Последниов период селектирам речиси неносена облека/чанти/чевли; нови книги/тефтери. Пакувам од сѐ по нешто во кесиња со цврсти рачки. Оставам на места каде има доволна оддалеченост од контејнери, со цел да се запази хигиената. Најдобро ми е кога има некаква ограда за да ги закачам. Приметувам дека истите се земаат, а се надевам и користат. Сега си барам нови и нови места за оставање, барем кога некаде се движам да оставам. Во групи за донирање не нудам, истиве се препродаваат.
Намерата е убава, ама воопшто не ми се допаѓа така да се закачуваат ќеси исто како оние мебел што оставаат надвор. Зошто само не ги однесеш во црвен крст тие си ги сортираат и си ги донираат каде се потребни? Треба да се грижиме сите ние за градот во кој што живееме, да биде убав а не расфрлан со отпад насекаде. Што ќе биде сите сега да почнеме така ќеси да си закачуваме? И од кај знаеш дека не земал некој подот дома да си го брише? Плус сите ќе мешаат да видат што има и ќе расфрлаат облека низ цел град...
Те сфаќам. Ама дека оние од Црвен Крст секогаш се замараат, не баш. И они знаат да одбијат или да фрлат. Можеби и членкава нема секогаш време да ги носи, ова ѝ е побрзо и попрактично. Сама си кажа дека ги земаат работите, што значи дека не се формира отпад. И моја комшика од едното маало остава работи кои не ѝ се потребни во видно поле околу кафичи или не многу блиску до контејнери. Секогаш има луѓе кои ги земаат.
Да се направи хуманитарно катче и таму да се закачаат работи да, ама на секое оставено да биде сортирана облеката и да се пише кој број на облека, дали е машка/женска, посебно книги да се пише кои книги се дали прибор школски (што е многу тешко да успее во нашата државичка)... А вака да се расфрла низ град и да се закачаат ќеси не, прво не изгледа убаво, да кога го прават тоа еден-двајца брзо некој ќе го прибере ама ако од тоа почнат сите така да донираат на што ќе личи..
Молимте немој да ме едуцираш на тема управување со отпад. Исто, мислењето соодветствува на темава што со облеката која не се користи. Како што и пишав, сето е (скоро) ново, повторно испрано и соодветно сортирано. Пред да се најдете некогаш повикани, размислете зошто е напишано. Можеби за да се поттикнат луѓето да не ги продаваат своите парчиња, зошто реално тоа и не е некој начин на заработка и може вистина да се помогне некому. Поздрав. пс. на тема книги воопшто нема да коментирам. Ако сум решила да делам од своја лична библиотека значи имам причина зошто го правам ова.
Неколку години постапувам слично и целосно го поддржувам овој концепт. Еднаш донирав преку група на фејсбук и тоа беше првиот и последниот пат заради препродажба. Јас исто уредно ги пакувам во пакетчиња и на нив пишувам дека станува збор за користена и сочувана облека. Не ми текнало да ги оставам на различни места, најчесто на тротоарот во близина на контејнери. Земени се уште истиот ден.
Патики и ташни оставам у зграда, ете вчера отидоа дваесе комада, а алишта у контењер за алишта и плус по другарки.