1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стара мома

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од aprokovic, 9 јануари 2011.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Како да живееме во 15 век а не во 21 да му се плукнам.
    Ме нервира кога некој за некоја ќе искоментира види ја 29 начукала уште ни дечко има, па тек за мажачка.
    Комшиите мои, имаат 3 ќерки, првите две многу рано се омажија, уште на 21-22 ама најмалава не се дава лесно, не е ич на сестрите.
    Девојката работи, излегува често и слушам многу бабичиња ја оговараат, како била стара мома во споредба со сестрите, требала и она како нив, од раце ја испуштиле последнава, најмала па ја разгалиле.
    А оваа уште 30 нема |(
    За мене се ова буквално малограѓански муабети, застарени сваќања.
    Секој не е способен и зрел уште на 23-24 да рипа во тавче, алал да ви е на тие што се.
    Не треба да се изрузва доколку неколку битни фактора не ти се уредени.
    Додека не си спремен ти лично психички и нормално ако не најдеш некој кој вистински го сакаш и сакаш да бидеш со него, во добро и зло.
    За никоја не сметам дека е стара мома, дури ни за онаа која има 50 а не се омажила сеуште.
     
    На eloves, LUCI 99, Boleyn.7 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.006
    Пол:
    Женски
    Ме нервираат подбивањата на некоја личност како на пример види ја оваа толку години а не е мажена.. значи не треба да осудуваме без да ги знаеме причините, можеби таа иако има 30 год. не можела да најде некој човек што се сложува со него. не е само да се омажиш а животот понатаму да ти стане неподнослив па разводи и сл... добро размислете пред да го направите тој чекор
     
  3. safija35

    safija35 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Па нормално е да има стари моми кога и ние девојките незнаеме што сакаме. Премногу бараме идеални услови и идеален партнер, и на крајот остануваме сами. Јас се залагам доколку девојката неможе да си најде сама маж, таа задача да му се препушти на семејството. Порано исклучиво семејството т.е најстариот член го бирал партнерот на девојката која според некои нивен критериум била подготвена за мажење. Мегу другите работи девојката требало да знае да готви да се однсувва пристојно...... Е сега некој ќе рече како ќе бидам во брак со некој што не го сакам или едвај го познавам? Па бракот е за тоа да се запознаете и да се почитувате, и нормално дека ќ го засакаш штом си со него. И мајками и таткоми не се знаеле па еве што им фали толку години се во брак. Сите мажи се исти битно е тој да е од добро семејство да не те малтретира инаку се остаато има исто како и секој маж. Ако му се препуштиш на мажот со кој што си целосно и да не ти се врти во глава дека има подобар или а, што би било и како би било да бев со овој или оној ке имаш убав живот и друштвен и сексуален жиот. Но ако го ставиш сексуалниот живот пред се останато секако дека ќе си го уништиш бракот.
     
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Со сигурност жена на 26/27 години не се рачуна за староротка,тоа се глупост невидени,значи за младоротка ќе се смета жена до 22/23?
     
    На lepadama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    4.343
    ^ Safija според мене врската меѓу дечкото и девојката е за да се запознаат подобро и за да сфатат дали се спремни или си одговараат за во брак. А ти велиш дека бракот е за тоа. Се лажеш.
    Порано можеби биле други времиња, но зошто ние во 21 век да се навраќаме на време уште од турското.
    Мајка ми и татко ми да ми наместат маж? Тоа не можам ни да си го замислам.
    Доволно сум способна да си одлучам сама што да правам со мојот сопствен живот, а не другите да ми мислат.
    Сите мажи биле исти. Секој е човек... и мажот и жената. Сите сме човечки суштества со свои маани и доблести. Ако бевме сите исти и со секого би било многу полесно.

    Не знам колку години имаш, но размислувањето ти е застарено.
     
  6. safija35

    safija35 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Имам 25 години и навистина мислам дека договорените бракови се по успешни отколку оние кои наводно сами ги бираме а ниту знаеме од каква фамилија е ниту скоро ништо. Ја знаеме само онаа фасада која може да нема врска со истинскиот човек кога ќе влеземе во брак. Велиш секој човек е различен! Да, различен но во суштина сите имаат ист алат, со мали разлики и убавина со мали осцилации. Затоа треба да се открие внатрешната убавина на човекот да го засакаш духово, а сексот е помалку битен дали имал волкав или онолкав алат. На крај на краиштата битно е жената да го задоволи мажот а ти ако некогаш се деси да не свршиш можеш да отидеш во друга соба да измастурбираш или под туш и готова работа, битно е да е тој добар човек и добро да се однесува со мене. Инаку сексот пред брак е чиста глупост, демек да сме пробале што повеќе. Јас за жал не сум невина и неикам дека ми е жал но од ова гледна точка би сакала да сум невина.
     
    На lepadama и vitomir им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Од 25 год па нагоре се стари моми па и момци,колку сакате негирајте ама така си,биолошкиот часовник си чука и за девојката и за дечкото,но сега ние што сакаме до 50 год да бидеме млади тоа е друга работа.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Glorich

    Glorich Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    16
    Се согласувам целосно. Една моја познаничка влезе во климакс на 34 години, среќа веќе имаше деца...
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.274
    Пол:
    Женски
    Mал заклучок:стари моми и ергени над 25 години,ама само биолошки :P ,може ли така?
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Кај нас бабиве во маалото секоја што има повеќе од 22-23 години и лепат етикета стара мома..
     
