1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стара мома

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од aprokovic, 9 јануари 2011.

  1. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Оф леле па кога ќе слушнам дека на здрава, права, нормална жена и бараат маж со стројници.
    Е да ти пукне чирот од таквите. :puke:
    Во мојата блиска фамилија има девојка која има 32 години и сеуште не е мажена.
    Нејзината мајка и врши притисок уште од 18 години.
    Ајде ќерко време ти е. Врти сучи само за тоа се збори.

    Јас навистина дури помислувам девојкава не се мажи поради притисокот од дома.
    Еднаш плачеше и ми велеше, јас не сакам деца? Семејство? Маж?
    Сакам, но не сакам по секоја цена. Сакам да сум среќна со човекот кој ќе одберам за животен сопатник.

    Навистина многу е жално кога од дома немаш никаква поддршка, само притисоци.
    Јас мислам дека сите сме свесни за годините кои ни одминуваат. Сите имаме иста цел: Да создадеме наш дом и семејство. Особено жените кај кои мајчинството проработува.

    Некои порано, некои подоцна... На некои едноставно не им било пишано.
    Жалосно е кога околината осудува и критикува.
    Нема потреба од тоа. Секој со својата среќа.
    Никогаш не сум го насочила прстот кон некоја девојка и да реча: Што чека таа?
    Нејзин живот, нејзина одлука.
     
    На eloves, Trendafilka, MarchelineAmaru и 3 други им се допаѓа ова.
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Секој со среќата и со судбината, уффффффф и јас многу го мразам овај збор но постојат многу девојки кои се занимаваат со други работи т.е. се посвЕтени на кариерата па немат време за сериозна врска, не постои нешто поглупо и погрдо од тоа да останеш стара мома ........... ;) :x
    И се согласувам со венди дека некој можеби не се родил со едиНствена цел да се ОМАЖИ има и други поважни работи во животот, но доколку се сака се се можи, зошто да бидеш со некој ако не го сакаш само заради гласините, само за да не бидеш цел живот САМА ;(

    ЖАЛНО НАВИСТИНА ЖАЛНО
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Тоа се лични работи и не гледам зошто околината да се меша.

    Ме вадат од такт тие стара мома, ерген на стари години и шушкањето од страна за истите. |( Get a life.
    Не е проблемот во нив и во тоа да се земат со било кој, туку едноставно не наишле на правата личност за пример. Играат улога тука повеќе околности, неможност, финансиска состојба, пропуштена шанса, неприфатеност од семејството и така натаму.
    Има време, не постои одреден рок до кога смееш да се венчаш, иако со закониве на Владава... :yawn:
     
  4. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Јас па никако не можам да сфтам како кога си во солидни зрели години те гњават ајде мажи се,жени се времето ти проаѓа...а ако се мажиш или жениш помлад одма почнуваат - што ти требало толку рано, работа имаш,факс...ако си женско да не си останала бремена, а осоено ако е постар да не те прелажал,млади се мамат.....за него ако е финансиски осигуран со работа да не ти се упика таа, и жто ли уште не....абе кај оди светов....се од шлајм до поголем шлајм
     
  5. belladona

    belladona Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    повејке би сакала да бидам сама да не ми трие сол на глава мир да имам него да има секој ден она....зошто
    ова вака она може онака,јас кажав вака ке биде мене ке ме слушаш нема ваму да одиш....бла бла бла...нема да се мажам се додека не го препознаам тој што ке ме почитува сака онака како што треба...а кој што збори...па ние не живееме за другите нас како ни годи ...не се замарај што кој вели..се ке дојде на свое место... ;)
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    стара мома хехехе во ред многу ми е бедно кога ќе го слушнам зборов и иритирачки. Стара мома во никој случај никоја нема да остане секој кога му е време тогаш ќе рипне во тавче. Зрелоста и подготовката за брак е индивидуална работа. Во кој случај ќе остане девојка стара мома... Само ако е исфустрирана, самобендисана не домаќинка во стилот неперам туѓи гаќи :lol: :lol: море и ваквите денес си го наоѓаат крајот :lol: :lol: секоја паметна културна девојка која пред се има зацртана одредена цел неможе во никој случај да остане стара мома. а што повеќе стари моми толку повеќе мажи слободни хехехе
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Од кога па примарна цел на една девојка е да се омажи?!
    Многу ме нервираат вакви изрази и муабети.Кога и АКО дојде таков момент, супер, ако не, има и други убавини во животот.Не ќе тажиме цел живот и ќе се мажиме со сила само за да не бидеме стари моми.
    Ако одиме по тие заостанати муабети, јас на 21 година веќе сум стара мома.Срам да ми е.
    Дали на 20, 40 или 60, не е битно, битно е да си со човек што го сакаш и сакаш да го гледаш секое сабајле во креветот покрај тебе :)
     
