Стари (изгубени) пријателства

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од s&s, 28 ноември 2015.

  1. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки :) дали Ви се случило да изгубите пријател/ка со кој/а сте биле во ептен добри односи, а по сопствена вина повеќе не е така? Дали сте размислиле некогаш да го поправите тој однос? Ме мачи сличен проблем, па Ве молам да поразговараме, а ако има слична тема да ме пренасочите :)
     
    На VladeMila му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    9.602
    Пол:
    Женски
    Лани со едно девојче бевме како „најдобри другарки“, додека не сфатив дека цело време ме гледала како „скалило до успехот“ зашто сум била ќерка на нејзината класна, па сум влијаела на нејзините оцени. :headbang: А, една година во тоа школо учев ради тоа што се преселив, па цел клас против мене го наостри како „она е виновна што имате ниски оцени“. (facepalm) Откога се скаравме најголеми ривали станавме, но сфатив дека немаат поента сите тие нервози, па додека завршиме зборев со неа, но не обидував да се зближам повторно. Сега воопшто не се забележуваме кога ќе се сретнеме, на спротивни патишта се насочивме и не сме си дел од животите. :D
     
  3. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    А што доколку сакам да обновам некое старо пријателство? Ми треба добар совет :worried:
     
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    9.602
    Пол:
    Женски
    Мирен разговор со личноста. Оди длабоко во причината за која што сте прекинале контакт.
     
  5. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Но,кога прекинавме контакт ( пред 4 години) се искаравме ама поради некои глупи причини..од тогаш немаме муабет..се немаме ни на фб...Колку е паметно прва да започнам разговор?
     
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    9.602
    Пол:
    Женски
    Извини се, па и да не си била иницијатор за ситуацијата. Додај ја личноста на фб, и пиши.
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Не сум некоја со големо его, дури и често јас сум била иницијатор на смирувања и јас сум го кршела мразот кога ќе сме се скарале со некого.
    Стари, по малку изгубени пријателства мислам дека секој има. Едноставно, со некои луѓе ни се разминале патиштата, секој со свои обврски, па ни останува само да си пишеме на фејсбук, да се прашаме до каде сме со животот. Евентуално да договориме кафе, еднаш годишно. Таквите пријателства ми фалат, ми фалат луѓето, ама тоа е. Life happens.
    Онаа втората варијанта, прекинати пријателства, ги немам многу. Помина времето кога се каравме за глупости, сега расчистувам со луѓе кои навистина ми згрешиле и ме повредиле. Тука немам намера да обновувам нешто што одамна умрело. Знам да се потсетам на некои убави случки, ми недостасуваат некои времиња, ама не и некои личности. Зашто се испоставило дека не биле онакви какви што се претставувале.
     
    На crazylady, blueberry93, VladeMila и 15 други им се допаѓа ова.
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.050
    Допаѓања:
    25.054
    Пол:
    Женски
    И да обновите старо изгубено пријателство, бидете сигурни дека ништо нема да биде исто како порано кога постоело тоа пријателство.
     
    На Queen8, crazylady, srcence1607 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.710
    Допаѓања:
    109.933
    Не зборам за пријателство кое било прекинато од кавга, недоразбирање туку од време и ете ти, далечина. Најдобрата ми другарка од основно. Велам од основно, а сум сменала две, велам чупето шо беше една година помало од мене, шо учевме заедно до одредено и после јас се преселив. Пред тоа, од денот ко се роди ја знаев, живеевме од спротива, делевме јадење, делевме кревет, делевме играчки, пасија за исти работи, исто хоби, двете со бујна фантазија па делевме еден ист свет. Ете ти, кога си помал далечината си го прај своето ... :(
    Зборавме за средно да одиме на исто место, ама не бидна и тогаш некако како скроз да прекина. ;(
    Сега сме на различен пат, кога да се видиме низ град збораме, ама не е то то ... Сега она е на факс со моја другарка, барем ете ти, тие добро нека се согласуваат, шо знајш како ќе биди понатака. :wasntme:
     
    На zekzeki и VladeMila им се допаѓа ова.
  10. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Многу боли кога после неколку години сфаќаш дека си го изгубил правиот пријател, а си делел време со погрешни. Сега баш многу фали прав пријател, но каде е ?
     
    На srcence1607 и VladeMila им се допаѓа ова.
  11. ivana--aerodrom

    ivana--aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    730
    Ако толку ти значи побарај ја ти, разговарајте и решете ги проблемите. Среќно :mm:
     
    На zekzeki и VladeMila им се допаѓа ова.
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.630
    Допаѓања:
    5.347
    Не сум се карала едноставно се одалечивме,мојата екс другарка се дига се праи кој зна што е.. зошто така не знам..пиевме пред 3 месеца кафе и само оговара овој оној ваков-таков бил..цц
     
  13. girl.09

    girl.09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    49
    Можам да ти препорачам да ја додадеш за пријател на фб, после доколку те прифати да и се извиниш да ја продлабочиш ситуацијата од пред 4 години, да и објасниш што како било, и доколку ти прости и сеуште сметаш дека ја сакаш како твоја блиска другарка можеш да и се извиниш уште еднаш со тоа што ќе ја повикаш да излезете да се видите па ќе и купиш некој подарок, што ќе ја потсети на „времињата“ или слика ваша заедничка, па ќе се смирите и ќе започнете се од почеток. :!:Но, прилично сум сигурна дека нема да биде се исто како претходно, со тоа што, (waiting)4 години е долг период, надминала се (најверојатно :^)), стекнала нови другарки и слично. Сепак пробај, ти посакувам да се смирите и пиши ни што си направила!:)
     
    На VladeMila му/ѝ се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.855
    Допаѓања:
    105.964
    Пол:
    Женски
    Јас сум тип на девојка кога ќе се скарам мислам на жестока караница не се извинувам. И немам зошто да го кршам мразот. Не сакам помирувања од таков тип, да биле прави пријатели немало да бидат стари изгубени пријателства. Без оглед колку се караш за глупа причина не треба да дозволиш да се изгуби смисолот. Сум доживеала да ми се вратат личности за да после на крајот пак да сфатам дека не биле прави ( никого не посветувам пост и немам намера да наведам некој да се пронајде). Инаку јас кога ќе кажам крај навистина крај.
    Тоа што е минато останува минато, затворено и готово. Мојот совет ти е да не ја бараш, затоа што таа не се потрудила да те побара, нема што ни ти.
     
