1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стари верувања и легенди

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од dodo, 7 април 2010.

  1. dodo

    dodo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    27
    веројатно сите ние имаме слушнато за оние старите верувања дека дечкотот што ќе го сонуваш вечерта после велигден кога свеќичката ке ја стваиш под перница е љубовта на твојот живот, односно дека ќе го земеме за маж.
    епа девојки да видиме колку вие верувате во тоа ?!

    ја еве пред 4 години запознав еден дечко и морам да признаам дека има голема хемија меѓу нас, иако не се `мирисаме` толку многу, али па од тогаш секоја година навака го сонувам на велигден, а претходно не сонував ништо, башка што сите ни си смеат дека ке се земеме еден ден, така сме личеле :lol: :lol:
    не дека многу верувам во тоа, и во слични легенди и зборувања али интересни ми се :)
    што мислите вие за тоа ?!
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.052
    тоа што ви зборуваат да не ви се случи а?! :D ..знам по себе многу така имам заречено ама на убаво.. :)
     
  3. Elizabethh

    Elizabethh Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Јас баш кога требало да сонувам,баш тогаш не сум сонувала :D
    Искрено,не сум толку суеверна,не верувам во овие работи.
    Се е можно да се случило и како коинциденција.
     
  4. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Една другарка направи така па ме сонувала мене и уште неколку другарки хахаха :lol: :lol:
     
    На AnaKlarc и Ruby.rose им се допаѓа ова.
  5. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    нема врска јас така од мислење го сонував бившиот дечко хахаха
     
  6. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Од градот до населбата каде живееше, имаше околу 2 километри, пат кој поминуваше покрај локалните гробишта.

    Ја испружи раката и автомобилот застана.
    -Каде бре момче волку доцна?
    -Се враќам дома, натака идеш?
    -Да, влегувај ајде.

    -Среќа сум те стасал пред гробиштата, морничаво е така сам да врвиш по патишкава во 2 по полноќ.
    -Ах, се навикнав на гробиштава. Бев долу до градот, па тргнав пеш кон дома.
    -Ти навака живееш, а?
    -Да, на влезот од населбава...

    Застана.
    -Јас уште малку навака сум.
    -Јас до тука. Ете во онаа куќа живеам.
    Му подаде пари за таксито.
    -Држи кусур, и така сум на повик.

    -По ѓаволите -промрморе незадоволно кога утрото ја здогледа црната јакна на задното седиште. “Детето синоќа...“
    По 15 минути, ја најде куќата за која овој му кажа синоќа дека живеел во неа. Заѕвони. На вратата се појави средновечна жена забрадена во црна шамија.

    -Добар ден. Мислам дека вашиот син синоќа ја заборави јакната во такси. Еве ви ја донесов.

    Жената пребледе. Па се намршти правејќи лута гримаса.
    -Коста! Коста!!! -викна и набрзина потрча кон една од собите. Излезе Коста, по него жена му.

    Ја погледна јакната. Во ужас изговори:
    -На син ми е. Тој почина пред седум месеци. Го погребавме во неа...

    :( :( :( :( :( :(
     
    На Purelove92, Istata od vcera, QueenElena и 5 други им се допаѓа ова.
  7. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Доколку знае некој некои легенди, би сакала да ги раскаже, многу ми се интересни. :)
     
  8. chokova93

    chokova93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    ja znam ovaa desafka.. legenda.. so i da e... ali ne so masko tuku so devojce... stvarno mornicavo a kolku e vistinito... ne se znae :/
     
  9. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Ова е само една од многутеее верзии,на кој како му текне така и си ја раскажува :lol:
     
  10. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.332
    Допаѓања:
    5.850
    Ми текна за една легенда. Ми го кажаа пред неколку години кога бев на гости. Се работи за самовилски води. Се наоѓаат од браната кај Ваташа што е нагоре по тој пат. Местото е преубаво и таа водата самовилска која тече. Е сега вака, после 12 часот не требало да се пие таа вода, бидејќи ќе ти се случело нешто. Хах. Како и да е така си веруваат луѓето. :)
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.784
    Допаѓања:
    81.012
    Пол:
    Женски
    Истата приказна ја имам слушнато само во подруга верзија, со девојче и чадор наместо јакна
     
  12. bubuu

    bubuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    4
    незннам дали прашањево ми е за тука ама неможев да најдам некоја соодветна тема паа...
    Дали е вистина дека доколку девојката на дечкото му подари сааат или обратно знначи дека им се одбројува времето како се заедно ? фалаааа :)
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    така се верува, ама еден пар заедно се со години, а знам еднаш типката му поклони саат, така да... :)
     
  14. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Јас не верувам во тоа затоа што мене дечко ми пред 2 год ми подари саат па ништо не се случи.А еве и сега за Валејнтај пак уште еден саат добив од него и сеуште сме заедно :D
     
  15. del-fin

    del-fin Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    20
    Во времето на баба ми кога била мома си правеле седенки.Се собирале десетина моми и пределе фурки и која најпосли ке испреди по казна да оди во гробистата и да ја побие фуркат.една другарка наизна била многу пласлива и от толку многу сто се пласила набрзина ја побила фурката.Но ја побила реку футата и тамн керене да оди некој ја тегне пак крене пак исто и момата од страв умрел.

