Кај има сега млади моми све е постаро,границата за брак е поместена сите се мажат,женат на постари години,секој како му одговара,а што има коментари од околината има,да те видат не се мажиш до 23-24 те прават стара мома а не до кај 30
Денес слушнав коментар од еден што учи со мене. За 29 годишна девојка во топ форма рече дека е стара што не ќе чуеш овде. За брак, кој кога сака и кога може нека влезе, немам зошто да критикувам и да се грижам за нечиј друг живот.
Кога го видов насловот ме потсети кога ми се потсмеваа заради тоа што немав дечко, а јас 18 години имав. Сите тогаш беа во врска, па за мене родниниве викаа дека ќе останам стара мома. Боже сачувај. Као нема време пред мене па ајде уште на таа возраст такви зборови да слушам.
Нема денес стари моми, имало во времето на бабите наши. Денес побавно старееме, напреднато општество, појачани перформанси. Али, боље стара мома, него ли ми ти младо бапче на чешма, мачениче душегрижничко. Значи, ова младо бапче не се однесува на возраста на мажење на жените, туку на духовната состојба и истрошеност на млади луѓе кои наместо да грабаат со полна пареа од животот, да си ги остварат замислите, јер 2х младешка сила и елан нема да имаат, се занимаваат со креветот и животни настани на други.
Најтрагично е тоа што ти викаат дека си стара мома, личности кои го зеле првиот што се нафатил да ги ожени, пошто поминале урка и вретено или заглавени со погрешна личност, алкохоличар, коцкар и сл. На мене ми се има случено девојчиште од 18 години да збори за мене и за золва и како не била мажена, имала 23 години, па уште се фали еве ја на 17 се омажив, до 18 родив. Е бравооо многу си направила, дури и средно не го заврши! Немам ништо против тоа некој рано да роди или да се омажи ама нека не коментира, не збори глупости. Дури и јас сум се замислувала како млада мајка, сум сметала до кај 21 да имам семејство но не оди така се во животот па сум се насочила кон постигнување на цел, на нешто што ете ќе вложам енергија наместо да се мислам зошто не сум мажена. Години не се мерило за злрелост за стапување во брак, ама не секогаш се наоѓа личност вредна за да го поминеш животот со неа, да родиш деца, да инвестираш во куќа или стан! Не ми вреди ништо ако се омажам и не дај Боже имам несреќен брак, лош партнер и трчам по суд да се разведам, па деца да страдаат. Накрајот на краиштата на нас другите покасно ни иде среќата оти е многу голема и за да ни потрае.
Границата за стапување во брак е толку многу поместена, што веќе нема правила и лимити, а озборуваат само нееманципирани личности, на кои не вреди да им се посветува внимание. Нека си го хранат егото, ако тоа им помага.