    На crazylady, cresa-jagoda и VladeMila им се допаѓа ова.
  15. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    1.053
    Пол:
    Женски
    Се дружевме со едно девојче повеќе од 18год. Бевме најдобри другарки, како сестри. Се делевме, заедно спиевме, на училиште заедно, секаде заедно. Па дојде време за факултет и се разделивме на различни страни. На почеток се гледавме секој викенд, после секој втор викенд и така се поретко и поретко. Па и другарството ослабна. Таа си нашла нови другарки, јас нови и пополека се заборававме. Се немавме видено речиси цела година, па ајде јас и пишам да одиме на кафе. Што да кажам, се изненадив, не можевме ни еден обичен разговор да направиме, ништо. Немаше повеќе долги разговори без крај. Се чувствував како и двете едвај да чекавме да го испиеме кафето, па да си одиме. До толку дошла работата. Еве да се надоврзам на темава, дека пријателство што ќе се прекине од било која причина, после ништо не може да биде како порано. Барем кај мене беше така. :)
     
    На skorpija123, crazylady, PiaMia и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да си го напишам моето искуство на темава. Најдобра другарка од основно, секогаш заедно, секогаш се знаевме една за друга, просто неразделни. Што како се случи да не раскажувам нашироко, но и покрај тоа што беше таа крива, ја молев деноноќно да седнеме да разговараме можеби две недели. Нејзиниот изговор беше немала време. Ниту една врска или дечко не ми нанесла толкава болка, ми требаа месеци да се опоравам. По неколку месеци, се враќам накај дома и ја гледам оди накај мене, па колку гушкања паднаа како секој ден да се гледаме. Ме викаше неколку пати да излеземе да пиеме кафе или во диско со друштво и ниту еднаш не прифатив. Поминаа 5 години од тогаш и ја гледам дека сеуште се обидува, ама колку и да сака назад нема. Од мене секогаш има едно здраво кога ќе ја видам и лабав муабет и поздрави по дома, повеќе не заслужила.

    s&s, не сакам да те обесхрабрам, моето беше непростливо, но доколку и се извиниш сигурна сум дека барем ќе проба да те разбере. Сепак не очекувај многу, почни со мали очекувања. Со среќа :*
     
  17. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите девојки :) Најверојатно нема ништо веќе да биде како порано... Ќе размислам за прочка да и пишам :D
     
  18. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    7.600
    Пол:
    Женски
    Имав една другарка како мали бевме неразделни, а денес немаме ни едно најобично здраво. Се немаме скарано или нешто слично, тој период јас се преселив од таму и тогаш немавме ниту мобилни, ниту фејсбук и видувањата ни се сведоа на нула. Се гледавме еднаш во неколку месеци и денес немаме апсолутно никаков контакт, а доста често ја гледам. Дури на моменти помислувам и дека не ме ниту памети, иако јас на нејзе се сеќавам доста добро.

    Друга другарка со кој основно завршувме заедно, денес ако се видиме ептен така случајно на улица зборуваме, онака не се дружиме. Ја сакав колку сестра. По цели денови бевме заедно, една причина во различни средни училишта тргнавме, друга со тек на време како што созреваме сфаќаме дека со некои личности колку и да се трудиме неможеме да бидеме како некогаш.
     
  19. auroraa

    auroraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    838
    Јас го имав истиот пробле. Пред 4 години се скаравме за банални работи, изгубивме секакви контакти ни на фб се немавме.
    Јас многу сакав да се смириме затоа што пред тоа бевме како сестри, и преку наша заедничка пријателка пробав да ги обновам односите и успеав. Сега повторно сме заедно може не сме како порано но пак сме блиски.
     
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    10.976
    Допаѓања:
    281.719
    Да.
    Многу бевме блиски.Многу си помагавме.
    Кога животот и се заплетка и се соочи со тешки работи, јас цело време бев до неа и ја тешев..кога си одеше со детето кај мајка и и јас плачев со неа...кога дозна дека маж и се коцка на ангро, јас амортизирав дома кај нив да нема гужви.
    Притоа си имав своја фамилија и ги запоставував моите за да бидам до неа.

    Со тек на време незјиниот живот се опраи, поминаа бури, ама дојдоа во мојот.
    Ја снема.
    Дури кога беше најжестокото кај мене се правеше на будала, па не ми одговараше на повиците на мобилен.
    Кога се разведов сретнала ченови на бившата фамилија и пред нив се туфкала и не застанала на моја страна
    После некое време се осмели да ми се јави и првото што ми го кажа е дека цело маало не озборува а второ , ме праша ,,кој е крив за разводот,,
    Сфатив дека таа ме загуби мене а не јас нејзе.
    Ми недостига.Многу.Оние ситени муабети, консултации, заеднички кафиња, тајни муабети,делење совети...

    Не сакам да ја видам повеќе
     
    На buba4e89, fairy88, Goody и 1 друга личност им се допаѓа ова.