1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Старбакс (Starbucks)

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од Kasha, 28 септември 2011.

  1. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.263
    Старбакс е меѓународен синџир на кафе и кафулиња, со седиште во Сиетл, Вашингтон. "Старбакс" е најголемата кафуле компанија во светот, со 17.009 продавници во 50 земји, меѓу кои над 11 000 во САД, над 1 000 во Канада, а над 700 во Велика Британија. Старбакс продава цедено сварено кафе, топли пијалаци базирани на еспресо, други топли и ладни пијалоци, зрна од кафе, салати, топли и ладни сендвичи и панини, колачи, грицки, и предмети, како на пример чаши.

    Најблиску до нас има во Солун и Софија, кај нас за жал сеуште не.

    Што мислите би просперирал ли кај нас овој бренд? Би било ли посетено? Би имале ли луѓето да си дозволат да пијат кафе од Старбакс? Како гледате на цените? И конечно, ви прави мерак кафето или не? :)


    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Gargamel, Magnolija и crazylady им се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.328
    Starbucks

    Како не би било посетено, кај нас секој кафич е посетен по цел ден, дури и оние најуџум, а не пак Старбакс.Плус ќе биде модерно да шеташ со нивните чаши :) По потреба ќе ја сочуваш и секое сабајле од домашното ќе ставаш и ќе си шеташ :)

    Кога би отвориле, цените сигурно ќе бидат колку-толку понормални.Екпериенс е нешто слично на Старбакс кај нас и супер работи.

    Инаку, скоро прочитав дека Старбакс секогаш отвораат на ќош :)

    Што се однесува до кафето, одамна не сум пиела, а и не сум многу по кафињата, па не сум компетентна да зборувам :)
     
    На Trendafilka и crazylady им се допаѓа ова.
  3. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    671
    Starbucks

    Камо среќа да влезе во мкд секој ден ќе одам на кафе, Старбакс е најубавото кафе во Европа, а јас за добро кафе и 150 денари сум спремна да платам, а нивните цени мислам не се над 100 денари.

    Па едно Нескафе од автомат е 30,40 денари, а што е тоа спрема Старбакс, обично срање.
     
  4. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    4.474
    Starbucks

    секако дека сум ЗА
    [​IMG]
    Double Chocolaty Chip Frappuccino® Blended Beverage A creamy blend of rich mocha-flavored sauce, chocolaty chips, milk and ice. Topped with sweetened whipped cream and mocha drizzle.
    [​IMG]
    Caffè Misto Brewed coffee and steamed milk.
    [​IMG]
    Espresso Con Panna Espresso topped with whipped cream.
    [​IMG]
    Iced Caramel Macchiato Espresso combined with vanilla-flavored syrup, milk and caramel sauce over ice.
    се надевам не се лутите што одам надвор од темата но како зависник од кафе ова се моите омилени додуша и немам многу пробано но овие ми се издвоија- сега за сега
    а од храната го имам пробано само ова
    [​IMG]
    Double Chocolate Brownie -и не ми беше ништо посебно :(
    ако некој има пробано нешто вкусно би сакала да го сподели со нас :inlove: :*
     
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.627
    Starbucks

    Ако дојде кај нас овој бренд, секако дека ќе се лоцира право во Скопје. Цените сигурно нема да бидат многу прифатливи, но дека ќе биде посетено -тоа да!
    Ние сме навикнати на 50че за макијато, 60 за капучино, 70че за нес... така да високите цени ќе се почуствуваат.
    Но еве, ист е примерот и со Мек Доналдс. 200 и кусур денари за цел оброк, а тоа сендвичот едвај дланката ја зафаќа. Дали е посетен? -Да!
    Ќе профитираат и тоа како. Од ефтината работна рака, како прво. А и македончето колку и да нема пари, нема да се остави така. :)
    Не сум го пробала нивното кафе, но сакам да го пробам. Баш ме интересира каков е вкусот.
     
