Здраво, Дали некој има искуство со Дом за стари Геронтос во Ѓорче и Анима Медикал Центар во Визбегово?
Здраво, Дали некој има искуство со Дом за стари Геронтос во Ѓорче и Анима Медикал Центар во Визбегово?
Здраво, Дали некој има искуство со Дом за стари Геронтос во Ѓорче и Анима Медикал Центар во Визбегово?
Здраво на сите, бараме дом којшто има медицинска нега и физиотерапија, не е битна цената.... дајте ми предлози
Трескаа од ракав цени, 3 пати ја преправаа цената дур се одлучаѕ за колку пари би го примиле. Кај е скапо па и еднаш неделно со најава само посета....
Избегнувајте го старскиот дом Олимпија во Радишани ако сакате да ви поживеат родителите ако имате некој таму земете си ги на време јас имам најнегативно искуство баба ми беше сместена таму со мозочен удар и почетна фаза од деменција мада сите што им се таму се со мозочен удар ,деменција и алцхајмер такви сместуваат кажуваат приказни ние ќе се грижиме имаме медицински персонал плативме 58.000 денари за три дена ја средија жената се јавував телефонски да прашам како е зошто да не досаѓам а и со мало дете сум а бидејќи имале време на посетата не можев да отидат тоа време малото немаше кој да ми го причува а од нивна страна никој ништо не кажува уште дрско се дереа на телефон т.е Зуица сестрата со црвената коса а и има уште некоја таму исто како нејзе да не сме иделе имало стомачни вируси они не биле болница не требало секој ден да сме доаѓале …. и ред други работи да не видиме како се понашаат тоа беше и кога отидов за да ја видам за последно дури не ми дозволија ни детето да го носам да си ја види прабабаму триста приказни по телефон која многу му се радуваше а баба ми за глеота беше ни вода и немале дадено целата беше тој ден дехидрирана не сакаше ни да јаде ни да пие кога ја нудевме а прашувам како е ми викаат супер е денес а она во најлоша состојба оставена да лежи во кревет и никој не ги гледа една жена цело време ги викаше никаде ги нема а доктор имаат еден ама тој кога е на одмор нема ни доктор кој да преглед само една медицина сестра која комуницира телефонски со некоја докторка а како може телефонски да знае другата страна што да се даде без преглед а лажат дека имаат 24/7 медицинска грижа ако имаш век во овој дом ќе живееш ако не толку башка што ги носат надвор на 40 степени да ги прошетаат по неколку луѓе што не одат и се во количка и да не заборавам тие што не зборат како баба ми и не знаат да си кажат тоа на нормален возрасен ќе му се слоши не на постар човек а и сабота и недела ако ве фати они немаат човек за транспорт да треба хитно да се однесе до клиника зошто тој им работи од понеделник до петок а брза помош не доаѓа па сега видете затоа спасете си ги луѓето од овој дом да не ви биде предоцна не е се до пари ама и 58.000 денари не се малце а никаков третман не добиваш само дрско однесување према луѓето што оставиле некој таму и на самите луѓе се дерат и ГАЗДАРИЦа која се крие никаква комуникација не остварува арам да и се пари никад аир да не види упропастуваат луѓе мислам дека ќе ги умрат и ќе си сместат нови и така ќе вртат пари
Искуство со овие домови, се мислиме за Хантерс Лајф Катланово или Руски Дом Ченто? Или предлог дом од кој сте задоволни. Ја прочитав цела тема за жал само поплаки. Не е подвижна баба ми, после операција на колк
Искрено да ти кажам, ако имате шанси некако да се организирате, најубаво е да се грижите за баба ти поблиските членови на семејството. Тоа е тешко ама барем ќе знаете дека добива соодветна нега. Или да најдете некоја жена која ќе се грижи дома и ќе ја платите. Од искуства на луѓе околу мене, за жал реалноста е дека во дом живеат многу кратко. Цените на приватните старечки домови се екстремно високи а квалитетот на услугата не одговара со тие цени. Мислам супер ако има исклучоци ама искуствата тоа не го говорат. Баба ми пред да почине имаше два месеци кога залегна и потребна и беше нега. Се менувавме кој колку може и плус плаќавме болничар повремено да помогне со некои работи. Не сакавме да ја дадеме во дом, свесна беше и знам дека тоа немаше да и се допадне. Плус она беше многу стара, на 95 години почина а до некој месец пред смртата сама одеше и да пазари.