Темава е за старачките домови во Македонија. Да споделеме искуство околу престојот и грижата за нашите блиски таму. Кај се сместени, задоволни ли се/сте од услови, хигиена грижа итн. Јас би ве замолил ако има некој искуство со Геријатрија ,,13-ти Ноември,, Скопје да сподели информации. Имаме близок член со васкуларна деменција и размислуваме за негово сместување во домот. Однапред сум ви благодарен за било каква информација.
На баба ми и е дијагностицирана деменција веќе е во касен стадиум а моите родители се на работа и тоа во смени се случува баба ми да е сама по цел ден, јас и сестра ми студираме во друг град и ние не можеме да помогнеме со грижа премногу ми е жал за баба ми не не' препознава кои сме. Ве молам за совети и информација, ситуацијата е алармантна, сака сама да излегува, халуцинира, може да се самоповреди или да предизвика пожар во домот, многу се плашам... Претпоставувам дека во случајов најдобра одлука е старечки дом. Дали знаете старечки домови со професионален кадар кои воедно вклучуваат медицинска нега и грижа 24/7 во Скопје? Имаше пред некое време случаеви каде што ги малтретираат старите лица по некои домови или не се грижат доволно за нив па се плашам за изборот.
Ако имате врски во државната геријатрија, оти таму има една огромна долга листа на чекање, сместете ја таму..од искуство кажувам, најдобрите професионални сестри работат во '13 Ноември. Приватните старски домови се изгор, испод 500 евра нема никаде во Скопје да најдете..во другите градови е поефтино, но како ќе ја посетувате/??
Зашто би имало проблем за посетување? Мислиш ако е друг град? Инаку колку што знам немаме врски за 13ти ноември, а колку се плаќа во 13ти ноември? Ја мислам дека моите би можеле да си дозволат најмногу до 300 евра.
Јас пред неколку години ја сместив мајками таму и плаќав 15ооо денари..мислам дека не е поскапено..како и да е, јавете се , прашајте, ставете ја на листа на чекање..мора упат и таму директно да се оди за да ја евидентираат. Во Куманово има еден поевтин старски дом, тој беше околу 18000 ден. ама не гарантирам дали имаат некои измени.
Има државен дом за стари лица во Прилеп. Условите се ок како за во државно значи ништо луксузно како по рекламите во приватните домови. Цената повеќе од 200 евра мислам дека не беше ама пред 10 години сега не знам. Има мед.персонал и 24ч нега.
Никој не сака да дискутира за старост, огавна им е таа тема.. а нажалост сите трчаме со брзина на светлоста натака, лета животот...зошто никој не бара од политичариве, од власта, никој не спомнува да се градат старски домови..кај ќе одиме кога ќе остареме со никакви пензии, кој ќе не гледа, на чиј грб ќе бидеме товар.....еххххх..пуста старост.......
Незнам како е сега..јас за мајками ја фатив бившата директорка ...но, мајка ми таму седеше многу кратко, почина за само еден месец.
Јас само да ви кажам од мое искуство подалеку да бегате од Сончев дом Тодоровски во Сопиште. На муабет се ке ви ветуваат но условите им се катастрофа. Ниту се грижат за старците како што треба, на се можно се штеди а парите ќе ви ги земат. Нема топла вода, храната помии како за кучиња, бањање еднаш на два месеци, во едно сопче за 4 души ги тераат да јадат како на лента и им се дерат да побрзаат оти други чекале. Ветуваат 3 јадења и 2 ужини а едвај три пати никаква храна им даваат. Овошје и зеленчук нема со години а месо е празник ако има. Добро распрашајте се.
Дали некој има позитивно искуство и каде со приватниве домови во Скопје? Баба ми за жал ќе мора да ја сместиме некаде, меѓутоа не знаеме каде би било посоодветно.