти, вук самотњјак, иста намтур, и таа така како тебе..“ Или „не е мазена, стара мома е, добричка е, ама ете ќе трпи сега, снаа, внуци, да ја зафркаваат како скаат.. Или „ умре сиротата, немазена беше, сама, без деца, без ништо, гладна умрела, зелудникот празен и бил кога ја нашле„.
    Јас јавно изјавувам дека поскувам семејство, посебно дечиња да си имам, го имам подолго тој мајчински инстинкт. И значаен е тој аспект од зенскиот зивотен циклус. Во ред мозе и еден од најзначајните.
    Ама овие муабети просто кога и да ги чујам ми го параат увото, и си велам што симпле народ сме бре..
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  2. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    поарно стара мома,неголи да трпиш се што треба и не треба во брачниот живот.јас би бирала немажена ама со таен љубовник :*
     
    На biGirl, iloveyou29 и roberta-rubi им се допаѓа ова.
  3. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    во право си баш така се однесуваат луѓето и така зборуваат, како којзнае што мана да има
    но луѓето не можеме да ги промениме единствено сами да се промениме да се научиме да ги игрнорираме
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    подобро е да си останам стара мома, отколку да се омажам за некој си што ке ми го загорчи животот и од брак мрак да ми стане
     
    На iloveyou29, rose60, QueenElena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    80
    апроковик, знам како се чувствуваш, но во животот има такви изненадувања што никогаш не си ги очекувала, никогаш не е доцна, на мајка ми една колешка се омажи на 43 години а мажот и 50 и двајцата ерген/мома и имаа близнаци машко и женско, најголема среќа. Мајка ми ме родила на 37 години, па тоа е тоа, некои работи не можат да се планираат, едноставно се случуваат иако и ти треба малку да си помогнеш во тоа.
     
    На belladona му/ѝ се допаѓа ова.
  6. aprokovic

    aprokovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    45
    aprokovic ima 32 godini, i nema problem, drugite imaat. Raboti, se doobrazuva, momentalno si go susi lakot:)
    A zenata se custvuva nemokna, samo dodeka i se isusi lakot!
    [mod-kirilica:18j6c4bg][/mod-kirilica:18j6c4bg]
     
    На Hellen, MarchelineAmaru, roberta-rubi и 2 други им се допаѓа ова.
  7. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    оние што зборуваат за стари моми сигурно немат попаметна работа па затоа и оговаарат колку многу познавам кои имат повеке од 30 години уште не се омажени си се шетат се забавуват некои не ни обракат внимание на ова се зависи од карактерот на човекот и како ги сфака овие коментари ама едно е сигурно на секого му стои среќата кога тогаш дали порано или покасно ке дојде.
     
  8. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Жена на 32 години за мене не е стара мома.Па јас порано од 30 години немам ни во план да се мажам,не би ми сметало и цел живот сама да си бидам,отколку со некој идиот од кој косата ќе ми побелува.
    Тие што оговараат очигледно немаат попаметна работа и џабе што имаат семејство :^)
     
  9. danika

    danika Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Колку глупаво звучи тоа стара мома/стар ерген :puke: мислам,луѓето имаат право на избор,да не зборувам за тоа колку нечувствителни луѓе има околу нас што се мешаат во се и сешто :^) Во еден период речиси сите другарки,братучетки,комшивки и слично затераа со мажење една по друга и одма следуваа коментари од типот ајде и ти сега,што чекате,кога ќе има ново :puke: од вакви глупости да ти се смачи,па добро ако некој се одлучил за брак и ако е подготвен,јас можеби не се чувствувам така. Сега ги игнорирам,сигурно нема поединечно на секој од тие што прашуваат и коментираат да им давам објаснување за мојата интима (дали и кога ќе се мажам),нема грешка :^)
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.312
    Допаѓања:
    101.476
    Пол:
    Женски
    Точно кажано!! И јас сум 32 години, и не сум мажена и супер ми е!!!! Подобро среќна сама отколку мажена па да се расправам со глупости само за да се водам како мажена!!! Оффф леле отвори се земјо голтни ме и плукни ме подалеку од простава маса!
     
  11. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Искрено да ви кажам половина од моето опкружување се немажени девојки, немаат дрчковци ниту план да ги имаат, можеби потајно ги посакуваат , но кога ќе го сватат денешниот менталитет на популацијата без разлика дали е женска или машка сваќаат дека уживаат во тоа што се сами , а јас ќе ви кажам уште нешто уживај во тоа што си и тоа што ти најубаво никој нема да ти го врати времето поминато во дешифрирање на муабети кои не ти се на ниво на размислување.....поздрав.... :*
     
  12. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Тие што ја читале Библијата сигурно знаат дека господ не им одредил на сите да бидат во брак. Некој се раѓа предодреден да живее самотнички живот. Така да тие што зборуваат, ее види ја таа не се мажи, прво нека размислат дали е тоа по нејзина вина или едноставно така и е судено на третата вечер :!:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Хахаха не ми се верува помеѓу какви луѓе живееме. Секој сам си знае што сака, дали сака да се мажи, жени...кога и со кој ќе се случи тоа. Ами не е браков ајт набрзинка со некој идиот(нели цел живот треба со него да бидеш, фамилија да створиш),колку да не бидеш сам... подобро сама, немаш проблеми не те боли глава, си го живееш животот како што сакаш. Јас имам 21 па веќе почнаа родниниве, таква убава паметна добра, ами сега факултет завршуваш... како без дечко??? ами време ти е... доста шеташ со другарките,па нонстоп на телефон со нив... едно две ќе ме брецнат :^) Незнам што им е хахаха, јас им викам најубаво ми е вака шетам уживам, дури не најдам некој асален вака е подобро.
     
