Зависи што се случило, некои работи се непростиви.Понекогаш и постепено одалечување од една страна, изговори за немање време,откачување ради дечко повеќе боли него ли нешто конкретно да се случи.Вака знаеш конкретно тоа се случило, а претходно, се си било во ред, судир на карактери, сите грешиме и се случува да дојде до караница, а другово е прилично тешко, да знаеш дека личноста е тука, си го живее животот, а за тебе не и е гајле е малку тешко за простување. Јас многу одамна, во основно , летото кога завршивме и требаше да тргнеме во средно се скарав со една другарка за некои причини кои во тоа време може се чинеа сериозни ама како растевме веќе станаа банални и бев навистина пресреќна кога по цели 3-4 години ми пиша да ми честита роденден.Ние никогаш и не се мразевме додека бевме скарани и баш ми фалеа разговорите со неа, и ден денес сеуште се дружиме пиеме кафе од време на време,излегуваме и е една од ретките личности на која сеуште можам се да и кажам и знам дека нема да излезе никаде муабетот. Исто така немам зборемо 3-4 месеци другарка со која бев нон стоп заедно , слични карактери сме, исти интереси имаме и една вечер на излегување таа ми се налути, јас се обидов да и објаснам дека не сум имала никаква лоша намера и дека не е моја вина, но таа ми беше лута и јас не сакав да ја замарам и кажав тогаш што имав и се извинив и престанавме да зборуваме, најсмешно беше што продолживме да седиме на заедно на училиште и излегувавме во исто друштво.Нормално ниту со неа се мразевме ниту се обидувавме да си направиме нешто една на друга.Се смиривме спонтано, на денот на нејзиниот роденден се погодивме излезени во ист кафиќ и уште истата вечер не можевме муабет да се изнаправиме.И ден денес се дружиме и што се немаме поминато заедно со неа Но,да биле тоа некои сериозни причини кои навистина не повредиле, да сме си направиле намерно нешто една на друга или да не сме си помогнале кога било потребно, веројатно не би се смириле толку лесно или во најмала рака не би биле нашите односи како порано.Ако навистина си увидела некоја грешка, извини се, зошто да не, очигледно те мачи тоа, признај дека си згрешила, барем со својата совест да си на чисто, но не очекувај премногу дека односите ќе ви бидат како порано ако нешто навистина сериозно се случило И дали сакаш да се извиниш зошто навистина си ја увидела грешката и ти фали таа личност или си во таков период во животот каде што очајно сакаш и ти е потребен пријател, па сакаш да пробаш да ја придобиеш пак, ако е ова второто, себично е да очекуваш дека некој ќе те прими назад со раширени раце, а му имаш згрешено
Стари (изгубени) пријателства имам и јас,ама и понови пријателства,итоа само ради тоа што сменив место на живеење.... Некако се’ немаат време Незнам што се случи со луѓето
Takva najdobra prijatelka imam i jas izgubena no do nekade vrateno. Koga zavrsivme osnovno se zapisavme vo razlicni skoli no se druzevme izlagavme se slusavme 24/7 edinstveno sto ne delese bese materijalnoto. Sekogas imase poveke od mene ama jas bev srekna za sekoj nejzin uspeh. Taka taa se zapisa vo stranstvo na studii jas tuka. I samiot nacin na zivot ete ne oddaleci bez zbor bez kavga ete razlicni drustva patista i gledista za zivotot. No srce moe junacko ne izdrza posle dobri 3-4/ godini nekomunikacija ne izdrzav a da ne krenam slusalka sa ja pokanam na svadba. Nejze i bese drago se sretnavme ispivme kafe i dadov pokana i na moe najdrago zadovolstvo dojde. Od togas ete pomina na povojnica od vreme na vreme ke si piseme na viber zatoa sto ne e vo drzavava. Mene srceto mi e polno zatoa sto znam ete osekam deka imam prijatel ama zivotot e tolku brz i dinamicen sekoj e vo trcanje po biznis i kariera pa malk se podzaboravame.
