Луѓе имам проблем. 20 години млада девојка но, во огледало гледам 30 годишна жена. И се тоа почнав да го приметувам одкако во последно време кога запознавам нови личности мислаат дека сум 24 или постара . Последната козметичарка што ми ги чупаше веѓите мислеше дека сум дури неверојатни 27 ! Не знам што да правам колку повеќе се гледам во огледало толку поочајна ставувам и губам самодоверба. Имам дечко го прашав него и тОЈ рече дека не изгледам постара исто и тие што ме знаат од предходно го рекоа истото. само не знам колку се искрени . инаку редовно го негувам лицето имам 64 кг. 1,68 висока. Што би можел да биде проблемот ? Дали некој има/имал такво искуство ? Секој совет ми е на помош
@Gwaaz За староликоста може да придонесуваат нервозите, стресот и непотрените грижи како овие. Исто, ако носиш премногу шминка која те прави да изгледаш постаро, односно зависи и како ја третираш кожата.
Има многу фактори што би те правеле да изгледаш постаро- начин на исхрана, дали пиеш доволно вода, дали спиеш доволно, физичка активност стресот и опкружувањето.Тоа се факторите на кои ако им е нарушен балансот, ти се познаваат на ликот и телото. Останатите работи се едноставни промени во стил. Смени фризура, направи шишки, тие подмладуваат за неколку години. Размисли за некои промени во имиџот. Да не го запоставиме и тоа како се држиш, говорот на телото, ако чекориш самоуверено, исправено и со насмевка, нема шанси некој да ти рече дека си постара
Направи промени во изгледот. Пр пеглана коса најчесто прави да изгледа која помлада, за разлика од виткана коса и локни. Стави ајлајнер или моливче на горниот капак и извиткај ги трепките со виткач обавезно. Наместо мат суви кармини стави обичен кармин и сјај во посветла боја. Види јутуб видеа How to look younger, има многу совети.
Мене па ме нервира фактот што сите ми даваат 7-8 години помалку од мојата вистинска возраст. Имам многу ситна, детска градба на телото, без облини, слабичка како мало девојче. На лицето веќе ги имам првите брчки, но човек треба ептен да ме загледа за да ми ја погоди возраста. Можеби сум будала што се нервирам за ова, но ете. Сакам да ти кажам дека тоа што го имаш ти, можеби некој друг го посакува. Секој со своите маки...
Едноставно може така изгледаш. Ако се храниш здраво, спиеш доволно и не се нервираш премногу, релаксирај се ова не е нешто со кое треба да се оптеретуваш
@prominent а зошто се нервираш? И на мене ми викаат дека имам помалку од годините што ги имам. Камо да беа 25 години, а не 32.
За мене старолики се само оние над 55 години. Не се претисњавај, чим машко вика дека не си старолика, значи дека не си.