  14. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Па да ама немора ова да значи по секоја цена да сум мажена?и зашто би била несреќно мажена?ако си ја нашол љубовта на животот нема така да размислуваш кога си со некој кој најмногу го сакаш нема зошто да гледаш колку години си па да се мажиш :x јас искрено не би сакала на 30-40 да сум немажена сакам да си го средам животот, на 40 ли ќе го средувам ? секако не би стапила во брак ако нема љубов ама ако има негледам зошто да не одам немажена. на 30 г.да си сингл изгледа стана некоја мода кај нас, демек бркам кариера!!! успешна жена има време за се и за фамилијата и за кариерата и тоа и го исполнува животот!!јас вака размислувам..... :)
     
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Кај нас ти се сите „министри за туѓи гризи„,изопачен народ ти сме ние,ама тоа ти е.Се‘ нешто наоѓаат некого да напаѓаат,да му одредуваат како да зивее,како секој да не си знае што е најдобро за себе,а овие па советодавциве се‘ си решиле сами во своите зивоти,па со др. да се занимаваат мора,онака од „алтруизам„ чисто :D .
    Јас имам 31год. 7год.врска и уште не сум во брак,ми се случило на работа да ми носат постари луѓе внуци,кумчиња за да сме се запознаеле,луди се луѓево,бе :D .И тоа се‘стартувало од она дека дознале дека не сум мазена,па решиле да ми „помогнат„а јас не ќе им расправам на сите дека сум во врска и детаљи од мој приватен зивот!
    Секоја возраст си има своја убавина,во 30-тите јас узивам во сексот како никогаш досега,чувствата ми се интензивнии со највисок напон :D ,имам став за се‘ и знам што сакам од зивотот и од секого,знам да се одбранам ако било како ме напаѓаат,уште носам 36 и Ѕ величина и зиваем како што сакам!!!за инает на сите кои потајно ми го лепат овој епитет,а сигурна сум ги има,им показувам среден прст!
     
    На zhap4e, SuperGirl24 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  16. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Бидејќи триесетите се новите 20ти јас жена во 30 воопшто не ја сметам за стара мома, а за маж па да не разговарам. :)

    Секој има право да си ја најде својата среќа каде сака, ако неговиот избор е да не биде во брак, тоа е само негова работа.

    Ама тоа е прост народ силна држава.
    Во светот Мадона на 50 и кусур е главна риба а овде кај нас на 30 си стара мома....бог да чува
     
  17. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Ако е на 30 години и кусур, ако е немажена, ама ако ужива во животот, таа е жена. Ама ако е огорчена и исфрустрирана тетка на иста возраст, на која сите и сметаат и и се криви, е богами и јас би ја нарекла стара мома :tmi: :lol: Па боже мој, судбината, животот, окружувањето не секогаш ни носи среќа, не можеме сите да ја најдеме онаа личност што ќе ни биде подршка до крајот на животот. Ама добро, има и онакви кои сами си се криви :!: Како и да е, не смееме да се исмејуваме со никој.
     
    На MarchelineAmaru и Lilit им се допаѓа ова.
  18. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    абе на кого како му е пишано-така,некој на 40,некој на 16 :D некој па ич=на николку :D али тоа ти судбина
     
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Мислам дека секој си има сродна душа и кога-тогаш ке ја пронајде. Има луѓе што се мажат-женат и после 40 години, па што им фали?!
    Тоа ќе си дојде спонтано кога најмалку очекувате. И да бидам искрена, не познавам ни една баба што не се омажила и умрела сингл :lol:
    Ееее колку грди и прости жени се омажиле, зошто тогаш да не би се омажила некоја паметна и современа жена? Не се замарајте со тоа што го зборат другите луѓе. Живејте го животот за себе а не за другите.
    Тие кои сега ве озборуваат, кога ќе се омажите ќе ви завидуваат. Тогаш ќе велат „Ете ја, се омажи на 35, ама бар и се посреќи“... Барем јас така сум слушнала за некои мои комшики кои подоцна се омажија. Сега се сите многу среќни имаат сложен брак. Подобро да се омажиш подоцна кога позрело размислуваш, отколку на 18-20 години кога сеуште ништо не си видела од животот.
     
  20. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Аааа колку го мразам зборов значи ..... :@

    До кога вака бе до каде ? ! :headbang: Значи идеме вака девојката здрава права нормална има некои 25-26 до 30 да заокружам и нема дечко онака сериозна врска ... Ииии наеднаш имаме ......... АЛАРМ цела узбуна ваа. Што е работава што се случува да не е разочарана нешто, а да и најдеме некој леле греота па како не се омажи ах колку ја мислам па греота и нејзините колку се загрижена абе уста не ми се отвара .... Еден мал детал само а ја прашавте вие дали воопшто тоа го сака од кај знаете може на се родила со една единствена цел да се ОМАЖИ :fubar: ? !
    Може си мисли подобро и е да ужива сама одколку да се омажи и да биде секојдневно малтретирана и навредувана :!: . Колку ке чекаме да се сменат ваквите размислувања .... :^)
     
    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.