Јас не пијам кафе, но баш би сакала да се отвори Старбакс кај нас, затоа што навистина се број еден во светот. Во Америка ги има на секој чекор и работат ептен busy, ама таму луѓето немаат време да седат на кафе во кафичи како нас, туку си купуваат кафе и си го пијат во кола или додека работат. А ние сме си навикнати да седнеме во кафич, па да си направиме добар муабет со добро кафе, а не набрзина да го испиеме Секако дека и во Старбакс можеш да си седнеш на маса и да читаш книга или сурфаш на нет додека пиеш кафе, но најчесто луѓето си земаат кафе за To go. Јас не обожавам кафе, ама сестра ми ме натера да пробам Ванила кафе и стварно беше слатко. А пак топлото чоколадо во Старбакс е преееслаткооо ммм прсти да излижеш Имаат разни видови, вкусови и големини, а и чашите се ептен шик
Во принцип не сум баш некој љубител на кафиња. Пијам само нескафе и капучино. Од кафиња на Starbucks во животов не сум пробала, али би сакала да пробам во иднина. И дали не мислите дека баш би било убаво да видиме вакво знакче некаде низ Македонијава наша? Спојлер Во потполност се согласувам со девојкава. Ете баш денес бев излезена со другарка, баравме слободно место да седиме на кафе. Не бре брате, нигде нема. А, камо ли да се работи за Starbucks! За цени не сакам да дискутирам, кажав погоре никогаш не сум пиела вакво кафе, така да не ја знам ни цената. Се надевам дека е разумна, а под разумна подразбирам цена што ние можеме да си ја дозволиме, а не Австријците.
Во Македонија нема Старбакс. Најблиску во Солун. Јас таму само еднаш имам пиено Си купив и оригинал чаша за спомен! п.с. Скапоооо кафето, ама од кејф
Пиев во Виена и не ми беше ништо посебно. Прво се утепав од чекање ред дури да порачам, второ иако не сум љубител на јаки кафиња, ама во Старбакс стварно ептен штеделе на кафе, јазикот си го изгорев кога натегнав на цефката и на крај за две капучина платив 7,5 евра. Да не ти текне уште еднаш да се напиеш. Ако се приступачни цените и амбиентот да е ист, би успеало кај нас инаку не верувам, затоа што кафето е потпросечно.
Ај за некој ден и јас ќе пробам, па ќе ви кажам колку ми се допаѓа Одамна ми беше желба да го пробам, и еве конечно..
за кафиња цените се движат од 4 до 8 евра. и најискрено смешни ми се муабетиве од типот мн малце кафе ставале, повеќе на млеко се идело итн. па луѓе ова е старбакс и се знае што нудат. исто ко во мекдоналдс да бараш лесковачка. ако сакаш јако кафе напрај си дома турско. амбиентот нема ни да го коментирам, кој бил знае. нејќам да звучам како некој PR али мене старбакс стварно ептен ми е во срце. и да признаам кога идам во солун повеќе се радувам таму кафе дека ќе пијам отколку на шопингот леле какви се, ми се припи сега едно
Прво кога ја видов темава мислев за форумџикана Старбакс е. Ама после кога видов ми светна за кафето дека е. Не сум пиела вакво кафе, ама убаво би било кај нас да се отвори.Еве јас како и повеќето на моја возраст турско не пијам, нес ретко и капучино кога по дома. Па ова што убаво ќе му дојде, не ти е право кафе, имаш млеко, чоколадо, карамели... Па и си шеташ со тоа чашката, лајк а босс. Е сега цените се троа поскапички, ама и од МЦ се, па сите јадеме од таму.
Нека отворат (сигурно ќе биде лоцирано во Скопје), а ние од потаму од околината ќе се тегнеме, ќ'идеме ќе видиме. И замислете ситуација, сред бел ден, народ врие, шета низ град и минува опасно скоцкана женска со старбаксот во рака - ќе си помислиш дека гледаш уште едно издание на американските серии. Шала на страна, сум за отварање на вакво нешто, кафето ми се допаѓа, пред се' затоа што е лесно, а ич не сум љубител на јаките кафиња од кои срцето чочеци ми игра потоа, небаре сум трчала маратон, вкусно е, а и фенси е бе онаа чашката - демек потаму низ Америкиве не си ја користат за повеќе намени, ееееее, мислете си вие дека не е така. Палче за кафево.
Убаво би било да се отвори за сите љубители на кафето па и за оние што не се има разни варијанти на кафе-лате помлекасти,за сечиј вкус..јас еднаш имам пробано во Солун и ми се допадна,така да би сакала и тука да има,ем можеш да си го земеш за носење,а и убаво ќе му дојде на градот еден ваков бренд! За тоа дали ќе успее,мислам дефинитивно да,кај нас луѓево се дават у кафиња а ова плус нели бренд,така да за сите ќе биде од корист!
