Ако донирала некоја во Копче, чисто ме интересира дали вистина завршува облеката онаму каде што треба? Прашувам зошто гледам дека е во склоп на Црвен крст.
Во Копче се продава селектирана облека што претходно е донирана, а парите на крај каде завршуваат може некој ќе каже што повеќе е упатен.
Ја перам, ја пеглам и ја носам во црквата Свети Спас во Драчево. Порано ја оставав во Црвен Крст ама кога видов какви срања прават ги баталив. Ваму знам дека ја даваат кај што треба.
Дополнително тоа и мене ме интересира, зашто во една група прочитав дека негователите на Црвен Крст не зеле два-три месеци плата. И една жена прашуваше како да остави човек кој зависи од нејзе..
некоја страна дали знаете , каде можам да објавам облека и чевли за продавање , гледам моја гардероба ја имаат затворено страната
А како функционира ова? Ги даваш алиштава, имаш пари нешто од тоа, или?? Не се разбирам, зошто до сега обично сум ги подарувала.
не знам. Ќе ја разгледам за кратко страната. На моја гардероба си отвараш "продавница" и сама си продаваш.
@Aleks.mar @Mumoftwo30 Ја сум многу мрзлива за читање упатства и правила само паметам дека може да продаваш под свое име или како продавница. И трета опција имаше изгледа. Засега не се плаќа членарина. Веќе има некоја бројка продавачи, па да видиме како ќе тера.
И јас направив профил на винстрит, само немам време да му се посветам баш. Досега имам ставено само неколку парчиња облека. Ама ретко го отварам. Се надевам ќе се разработи.
Не, моја гардероба е затворена исто функционира како МГ оваа што е пишана погоре. Би отворила продавница тука само не знам кога,сега немам време