Факт е дека секој човек сака или посакува барем да остаре опкружен во хармонично семејство, деца, внуци... но не секој ја има таа "чест". Убаво е човек да остави следна генерација на земјава, но под услов да биде посакувано и без притисоци од околината и блиските. Јас верувам дека секој има своја друга половина некаде, само прашање на време е кога ќе ја најде. Е сега глупаво ми е и кога слушам коментари од типот на :"немора да се трудам, не излегувам, ако има некој за мене ќе се појави..." Епа сигурно нема да дојде и да тропне на врата. Сум имала и ваков случај на малку повозрасна братучетка, која што буквално беше разочарана од животот, дека не можела да си најде асален дечко и ги зборуваше токму овие работи. Малку оптимизам треба во вакви ситуации.
Ми поминаа морници кога ја прочитав темата, навистина. Што се не има по светот. Изгледа јас не сум во тек со времето но однеодамна добиваш етикета на „стара мома“ доколку си немажена до 19-20 години, да да. Е, таква етикета добив и јас - стара мома сум а имам неполни 20 години. Секојдневни муабети за истото, тоа па тоа, ми прекисна веке, јест како постари да ги испочитувам - ги сослушувам , ама.. не се може бре векје! А дали некој ке се омажи/ожени секој си има право на избор. Има луѓе кои не сакаат брак,едноставно не сакаат да се врзуваат и сакаат да живеат слободни и сами. Има луѓе пак кои премногу бираат,па после на крај остануваат сами и се каат поради испуштените прилики. Има луѓе кои едноставно ја немале таа шанса.Секој со своето. Не ги осудувам во никој случај.Секој има право на избор.
Да бе, уште малку и на 16 години ќе бидат ергени и стари моми, дотаму дојде работава. Не е стара мома за мене жена што има 32 години, таа е современа жена на која приоритет и се некои други работи како на пример кариера или нешто трето, а не и е приоритет да се омажи и да чува деца.
Стара мома е груб збор, и глупо е да се определува граница. Тоа може пример,како и што сие во медицината староротка е над 26/27години.Но тоа е друго значење. А ова, според мене, да не ме сватите погрешно ама за девојка која веќ наполнила 30/32 треба да поработи активно на тој план. Не велам дека со било кого треба да го помине животот, но и ако го помине сама,да знае барем дека се потрудила да побара.Таа да не не сака семејство,деца,маж? Некој ќе рече кариера,ова она.....абре луѓе да не се лажеме,самотијата е најлошо нешто. Родителите сега се тука утре ги нема.Роднините ги немало кога требало а не па во поизминатите години. Таа девојка утре жена во години,каде сама? Во денешно време и животниот век е пократок, па уште на 35 прво дете? не зборам за тие што со години се труделе дете да имаат, туку за оние што лумпувале до 5 сабајле по дискотеките.
Никаде во медицината не се рачуна за старородка жена од 26/27 години, општо прифатен светски стандард за постара родилка се рачуна жена над 37 години Стара мома ми толку грд израз што просто ми се гади од самиот збор, а уште повеќе од тие што го употребуваат. Не значи ако некоја останала не мажена мора по дифолт да шетала по дискотеки до 5 наутро или пак да бркала кариера, колку луѓе има по светот толку и различни животни приказни има. Имам комшика во Скопје што 20-тите и поминале во негување на болен татко а потоа на сестра и која се разболела од рак, 30-тите и поминале во негување на болна мајка која по смртта на мажот и ќерката доживеала мозочен удар и беше неподвижна. Можеби некоја друга немала да си го посвети животот на негување на најблиските и ќе си гледале за себе ама ете мојата комшика не жали што останала без сопствено семејство, не е фрустрирана или во депресија, смета дека постапила исправно што во најтешките моменти им помогнала на најблиските. А вакви и слични приказни има безброј по светот затоа никогаш не судам или пак уште полошо да си мислам дека сум над тие што не се омажиле само затоа што имам маж и дете, некому му е приоритет во животот да се омажат и да формираат семејство некому не му е, секоја со својата судбина.
Многу, ама многу ми прчат стереотипите, класификациите, наметнатите ,,норми и вредности,,.. Сакам слободни и истовремено среќни луѓе, облиците и моделите за тоа не ме интерсираат. Секој со својот живот, ако можеш помогни ако ти бараат помош, ако не живеј го сопствениот.. Умирам кога ќе чујам муабет дека некоја е исфрустрирана и надрнкана, само и само врз основа на тоа и како резултат на тоа дека е немажена?? Од типот ,, учителката оф, остај една немажена, прва доаѓе, ги тормози, да не има таа деца што знае СИРОТАТА,, .. Ајде јас да не се нервирам, одам да сработам нешто, на работа сум.
Вака е кај циганите . Една моја школска ми кажуваше дека кај нив стара мома и викале на некоја што се мажела после 18 години
Кај нас па, се` е срамота, да си стара мома, да си разведена, да си со некој долго време па си се зела со некој друг, да се земеш немажена со разведен, се` е срамота. Не си ја гледаме нашата работа, за неа други гајле берат, па ај ќе му ја мислиме за туѓи животи. Менталитет си е тоа, мењање нема. Ако планираме да останеме во оваа земја мора да научиме да живееме со тоа пошо никад никому нема да чиниме. Срамота било бе!! Па судбина се тие работи, не може човек да ги смени...офф..