    На Kasha му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.211
    Допаѓања:
    41.332
    Starbucks

    имам пиено од ова кафе, сега по амбалажата го познав, да бидам искрена, до вчера мислев дека ова STARBUCKS е некоја компанија за патики :rofl: зашто имево на тоа ме потсеќа :lol:
    убаво е кафето, со шлагови мразови, не е лошо, ама бомба калорична :D Jас си преферирам турско или попарен нес, овие од овој тип ме тераат на пиење вода со тие тони шеќери во нив!
    Hе сум некој голем љубител на вакви кафиња :) A за лошо не е лошо, али ја би сладолед :rofl:
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.535
    Starbucks

    Не сум пробала и многу ми е жал поради тоа, зашто како еден огромен љубител на кофеинот не сум лизнала ништо од нивните кафенца. :(

    Ќе биде секако посетено - што од помодарство, од љубопитност, од мерак за добро и убаво кафе...
    Што се однесува до цената, просекот на кафињата во центар е некаде од 80-120 ден. и сметам дека овие не би надминале.

    Баш би сакала да се отвори Starbucks кај нас. :)
     
  8. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    4.474
    Starbucks

    НЕ Е КАЛОРИЧНО ТОЛКУ МНОГУ на нивната страна има и калории ...па тоа ме правеше и најсреќна кога го купував, морав да те демантирам :$ .....серазбира не го споредувам со турското кафе особено ако го пиеш без шеќер ....но за вакво десертно кафе па и не е многу калорично :$
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.211
    Допаѓања:
    41.332
    Starbucks

    ^ :rofl: Oпшто не сум љубител на вакви кафиња, па со преливи од лешници од ова од она, една голтка земаш тоа не е кафе, благо благо... дечко ми пие вакви некои,тој ги сака, јас од љубопитство ќе земам голтка-две :D за мене кафе е нешто да ме раздрма, да ме крене на нозе, кафе со јак мирис и вкус, горко :D Tурско кафе, е това е кафе, светлата иднина за мене :rofl:

    знам дека има едно девојче на форум со ников, и мислев дека е некоја комп, за патики :D Kо NIKE нешто у тој фазон :)

    :lol: бруки сум знам
     
  10. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Starbucks

    Јас не сум голем кафопијач, затоа што не ми трпи организмов многу кафе, така да овие повеќе десертни кафиња
    :rofl: ако може да се каже така
    баш ми би биле по кејф. Сигурно би сакала да го пробам. Инаку последен пат пред 2-3 години кога пиев на кеј Нес со шлаг, баш сега ми текна, беше околу 110 денари. А вкусот убедена сум дека не е споредлив... Скапо е за кафе, ама не е цена на која не сме навикнати... Подобро квалитетно отколку смучкано со вода, лажичка млекце и шлаг од ќесичка...
     
  11. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.887
    имам пробано ама не ми се допага кафето,слично ми е како глориас џинс,горлив вкус,а ако се отвори во Mакедонија верувам дека лугето би купувале :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MandyLane

    MandyLane Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    2.665
    Допаѓања:
    11.836
    Пол:
    Женски
    Мх. Бев во Старбакс во Истанбул. И не е толку до кафето, колку до атмосферата внатре, некако топло и пријатно..
    Одамна ми е желба да се отвори и овде.
    Инаку овие две ги имам пиено:
    фрапучино[​IMG]и американо[​IMG]
    А воедно ја имаа и најубавата чизкејк со прелив од лимон. :l:
     
  13. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.422
    Имам пиено годинава во Виена, и мене како љубител на кафињата кои не содржат големо количество кофеин и те како ми се допадна. И би сакала да отворат некаде во нашата Македонија, а за посетен ќе биде посетен, цените не им се многу високи, а и нудат квалитет за таа цена, а и секако македончињата љупобитни за нешто ново, сигурно ќе има побарувачка :)
     
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.658
    Фала ти Каша што си отворила тема за мене. Не, се шегувам.

    Немам никогаш пробано од чудово. Баш сакам овде во Македонија да се отвори. Сметам дека ќе биде посетено, зашто е бренд, без разлика на цените.
     
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.781
    Вистинските љубители и познавачи на доброто кафе НЕ пијат Старбакс ако имаат на избор нешто друго :)

    За мене лично огромно НЕ. Сум пиела повеќе пати, односно 2 пати и тоа од причина што ми се пиеше слабо кафе, без многу кофеин, кажи речи ми се пиеше кафе со многу млеко, и токму тоа Старбакс и е.
    Јас сум голем зависник и љубител на кафето и прв пат кога налетав на Старбакс ме привлече искрено многу повеќе убавиот интериер, огромните прекрасни фотељи и да признаам, ни заврна бајаги и баш во тој момент се најдовме пред Старбакс и си рековме - епа ајде.

