Повели. Во Ѓорче ја сместивме, негде кај Очната имало приватен дом, ама не знам ни колку плаќаат ни ништо. Не зборат моите пред мене ништо.Ама задоволни сме, има дворче, чисто е.Не е многу голема куќата.Не се многу внатре.Редовно нѐ известуваат како е, што прави.Посета еднаш неделно, на почеток беше у сабота само.Сеа и преку недела може.
Може ли да прашаш барем како се вика? Не можам да го најдам на мапа. Фала ти за останатите информации во секој случај!
Јас сакав мајка ми таму да ја сместам во Тодоровски заради што е поевтино, ама со оглед на условите таму се на се излегува поскапо плус за родител се работи па сепак одлучив во Милица во Припор да ја сместам цената е речиси истата,
Дали некој има искуство со домот за стари лица Астреон во Радовиш и истиот во Банско, најчесто има искуства за во Скопје.
Jас имам блиски луге сместени во Сончев дом Тодоровски незнам како било порано но сега е супер. Барем и сликите на страните кажуваат се и колку се среќни луѓето . Дури и персоналот премногу се грижи секогаш чисти средени се бањаат еднаш неделно најадени сите посети дозволени кога сакаш и на тел 24 часа достапни.
Здраво на сите Јас би ве замолила доколку имате искуство за домови за стари лица, да ми предложите, без разлика каде се наоѓаат во Македонија. Се работи за родител, за мајка ми и сакам ако ја однесам во дом, да биде задоволна Се оди на матичен, матичен треба да ги испрати за на интерниот за во геријатрија и цената е 19000ден, само што прашав. Ама ми рекоа врски требаат инаку на листа на чекање
Цениве во приватните старечки домови се чисто безобразие. Во таков старечки дом може да одат само старите лица кои имаат високи пензии или оние на кои блиските можат да си дозволат да им додаваат. Две другарки ги однесоа бабите и двете плаќаат по над 40000 месечно што се коси со здравиот разум. Се знае колку е просечна пензија во државата. Државата треба да отвори старечки домови со капацитет онолку колку што е потребно да ги прими сите заинтересирани но по симболични суми како што се интернатите. Голем процент од луѓето не земаат плата а камоли пензија колку што чинат приватните домови.
Жени, итно ми е потребно инфо доколку знаете. Како се движат цените во Сју Рајдер Битола? Најдов дека било од 10,000 - 12,000 во зависност од здравствената состојба.
Здраво сите, бараме старечки дом за дедо ми - моите се заминати во странство, а ние со сестрите секоја на своја страна со деца. Нема здравствени проблеми, едноставно му треба некој кој ќе го надгледува и ќе му готви, а воедно ќе има можност да се дружи со други лица. Порано се шеташе повеќе, сега веќе е близу 90 и малку му е тешко. Дали можете да ми предложите некој старечки дом како за него во Скопје?
Предложете некој добар старечки дом во Скопје, до кај 40,000 денари. Вие најдовте нешто? Феминка, ај те молам прашај ги твоите како се вика овој старечки дом и пиши ми. Фала!
Би требало да се сите тука: https://www.mtsp.gov.mk/registri-ns...-za-socijalna-zashtita-na-stari-lica-cel.nspx