да бе очигледно само тие што се мажени се добри и паметни "старите моми и ергени" не чинат по можност и да ги линчуваат ако можат.Глупости живи секој има право на споствен избор како ке го живее животот кога и на колку години ке се мажи или жени.За тоа нема право никој да му наметнува мислење или да го деградира зашто има над 30 години а не е во брак. За мене понесватливо е кога некој стапува во брак на 18 години отколку на 30. Жените со години се борат да се смени тоа мислење дека треба да се домакинки да седат дома да готват и да чуваат деца,ние пустите упорни да се вратиме во 15 век фали уште пак да се врати тоа време кога родителите им ги бирале идните мажи праеле договорени бракови и тогаш мислам дека сите ке бидат срекни и задоволни и ке нема стари моми и ергени за оговарање. Во секој случај ГЛУПОСТ невидена е некој за некого така да коментира.
Трагедијата кај нас е што секој прво гледа во дворот на комшијата,а после тоа во својот.Се запрепастив пред еден месец кога моја роднина ми кажа дека годините почнале да ме газат и време ми било за сериозна врска.На 21 година?Ајде ако не на 22 да се омажам .Како прво,јас сум човек што не сака да зборува за мојот интимен живот,така да некоја особа што ја гледам само на свадби и погреби нема потреба да знае дали имам дечко,колку време одиме,што работи и сл.Јас ама баш ич не се замарам со тоа што ќе ми кажат поединци.Ако нив им било приоритет во животот на 22 да се омажат и на 23 да чуваат дете,мене не ми е.Ако треба и до 30 ќе чекам ама сакам да бидам сигурна дека човекот до мене е тој вистинскиот.Како што кажаа и некои од вас,работата може да не успее па после ќе биде ете ја се разведе,остана сама со децата.Така да гледајте си се себеси и не се замарајте што ќе кажат луѓето,зошто они секогаш ќе најдат причина за да зборат
Незнам тогаш, ја така имам чуено, една професорка баш кажуваше она кога се пораѓала и кога и влегла докторката и рекла вие сте староротка, и оваа и рекла, па ако сметаш по тоа дека е второ вели ДА, и докторкава и рекла, не не по тоа туку по годините. А она имала тогаш 27.
Од вакви муабети за дете на стари или млади години ми се Најбитно е правилно да го воспиташ детето и да направиш човек од него, а дали ќе имаш 50 или 70 години на неговата свадба е најмал проблем. И се уште не разбирам зашто луѓето не можат да сфатат дека и самите луѓе можат да бидат задоволни и среќни. Зарем ако не најдам некој што ми одговара треба цел живот да бидам депресивна или да се омажам со некого само зашто комшиката ќе збори дека сум стара мома А другата комшика ќе и рече дека многу пребирам, па затоа и ќе си останам таква. Животот би бил многу поедноставен кога секој би си го гледал сопствениот.
Простотилук невиден одвратен збор стара мома.Комшиките мои почнаа да се мажат една по една и кој како ќе ме видеше во маало паѓаа муабети ајде и ти што чекаш комшикине се омажија, а комшиките по 15/16/19 години ,уште не излегле од на мајка им таквата се мажат и сега браковите не им чинат и после слушаш муабети епа така е кога се мажат млади пилиштарци.Абе секој со својата судбина а ако слушаме народот што збори никогаш не можеш да им угодиш увек ке ти најдат маана.Ги омажиле ќерките на 16 год ни школо немаат завршено ни свет виделе нит прошетале ке солат памет 32 год девојка што создала нешто во животот се надградувала иживеала и на крај и таа ќе си ја најде среќата, и тогаш пак ке слушаш муабети море таа си прошета виде се и ете ја сега се омажи, не бе никако не си со овој прост народ само игнор и чао пријатно.
^^Сноу немам намера да ти солам памет само ми падна во очи дека веќе 3 или 4 пати си напишала дека според медицината старородка е жена од 26/27 а тоа едноставно не е точно. Не би навлегувала во тоа колку е веродостојно кажувањето на твојата професорка, и башка сметам дека како професорка требало да се информира подобро пред да шири дезинформации а за докторката пак ако такво нешто и рекла тогаш и таа е крајно непрофесионална, такво нешто нема право да каже ни на родилка од 40 години не пак на родилка од 27 години. Жалосно е што ние самите жени си лепиме вакви погрдни изрази, дали од потребата да си мислиме дека ете подобри сме од другите или што е работата стварно не ми е јасно. А симптоматично е што вакви етикети лепаат баш оние жени кои немаат успешен брак, мажите има шетаат по други, јадаат ќотек 3 пати во неделата ама важно имаат маж и деца а не као онаЈа за жалење што е сама останала никој не ја ферма, ќе нема на стари години кој да и подаде чаша вода Нападот е секогаш најдобра одбрана
bittersweet,таман работа, не те сватив погрешно... само пишав дека тоа не е од мое лично искуство, туку е чуено. затоа велам дека може и не е точно. А за самата тема веќе се изјаснив неколку поста претходно
За мене нема стара мома секој има право да живее како сака најважно е да е среќен/а,не е важно кој што рекол важно е да си среќен/а.Има бракови каде се тепани,омаловажувани,па тогаш како да се рече за нив.......
Можеби тие што до 5 сабајле лумпуваат по дискотеките се слободни девојки, можеби бараат некого, зар очекуваш да седат дома да везат гоблени и да го чекаат принцот на бел коњ? Или па треба да се омажи со било кој само да не ја етикираат како стара мома. Ептен глуп израз бе луѓе ми е тоа стара мома нека се исфрли од употреба Секој си има право на свој избор во животот, а и животот не е фер со сите луѓе подеднакво секој неможе да си пронајде сродна душа!
^не реков гоблени да везе дома. ама па и 10години само на тоа да ги потроши....незнам тоа е мое мислење