Чедо Божјо Тоа што го сонуваш дечко ти секој Велигден е Благослов од Господ за вашиот брак не само на земјата туку и на небото во Вечното Царство. Вас Господ ве спојува
ми се има десено и на мене вакво нешто. братот на мајка ми е починат и на свадбата на нејзин прв братучед точно на песната што ја порача мајка ми на свадбата на вујко ми (сестра кани брат на вечера) влезе едно врапче и цело време леташе низ салата. одма од кога заврши песната врапчето го снема. си помислив дека се мрднав но потоа и мајка ми ми кажа дека истото го забележа ( можеби сепак посоти нешто но никој се нема вратено да кажи ...
не верувам во овие..мислам дека се е до подсвеста...на пример за тоа за баба и на волфче, може она на еден начин имала како грижа на совест зошто не го закопала со омиленото кебе, па тоа го сонувала...а и стварно сите се од трето лице, никој не кажува : мене ми се случи
ЕЕЕ колку вакви приказни баба ми ми има раскажувано од нивно време , што се случувало во кумановско , па самовили , па починати итн .. ништо не е страшно освен што ќе си спиеш после со запалено светло ...
Татко ми како млад видел самовили во селото каде што потекнува. Се враќал касно од работа и....никогаш не сака да ни зборува за тоа, а јас па сум многу љубопитна за такви случувања. Знам дека во местото Дрма, накај с.Петровец навечер, веројатно на полноќ се појавувала жена во бело-невеста и доста сообраќајки се случувале на тоа место. Се верува дека на денот на свадбата погинала невестата и сега се враќа на местото. Мртовецот преноќува во домот и треба да се боцне со игла, за да не се повампирел како демек, и тоа и ден денес го практикуваат. Кога некој ќе умре, ако имаш вода во шишиња дома, требало да се истури. На духовден некои одат на гробишта и таму седат цела ноќ, ставаат чаша вино на гробот, демек мртвиот ќе им се појавел во чашата со вино Златото што турците го краделе од македонците, додека бегале го закопувале и правеле мапи, обележувале карпи, камења, бидејќи мислеле дека еден ден ќе се вратат по него. Тоа злато е проколнато и затоа зема жртви, зашто и додека го краделе, турците тепале, убивале, силувале. Никој со добро не им го дал, затоа и кој го зема ништо добро не гледа од него. Некој возач на камион секогаш патувал со своето куче, Мислам дека во Франција направил сообраќајка и кучето не сакало да се помрдне од тоа место. Таму му направиле куќичка и му носеле храна и вода. Не ми текнува на друго нешто вака по сабајле.
Истата приказна ја имам слушнато само во подруга верзија, со девојче и чадор наместо јакна[/quote ] Скроз истата ама девојче
Доста имам слушнато вакви легенди и верувања,но не верувам многу во нив.Незнам ама не верувам,21 век сме,не се замарам со вакви глупости.Порано можеби да,и се плашев ама сега не
Уште сакаме А вистина е дека една иста приказна различни нешта, еднаш девојче се појавува, еднаш момче. Све исто. Да не речам исти к.... различно паковање . Ама јаки се сепак.
Јас имам чуено дека ако ти прозбори, не е тој, ама мислам дека за Велигден не се важеше, само за бонбончињата од свадби и лепчето на млада месечина. Јас си го сонував дечкото ама не верувам баш дека ќе е он, ми шета паметот а и не бевме заедно баш последнава година... Планиравме да се зимаме во сонот т.е ми прозборе... Нема да се мажам нели?
Хм, досега ја немав забележано темава... А сум превртувала по секоја категорија на форумов. Како и да е... Од старите верувања и легенди сум слушнала дека кога човек ќе умре и ако е дома а не во капела, светлото во собата каде е мртвиот треба да биде запалено навечер, не смее да биде темно. На пример, мајка ми ми кажа дека баба ми откако починала таа навечер работела во кујната, миела чаши и чинии и сл. Епа светлото се оставало, наводно, за да не се случуваат такви нешта. Потоа, имам слушнато дека мртвиот не смее да го прескокне мачка за да не се повампири. Имам слушнато дека ако почувствуваш нечие присуство треба да си спомнеш дека волкот ќе дојде, демек сеништата се плашеле од него и ќе избегале штом тоа го слушнат. Она дека животните можат да ги почувствуваат и забележат натприродните сили веќе е општо познато и потврдено. Ако навечер видиме нешто како дим од цигара или мало торнадо, тоа се самовили кои во никој случај не треба да ги следиме бидејќи водат кон смрт.
Барав на соновникот значење ама не најдов дали некој знае што значи ако вечерта на Велигден сонуваш дека се мажиш а не можеш да си најдеш венчаница ниедна не ти се допаѓа,а се пресоблекуваш на сред улица?
Znam deka ke zvuci moze kako klise,ama vcera bash vo 3 casot nokeska vo salonot vo dnevnata ni vlegoa 3 liljaci,nie spieme vo dnevna so otvoreni prozorci i prvpat u zivot se sluci taka a sekoja godina isto se spie vo leto so se zivo otvoreno,i i kazuvam na babami i se zgrci takva celata ne sakase da mi kaze sto znaci toa po narodno sueverie samo vikase uste ednas da ne ste spiele so otvoren prozor i nesakase da mi obrazlosi zasto ne smee taka. Dali nekoj znae sto znaci ako ti vleze liljak vo kuka nokno vreme kako narodno sueverie?
Каналот на Baba Jaga на Јутјуб обработува вакви теми . Лично го следам и искрено препораки за љубителите на вакви хорор приказни т.е радио драми