    Ко прво мене лично ме нервира оној амерички систем на нарачување на кафиња. Дури да кажеш какво сакаш ќе помине цел ден, големо, средно, мало, екстра големо, безкофеинско, со кофеин, па со какво млеко, па топло или ладно - ајт! :D

    Нарачав средно кафе лате со вкус на карамел - добив скоро литар жешко млекце со нееежен ама нееееежен вкус на карамел и ептен нежен вкус на кафе кое баш фино ме спотера па го запознав и вецето во Старбакс на славната Мариахилфер во Виена - абе лепоти :D
    И си реков никад више!
    Потоа навлегов во дебата со еден другар кој обожава по „дифолт“ се што е америчко и ме убедуваше дека Старбакс е подобар од билокое италијанско или бразилско кафе и ми рече - ќе си нарачаш long americano. Си викам ајде да му дадам уште една шанса.
    Добив полалитарско жешко водиче, инстант кафе кое имаше вкус на каллива вода - не сум ја пиела, ама претпоставувам дека таков и е вкусот, ама онака поштено оставена на сонце, да се згрее. И опет ја у веце :D
    За неверојатни 5 евра народе, евтиноќа бре :D

    Старбакс не! Не може да се спореди со етиопските, бразилските или колумбиските кафиња, не може. Со арапските, турските а уште помалку со италијанските. Да, пијам кафе со млеко, ама сакам примарниот вкус да ми е кафе, а не млекце со малку кафе.
    Плус премногу се скапи кафињата, а не вредат. Ама разбирам, изгледа многу кул кога се шетате со кафето во рака и плус на чашата е светски познатото лого на Старбакс 8)

    Ако има поголем противник од мене на Старбакс кафињата нека ми се јави да му направам да пукне :D Плус сум и скептична кога станува збор за кафиња од вакви американски ланци. Дури да признаам, ама навистина МекКафето ми е сто пати подобро, море илјада пати.

    Кај нас? Па да, од помодарство би се посетувало, ама не верувам дека Македонецот кој по правило навистина знае што е добро кафе би останал имун и би го навредил сопствениот вкус заради едно вакво кафе. Плус и ако треба да плесне малтене една дневница за него :)
    Не знам дали сеуште постои, но имавме вакво нешто слично во Скопје - Броз кафе. Епа и Броз кафето беше сто пати подобро од ова.

    Така да за мене Старбакс е навреда на мојот вкус и познавање на доброто кафе. Си велам - шо ја будала сум? Као демек не знам ли а? :D
    Уф, се стресов само што ми текна на вкусот. Ај, одам јас у веце :D
     
    На senza.parole, RainBow и wolf4e им се допаѓа ова.
  16. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.887
    Потпишувам дека Мек кафето тоес. латето е повкусно, кога му кажав на мажулево не ми веруваше :D Кога видов Старбакс првпат во Сингапур се израдував мислев кој знае какво кафе е, ама ме разочара :puke: Во Цирих исто дадов втора шанса но не :^) Се согласувам со Пирамитка
     
  17. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.118
    Допаѓања:
    4.290
    Пол:
    Женски
    Бидејќи не пијам кафиња многу,го обожавам ладното чоколадо со мраз и шлаг од старбакс :inlove:
    Посебно во лето,мислам неограничено можам да го конзумирам,а шлагот го мешам со течноста и се добива убава мешавина.И цената му е убава,8 евричи :) ама вреди вредии!
    И ДА сакам старбакс и кај насссс! :rock:
     
  18. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    292
    Имам пиено мока кафе,мене како не толку голем љубител на кафе и на јаки кафиња ептен ми се допадна само го пиев едно саат и пол пола литар...а сакам многу да отворат и кај нас (може и во Штип :D )
     
  19. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    кога би се отворило би било супер али не ме чуди што немаме ние и онака сме 100 години нанад!
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    19.999
    Баш си пиев .... ноќеска, на сон де :wasntme: . Сериозно. :!:

    Тука ќе биде помодарство, паа едно солено исплатливо. Ама ние сме навикнати да плаќаме за странски брендови повеќе. Треба да отворат и во Скопје