Свесна сум дека не е се точно . Ни не реков дека е се точно , туку дека обработуваат теми поврзани со митови , легенди , преданија и народни верувања .
Леле, од такви суеверија или верувања, пред 7-8 години имав напад на паника и почеток на анксиозноста со која уште се дружам. Сѐ започна со тоа што ми влезе врапче во соба. Па кога прогуглав... Ништо не се деси, секако. Живи глупости се тоа, од времињата кога немале што да прават, па си измислувале приказни за да им биде интересно.
Здраво дечки...не знам дали веќе има ваква тема за самовили ама јас не успеав да најдам така да го пишувам ова. Имено не сум личност што многу многу верува во вакви работи , но ми е темава баш интересна, а имам слушнато само 2-3 приказни и сакам да прочитам малку повеќе. Па еве тема да прераскажете нешто што сте го слушнале во врска со тоа (кажувам што сте го слушнале , во глобала од постари лица бидејќи сепак живееме во 2025 година и не верувам дека во скоро некој имал искуство со самовила). Без напаѓања и карање кој верувал кој не, дали постоеле дали не , само сакам да си прочитам приказни.
Здраво на сите Не знаев во која тема да прашам, па ајде и тука, некако најсоодветна ми е. На золва ми сопруг, свекор, свекрва....а и не само тие се закопани во еден гроб. Таму сигурно има преку 6-7 луѓе во тој гроб, чичковци, стрини, баби, кој ли уште не. И сега низ гробот израснало некакво дрво и упорно го тера сопругот мој да оди и да го сече тоа дрво. Женава е толку упорна и досаѓа со месеци. Денес и се скаравме со него, затоа што сметам дека не е негова работа да оди таму и да сече. Тие што се починати си имаат свои живи деца и внуци кои може да ја завршат таа работа. Нас не ни се ништо, освен нејзиниот сопруг што бил тука зет. А зопва ми упорно запнала брат и да го направи тоа. Па ме изеде некое шубе, ме мачи со денови, сепак сметам дека не е тоа негова работа и ќе ни донесе лоша среќа, може преувеличувам, но е посилно од мене. А маж ми без да ми каже веќе договорил и ден за сечење. Би ве замолила за совет и однапред благодарам.
Кај нас има луѓе кои си ги плаќаат мештаните секој месец по симболични 500 денари , и тие се одговорни за се што е поврзано со вечните почивалишта . Не знам што би ти кажала , освен , чувајте се . Бог пред Вас , и се надевам дека твоите нервози и грижи ќе се покажат како непотребни .