    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Карак ме насмеја во врска за перењето туги гаќи :D Значи јас ако не се мажам ќе биде од причина дека не сакам да перам туги гаќи :wasntme: Не бе тоа ќе биде од причина дек не сум го нашла вистинскиот со кого ќе можам да бидам среќна.Што зарем да се мажам ради реда за само да му ги перам гаќите :rofl:
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Стара мома. Многу често слушан израз. Јас кога ќе слушнам за некоја дека е стара мома ме асоцира на жена над 40, не во триесетите или подоле. И најчесто сум го слушала кажан со доза на жалење. Дека жената е сама, нема маж до себе. Бидејќи да, друго е кога имаш некој до тебе секогаш, некој со кој ќе се крепите и во старите денови, ќе си го делите товарот, ќе бидете заедно во добро, ама и полесно ќе ги сносите лошите работи во животот. И затоа жените кои го осетиле овој благодет така зборат за оние кои нели, останале стари моми. Иако искрено, жена која поминала низ лош брак или живее заробена во таков, ова го кажува со доза на љубомора. Сум го слушнала и така и така кажано.
    Инаку, секој со својата судбина :)
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    На темава сум се изјаснила и претходно само сакав да надополнам околу менталитетот кој формира широка лепеза за подбив кон женскиот пол со овој или некој друг од „епитетите„ кои ги имаат на лагер и ќе се самоцитирам од една претходна дискусија на др.тема каде го имам доловено својот став -

    Ако некоја роди вонбрачно дете предмет е на оговарање и во неа се уперени прстите на душебрижниците наоколу, ако не роди и е надвор од брак - стара мома и пак ист ефект, ако се разведе - распуштеница и ефектот д сејм, ако е во ужасен брак (семејно насилство, коцка и низа др. проблеми) пак исто, ако остане вдовица - истото на квадрат ли, куб ли веќе не знам да ја пресметам прогресијава... Наравоучение - сите категории жени се предмет на оговарање и кон нив се вперени прстите на оние кои се доволно ограничени да видат дека можеби уште утре самите тие или нивните ќерки, сестри, пријателки, комшики и др. можат да и припаднат на било која од категориите што ги набројав. Бидејќи животот е непредвидливо променлив, а женската судбина и мака знаат да се огромно бреме. А лошата карма ги стигнува сите со ширум отворени усти, зад ограничените и подзакржлавени мозочни вијуги, бидејќи сечија семејна удобност може да биде нарушена на било кој начин и „сожалувачот„ лесно може да стане предмет на ист таков вид на сожалување.
     
    На eloves, Trendafilka, MarchelineAmaru и 5 други им се допаѓа ова.
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Изразот стара мома иако грубо звучи, донекаде си има смисла...Не е мажена значи мома...но во поодминати години, значи стара мома (бреј колку сум паметна)... Прашање е бројката на тие поодминати години, дали се 30, 40 или 50...Ако некој може научно да истражи и израчуна, нека повели...
    Овој израз ќе биде навредлив само за оние кои се чуствуваат како слика и прилика на она старинско сваќање за стара мома-кутра девојка која немала среќа да се омажи...А дали вистината е баш таа, дека ете немала среќа или можност а силно го посакува тоа, или пак е тоа нејзина одлука со која се чуствува комотно, самата девојка си знае па според тоа и така ќе го сфаќа изразот-или како навреда, или нема воопшто да му придава значење...
     
  12. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Жената е стара мома само доколку така ја обележат поради хронични дисфункции во малограѓанскиот систем или пак доколку самата така се категоризира.
    Еве, пример јас сум второто. Барем верувам дека заради тоа што така се чувствувам ми отстапуваат место во автобус. :wasntme:

    Стара мома ќе кажат и за некоја која решила да е сама зашто едноставно чувствува апатија кој брачен/вонбрачен живот.
    А како стара мома можеш и да се чувствуваш и ако сите пилиштарки кои гугумамататале кога ти си била осмо, сега имаат првачиња веќе... и тоа не од љубомора туку од големината на личната желба што повеќе да се зграби од животот.