Би успеало, зошто да не? Како што рече Џоја, тука луѓето нон-стоп пијат кафе. Само нека каже некој што знае како одат цените...
Супер би било да имаме Старбакс продавница, абе секој ден ќе одам ако треба и ќе пијам кафе со шлаг па што сака нека е
Би просперирало и би било посетено. Посебно затоа што тоа е и кафе за носење, така што е и попрактично од седењето во кафуле, најмногу за оние вработени кафеџии.. Освен тоа Старбакс е познат бренд, а и имаат поширок спектар на кафиња кои, според мене, се едни од највкусните. Јас сум за Старбакс во Македонија, ама не само во Скопје (пошто по принцип се е таму) туку во повеќе градови.
Не сум го пробала, а баш би сакала, привлечно изгледа. Инаку, мислам дека би успеал овој бренд и кај нас, бидејќи е нешто ново и поразлично, би имало голем интерес кај народот. Па, се надевам дека набрзо ќе можеме и овдека, кај нас, да си пиеме Старбакс.
Нема, за жал, али се надеваме дека ќе отворат Чим си го пробала и го пофалуваш, тогаш верувам дека е супер кафе, голем љубител на кафиња сум
Имам пробано неколку пати. Е сега јас сум голем љубител и на кафе и на експериментални видови од типот со карамела, ванила, шлаг и незнам ти уште што ама искрено не беше нешто вававум. Интересно да, ама за секој ден да го пијам тоа не дај боже. Прва работа вкусот не беше којзнае колку посебен. Втора работа цените беа и те како солени од 2 евра за едно минијатурче па нагоре. А дополнително дали знаете колку калории има едно кафенце од Старбакс???? Ненормално многу, од 400 па нагоре. Искрено мислам дека ако отворат Стар бакс кај нас ќе има промет. Такви сме, нешто е модерно и ние трчаме по тоа. Ама воопшто не се исплати. Уствари на козметичкиве студија ќе им се исплати кога сите свинчиња ќе се направиме и ќе трчаме по третмени. Од мене едно Не, не за Старбакс кај нас. А да, за тие што сакаат кафиња отидете во Карамело бре, наше си е и кафето е прекрасно со нормални цени.
Имам работено со старбакс во странство....и можам да кажам дека атмосферата во локалот е стварно одлична. Јас си останував и саат-2 после работа сама на огромните и меки фотељи и си уживав со кафе ми прави задоволство. Си имам и некои шолји дома од старбакс и ми се омилени За квалитетот на кафе нели секаде е различен. А и имаш избор, има едно бразилско, најскапо беше, се служи во мала чашка, 5 голтки едвај има....и правите љубители на кафе го обожаваа Јас не сум љубител на кафе, не пијам воопшто па од овде си пиев од оние големите, што би се рекло млеко со вкус на кафе и секакви додатоци го сакам она најмногу она лате карамел, или некое чоколадно, не се ни сеќавам на точните имиња. Вакви.... Е овие се многу калорични и ако сакаш коефеин бегај он нив Кога ќе си направам кафе дечко ми вика ти не пиеш кафе, него јадеш торта такво со карамели, јагоди, чоколади, преливи...300та глупости Али коа пробав од она баш кафе, само кафе, се стресов цела, какво беше јако.... Исто и овие ги обожавав, за по дома
Оваа љубов е преголема. Старбакс ги има едни од најдобрите кафиња што сум ги пробала. Во исто време и многу калорични, ама не ми е гајле додека ги има Vanilla Bean Frappuccino, Strawberries Frappuccino и Cream Frappuccino. Прво се прашував зашто луѓето даваат толку пари на едно обично кафе. После сфатив дека кафето само по себе е прекрасно, плус и амбиентот на продавницата. Одиш со друштво, седиш на прекрасните удобни фотељи и можеш да останеш таму со саати. Понекогаш даваат бесплатни весници, луѓето уживаат, а во позадина - мирис на кафе. И многу јака ствар е што ти го пишуваат името на чашката. Зошто да не успее? Зошто кај нас шема е да те видат за време на часови да седиш по кафичи, не е Старбакс за нас.
Тука нема нели, за жал, но од мерак влегов кога бев во Белгија. И кафето и колачето ги платив малце повеќе, ама не ми е жал, ми се нправи ќејфот. Инаку го пиев она лате со вкус на карамела и јадев blueberry muffin. Спојлер Леле, ми зајде паметов .. http://www.starbucks.com/menu/catalog/p ... ol=product