Ќе си умрам од мака што чекав пред Старбакс но не си купив Инаку имам пиено купено Старбакс само требаше да се смеле и да се сваре но јас го направи матна вода и чајот беше повкусен од мојот Старбакс Инаку дечкоми има пиено вели дека вкусот е незаборавен но кафето било многу јако, има пиено тој повеќе вкусови но сите биле многу јаки за него
Никогаш не сум пробала, иако досега сум поминала покрај многу Старбакс кафулиња. Сега кога бев во Минхен во еден ден додека шетав поминав покрај 4 кафулиња. Голем љубител сум на кафето, ама овие Старбакс кафињава мене повеќе ми личат на десерти, отколку на кафе. Јас сакам јако кафе, да ми замириса на права арабика, а не да пијам млеко со шлаг.
Многу грешеш ако мислеш дека е како чоколадно млеко. Сите Старбакс кафиња се со 3 пати поголема количина на кофеин од нашето турско од причина шо во развиените земји и е потребмо кафе да ги рашени за работниот ден.
Некни во Софија пробав првпат. Искрено интересно е на вкус, иако не се чини многу јако ваљда ради сите тие додатоци од типот на шлагови-магови итн. Јас пиев средно по големина ладно капучино, па луѓе мои тоа гладен да си ќе те најаде. И го оставив, не го испив цело ме презасити. Интересно е шо ме прашаа за името и ми го напишаа на чашката, ваљда дека ги даваат од другата страна на шанкот па во случај на гужва да не се помешаат. Мислам дека беше 5,40 бугарски лева. Во секој случај, би купила пак.
Пробав 2 Старбакс кафиња во Истанбул. Caramel Macchiato чинеше околу 4 евра, демек поскромно, а другиот ден веќе решив да пуштам уште малку душа и пробав Cinnamon Dolce Frappuccino околу 5.5 евра... но, затоа кафето има преубав вкус, јас уживам и во јаки кафиња како и во овие карамелизирани, шлагосани, чоколадирани убавини од вкус. Абе од кал да е, кафе да е. И се согласувам дека цените се височки, но атмосферата ми се виде преубава во Старбакс, амбиентот е пријатен и апсолутно внимаваат на секој мал детаљ - пакувањето, вкусот, начинот на кој се подредени работите наоколу, услужливоста на персоналот. Се` е како во бајка. Ако имаме наскоро Старбакс, не знам зошто некој би одел по кафани, мене ќе ме најдете кај кафето.
Летово кога си одев накај дома од Германија, станица за тргнување ми беше Берлин, иако многу жалам што немав можност да удрам една тура шетња низ градот - сепак заглавив во едно Старбакс кафуле. Имав на располагање некои си 20-тина минути, и го пробав фамозното Caramel Frappuccino, a за по пат земав од најобичните coffee to go. Фрапучиното беше у реду, карамелизирано, благо до немај каде, ми се стужи ептен. Не дека немаат интересен и убав вкус, и мање више тоа што се апсолутна калориска бомба, него ќе се сложам со Ана дека и мене повеќе ми се нешто као десерт оние со шлагови, преливи и чуда, него ли као кафе. Обичното кафе им е во ред, шо знам, мене ми се свиѓаше. Као и да е, одлична игра со името имаат, нешто слично као мекиците од стража пример кај нас. Апсолутен и загарантиран профит! Еве ги моите.
Јас се изначитав многу негативни ставови,а не сум пробала. Вака изгледа убаво.И,да,чашите-сувенир за по дома. Спојлер Као од Чилбокс кутиите. Убаво би било и кај нас да има вакво нешто. Ама и мене ми изгледа као десерт,као и на анабела,а и несакам шлагови и такви чуда. Едно топло нескафе,доволно е .
Не е за наш стандард. Цените се високи, а реално не се ништо посебно. Сум пиела во неколку наврати, последен пат големо чај лате со вкус на ванила руибус, значи пола литар а чинеше 8 франка или нешто така, значи околу 400 денари. За стандардот во земји како Швајцарија или Германија, цената е ОК, ама за во Македонија, не сум сигурна. Повеќе е за филмчето на зафатена цура со актовка во едната и чаша од Старбакс во другата, одошто за вкусот.
Сум пиела 3-4 пати до сега ...убаво не викам не, ама во мк прво не е многу познато а и цените нема да се мн ниски ... Наjефтиното беше околу 100 денара... Ама не би било лошо да отворат
Луѓе во Солун има ли Старбакс?И како се движат цените отприлика?Ќе одам во скоро време,а имам огромен мерак да пробам, па затоа
Има Старбакс на неколку места во Солун, јас сум била во оној кај Белата Кула и тој на плоштадот Аристотелус. Цените, како и во сите Старбакс, се движат околу 3 евра за најевтиното па се` до 9-10 евра па и повеќе за venti (најголемите чаши) кафињата со екстра шлаг, колаче, и други додатоци.
аииии одлични се , пиев едно во Париз, едно во Минхен и едно во Виена, сите беа разични ама предобри беа, сакам паак
Јас пиев во Салцбург неделава,убаво е,да,зависи се до вкус,јас земав фрапучино со карамела и шлаг и ми беше преблаго,а и medium земав,па премногу ми дојде.
Mојот генерален став за кафињата на Strarbucks е дека се (преценети) десерти во течна агрегатна состојба, така што не се нервирајте - ништо специјално не пропуштате (за тие што не пробале, а се љубители на добро кафе). Но, една работа ми се допаѓа. Околу божиќните празници (барем овде) во менито воведуваат 2-3 специјални "празнични кафиња" (ги има само околу месец дена)...е тие се - целата предновогодишна празнична еуфорија спакувана во S/M/L чаша со логото на Старбакс... Омилено: темно чоколадо со арома на портокал; повод: празници се ближат; оправдување: не јадам од новогодишната торта на мама; утеха: прво и последно за следниве 365 дена