    Ако ми текни ке ви казам и други.
     
  16. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Јас го сонував бившиот дечко со кого бевме заедно до крајот на февруари и мислам дека нема врска тоа. Не верувам никогаш пак повеќе да сме заедно, а не пак да се омажам за него. Ама можеби...не се знае се е до судбина. Незнам што еден ден ќе биде. :lol:

    ЕДИТ: Мислам дека овде и потсвеста има влијание, тој што го сакаш го сонуваш затоа што цело време ти е во потсвеста. ;)
     
  17. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    јас верувам во се во легенди сонови такви работи
    ми се има случено да сонувам работи кои подоцна за жал така испаднало ;( али еве еден сон на баба ми секогаш го кажува
    за божик биле на гробишта со нејзина снаа од брат . кај нас е адет да се оди со ручек на гробишта . ручале и си тргнале за дома . кога стасала дома приметила дека и ја нема обектата златна и ајде назад по пат и нормално не ја нашла . вечерта кога си легнала сонувала сон. на сон и се јавила мајка и (почината) и и рекла зошто си ја остави кај мене обетката? ај ќе ти ја чубам утре да дојдиш да си ја земиш во фиоката ќе ја оставам . утрото биле таму и стварно обетката била во камарчето за свеќи
    ;( ;( ;( :sweat:
     
    На Bitter-Sweet, Draginja и Sara123 им се допаѓа ова.
  18. mence91

    mence91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Можеме слободно да ги наречеме урбани легенди. Постојат колку што постои светот и човекот на светот,секое населено место си има приказна често едно исто усно преданние само малку видо изменето.
    Секое селце, секое Гратче сегде ама баш сегде се прераскажува по нешто вакво. Најчесто тоа се случки од типот : Некој нешто видел,на братучедод на еден другар му се појавило тоа и тоа, но секогаш се од трета рака. ретко кој ке каже мене ми се случи тоа и тоа.
    Најчести се приказните за девојки кој се враќаат касно дома, па другиот ден тој што ја однел девојката дознава дека таа е мртва. За некое момче кое што погинало во собраќајка итн итн .
    За вакви појави ( сеништа ,духови, привиденија ) најчесто се кажува дека се појавувале на осамени пусти места ( пруги, мостови, или морничави делови од некој пат ) како што спомнав: Од секогаш се со нас и само се адаптираат според времето во коешто живееме, можете слободно да споредите некоја таква приказна за некоја девојка од времето на вашите баби и некоја од денешно време, ке забележите дека приказната е сосема иста, а е сменето само времето и начинот на којшто се одвива тоа - порано било со кочија или кола влечена од коњи, денес е такси или мотор, порано огинот во огништето самиот се запалувал - денес сами се вклучуваат телевизорот, радиото некој друг електричен апарат.
    Затоа јас не верувам во вакви прераскажани случки и привиденија, премногу ги има и премногу се слични една со друга за да бидат вистинити :)
     
  19. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jас како што читав се наежив :x ама ке ви раскажам нешто и јас,вака кога ги закопувале мртовците му ставале пари зашто ке требало да си ги исплатат грешките на големиот суд,а дента кога го закопуваа братучед ми и дошол на сон на баба ми зашто не го покрила со неговото кебе секогаш со него што спиел :worried: и дека дента кога ке се закопал мртовец,се што пагало храна на под значело дека му се јаде,така јас после неколку месеци,чистев во кујната и турав чоколадни бонбони и мислев на него,и ми падна една чоколада и се наежив,а тој обожаваше благо ;(
     
    На Bitter-Sweet, Xtinna12 и missA им се допаѓа ова.
  20. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    да во право си mence91 се раскажуваат со години од едни на други и секогаш се обновува во денешно време но јас сепак мислам дека постои нешто
    уште нешто од мене на веридбата од вујко ми полно гости (а дедо ми е починат) на шанкот од кујната кој гледаше право во масата со гостите имаше мува и само тука стоеше ни леташе ни ништо и да поминеш покрај неа не бегаше. тоа беше дедо ми ;( сакаше да биде и тој на веридбата ;(
     
    На anabel-a и missA им се допаѓа ова.