  11. safija35

    safija35 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Според мене стара мома може да се нарече девојка после 35-40 години, бидејки сега е поместена границата на межење/женење а и има многу срамежливи особи кои едноставно неможат да воспоставатврска со спротивен пол, и затоа велам дека понекогаш треба да се фклучат и постарите и да помогнат.
     
  12. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Јас имам другарка што има 40 години и е немажена.
    Девојкава е најпрекрасна особа на свет-секогаш спремна на секого да помогне, супер се однесува со сите деца-децата ја обожаваат, има супер кариера, финансиски ептен добро стои, паметна, културна, воспитана...ама за жал-нема среќа во љубовта. Порано, на сите ни местеше дечковци, кога она имаше дечко, а некој од нас беше сама, секогаш не викаше со неа и дечко и-за да не бидеме осамени.
    Но, стварите се менуваат, сите другарки и се омажени, секоја си има свој живот и неа никој не ја дружи, сите забораваат колку добри дела она има направено за сите нив. Премногу е осамена, по цел ден седи дома, нема со кого да излегува, нема со кого да оди на одмор, многу ми е жал зашто заслужува да биде најсреќна!
     
    На smigool му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.180
    Допаѓања:
    10.787
    Пол:
    Женски
    Јас имам две баби кои на времето "стари" се омажиле, на 22-23 години, едната дури и земала помлад маж зошто постарите сите веќе биле женети, немало ергени за неа. :^)
    Сега се преоптеретени со тоа дека еве ќе дипломирам годинава, и да ги цитирам:
    "Одма да се омажиш!"
    Абе немој... :D
    Ама што е сигурно, сигурно си е, не сум разбирала јас од немажење, колку било тоа тешко, па ќе ми раскине дечкото ако долго време не прифатам да се мажам, па после друг нема да ме сака...
    Не знам дали да се смеам или да плачам на муабетов. Сакам да бидам помлада мајка, да си родам деца пред 30, ама тоа не значи дека ќе се брзам. Што, возот да не ми избега? Башка не е ова селото нивно, каде што ме чека нивата да ја копам, па да си вадам живеачка. Морам да завршам факултет, да се вработам, да имам од што сметки да платам и на детето пелени да му купам.

    Лошото е што кога на една девојка ќе и дојде редот дека сака да се мажи и раѓа, може пошто-зашто да си најде некој, и после бракот не го бива. Секако дека е подобро помлади да почнеме врска, да го запознаеш човек, да гледаш кога бираш - што би рекла мајка ми. Ама нема години на тоа. Како си се осеќате дека ви е редот.

    Само една работа, немојте немажени да останете зошто мажите не чинат. Ако сите не ви чинат, до вас е. А стара мома не си додека не се осеќаш така ;)
     
  14. smigool

    smigool Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    355
    Пол:
    Машки
    Како може да нема ...... одма да ме запознаеш :)
     
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Мене овој термин стара мома,особено ми оди на нерви.Тоа е според мене исмејување на некоја која ете од било која причина не успеала да си го најде соодветниот партнер.Исто важи и за мажите.Е сега друга приказна е што ако подоцна се омажат намалени им се шансите за потомци...ама па не се сите луѓе исти ,и сите не мораат да се однесуваат по утврдени правила.
    Има луѓе кои бираат да останат сами има луѓе на кои едноставно не им оди љубовта.
    И едните и другите заслужуваат почит!
     
  16. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Јас сум сам по избор,

    не по свој избор :rofl: :rofl: :rofl:

    Го прочитав ова некаде :lol:
     
  17. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Сеа е у мода да си стара мома бе. :D Тоа значи дека си пребирлива :lol: Инаку да и јас сум веќе стара мома, а може и староротка ќе станам кај и да е. (според строгите критериуми на баба ми)
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Зборот „стара мома“ многу грдо звучи. Кога ќе чујам некој да изговори таков збор, одбивен ми станува човекот и се гледа дека има предрасуди. Не значи дека тие луѓе што се немажени. неженети дека не вредат ништо. Може да се фини, паметни, ама немале среќа, а од друга страна кога ќе видам жена што не знае да се исчешла и избања , да заличи на човек, што таа да не е подобра од некоја немажена жена?Глупости, имам тетка она анализира цело маало девојките кога ќе се мажат и ако не се омажат кои се причините. Само вика „ќе си останат„. А не гледа дека нејзината ќерка е во лош брак и син и исто.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Многу глупаво звучи ова стара мома, кој го смисли. Ајде некој нека ми каже старосна граница до толку години си млада мома, а од толку стара. Нема врска, немаат врска годините, ни човекот. Туку средината ни е таква, закоравена. За другите знаат да кажат стара е, грда е, лоша е, не е мажена, а сопствениот живот, своите деца и нивни проблеми не ги коментираат.
     
  20. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Па што и да е 40 години...Секој има право да избере кога ќе се омажи/ожени и дали воопшто ќе се омажи/ожени. И што сега? Треба да се омажиш со најголемиот идиот само за да не бидеш „стара мома“? Глупсти...Колку прост народ сме ние, Македонците... :(