    Засега лично за себе не ми е темава во негативна конотација. Сметам дека секоја гледа некоја убост во безпартнерскиот живот. Ако не гледа - ене 500 евра, бап зетче. Е не! 8)
     
    На stylishh му/ѝ се допаѓа ова.
  13. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    184
    А*К си ти стара мома на 24 шо да ртечет оние шо имет над 40-???? :tmi: :tmi:
     
  14. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    Па за жал многу од младите попримаат од нашите баби кои сеуште живеат во турско...со такви примитивни сфаќања ....мислам а и зборов стара мома е толку тажен и патетичен....мислам кој го употребува тој збор сеуште?!! :lol: веројатно баш таквите моралистички бабички и тетки кои сеуште живеат у турско
    така да уживкај си мила и свиркај си...во животот се ќе си дојде
     
  15. aprokovic

    aprokovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    45
    Ех пријателки, не ми ни текнало да видам што се случува на форумов.. Денес болничка па користам да се изналежам, имам оправдание и пред другите и пред себе, најдобро е ова пред себе. :D Незнев дека имало и други коментари на мојава тема.
    Знете што оваа Ваша стара мома во меѓувреме многу се заљуби и сега што правиме со сите душегрижници а? А плус имам работичка, ја пишувам магистерската, прошетав Шпании, Италии.. А ајде безвезно е ама ќе напишам, да некажам просто, ова дека сме наши, дечково испадна топ прилика баш за фалење, верувајте. Ова само во контекст на она дека не е што било, него најдобро, не е нешто што останало..
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ајде ајде па побрзо на свадба да ти играме :D ;)

    Да не бидам офф можеби навистина е глуп израз за такви особи ама реалноста е др. т.е навистина постојат такви. И никогаш не ми биле јасни. Зар хормоните кај нив не работат :$ . Разбирам лош период кога не ти е до дружба, искачања по кафиќи, досада ама да си викаш дека нема никогаш да се мажиш е тоа не ми е јасно. Или пак чекаш принц на бел коњ а не се гледаш самата себе си и за тоа :x . Бар да сечеш вени за некој кој те привлекува и тоа :x .
    Не мора да значи да тоа го направиш и против своја воља или идеш против себе е тогаш е нехумано ама па и да не се заангажираш малку и тргнеш во лов на елени :$ или лечиш некои комплекси или ти изгорел третиот транзистор во главата. Е ова е според мене ,,стара мома,, а годините не се ни битни (ок, 80 год се веќе длабока старост :) )
     
  17. aprokovic

    aprokovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    45
    Благодарам.. па и на тебе да ти играме. :) На крајот само љубовта е битна, се друго е само институција, форма, облик. Тема за развивање „филмчиња„ во душебрижното ограничено окружување. Мене и вака ми е најубаво, кога сакам и сум сакана, сама е ок, во друштво е многу позабавно.
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Аааа мене ми играа на свадба пред 4 год ;) . Убаво е кога имаш со кого да делиш, дали тагата, среќата, креветот :$ ...
     
  19. aprokovic

    aprokovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    45
    Феминки пријатели па и по некој пријател, оваа стара мома, во саботата доби свршенички прстен. :) И сега се префла во категоријата СВАДБИ. Денес баш читав таму на која рака се носи прстенот :), како бев запросена на пат за празников во Будимпешта, освен мама и тато, Вие сте еве вторите кој дознавате од моја страна.

    Кога ја отворив темава, не мислев на мене лично ама навистина, кога би ме познавале ќе верувате дека е така. Мене никој не ме доживува така.. бев едноставно испровоцирана од тесноградоста и кусовидоста на нашиот народ. Јас куртулив изгледа од такви квалификации, ќе речат може едвај и во последен час :^) ама знете не куртулив од да сум распуштеница.. и од милион глупи, баш глупи и незадоволни замарачи со туѓи животи. Тоа е, прост народ постоел и за жал ќе постои, тоа е единствено извесно во иднината. Другиве може да се обидеме да им укажеме на погрешноста и површноста и само толку.
     
    На eloves, aaaaa, Nine25 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Честитки aprokovic :* цел живот среќа да ве прати, да не знаете за лошо, само среќа да ве следи секогаш

    Иначе гледајќи го она сето што татко ми и го правеше на мајка ми кога беше пијан, ме фаќа страв да се мажам, понекогаш размислувам подобро стара мома отколку да трпам навреди,
    но понекогаш посакувам да се омажам, да имам свои деца....
    Се надевам скоро ќе се мажам и јас :lol:
     
    На aprokovic му/ѝ се допаѓа ова.