Моите пријателства секогаш се одвивале во насока на дружења во кои секогаш сум била резервирана подлабоко да навлезам во туѓата приватност, а исто така сум ги чувала на дистанца и случувањата во мојот живот не дека имам нешто да скријам, туку едноставно таков тип на личност сум што не сакам ниту да отплеткувам нечија приказна и да се пуштам во потрага на поинаков расплет, ниту пак да ја раскажувам мојата. Не се приврзувам многу за другите, тие го знаат тоа и така се однесуваат. Знам дека сум многу чудна по ова прашање и тоа отворено ми го предочиле, но тоа сум јас. За многумина сум таинствена личност, но за тие што добро ме познаваат знаат каква е мојата пријателска страна. Тоа што на прашањата не поставувам потпрашања, а и не сакам да ми ги поставуваат не значи дека некој не ми значи и не сакам на некого да му помогнам. Таквата можност е право на одлука за потреба од мојот совет, но не и лична дозвола да се впуштам во нешто што не ме засега и не сакам да имам влијание. Не сакам многу пријателства, а тие малку што ги имам ги негувам со години. Почитта и дружењето се взаемни во насока која сме ја избрале и ја одржуваме низ годините. Не можам да кажам дека сум изгубила некое старо драго пријателство од лични причини затоа што немало ништо посуштинско што се прекинало во контактите, освен животните околности.
Имам вакви пријателства кои не би сакала да ги обновам од причина што кога ке дојдам до финален заклучок со претходна анализа на работите има причина што се во минатото и таму и треба да останат.
Имав една другарка со која се дружев во период од 4 години, го прекинавме пријателството без кавга, едноставно само се оддалечивме една од друга. Посакував да го обновам тоа пријателство но не го сторив тоа, не бев сигурна дека и таа ќе се согласи на тоа па не сакав да испаднам будала.
Се дружев долго време со една другарка и имавме супер односи, бевме повеќе другарки во друштво, од кои една од нив она не можеше никако да ја свари, но по влијание на друга другарка, а напротив таа истата мене ме почитуваше и немав причина да се искарам. Од толкава омраза кон неа, се оддалечивме без да се скараме и толку беше нашето другарство. Не беше во право и ич не ми е криво, зашто вистинска другарка не го прави тоа.
Имав другарка заедно израснавме секој ден бевме заедно. После таа се пресели во Италија а јас во Германија. Нон стоп комунициравме на Скајп, но откако таа се запозна со дечко и некако ептен работите се испомешаа. Некако не му одговараше на него јас и она да се дружиме. Од тогаш на тука многу ретко се слушаме со неа, на пр. за роденден да си честитаме само и толку. Наредната година свадба таа ќе прави и на мене ми се јави и ме покани,баш би сакала да отидам. Понекогаш ми е мака што така се испадна.
Имам изгубено неколку добри пријателства. Што поради промена на средина, училиште, место на живеење, ситуации во живот.. И така, живот иде даље.
Неколку, да. Но не гледам на тоа како да ми е криво. Сум направила се' што сум можела, сум се вложила, е сеа прст на глава треба од другата страна. Ниту сакам да се имам понатака, ниту пак ми требаат. А обично луѓето се враќаат назад кога ќе ви тргне во животот. Нека се вратат кај мене, нека си пробаат па да видат што ќе си дочекаат.
Имав една другарка со која бевме неразделни. Учевме заедно во исто одд и кога ќе си дојдевме од училиште веднаш ги земавме куклите и по цело време си игравме. Но кога заврши 5то одделение се преселија во Германија. Две години од како се пресели се слушавме преку скајп и по цело лето бевме заедно кога ќе си дојдеше. Но ова лето ме остави и почна да ме игнорира. По цели денови и пишував да дојде кај мене да дојде да поседиме но таа секогаш измислуваше некој изговор и пак не доаѓаше. Еве цел месец август е тука и само еднаш дојде кај мене да се видиме и тоа беше само на 5 минути. И си реков штом ти ме игнорираш тогаш и јас ќе те игнорирам. Вчера кога отидов накај тетка ми, таа седеше во дворот и ја видов и само ја поминав ништо не и реков и кога се вратив пак седеше и пак ништо не и реков. Сега на 6ти септември ќе си оди и нема да и кажам ни среќен пат. Заврши пријателството меѓу мене и неа. Од една страна ми е криво но таа така си одбра јас не сум крива а од друга страна добро што заврши пошто дознав каква личност е и не ми требаат такви како неа.
Тоа што доаѓа е секогаш подобро од тоа што си оди. Сите стари и изгубени пријателства ме научиле на некаква лекција во животот. Така да, благодарна сум, да немав злобни и користољубиви пријатели немаше да знам како да ги препознам