Другарка ми ме понуди да и бидам старосватица на нејзината свадба ииииии многу сум среќна. Сега сакам да кажете искуство за тоа кога вие сте биле старосватица или вашате старосватови што ви донесоа за поклон, што се должностите на старосватицата.....
^должности, во матично сведок, л.карта и потпис а во црква ќе ти требаат свеќи и материјал ии толку, последна должност ќе ти биде играњето оро во ресторан кога ќе речат.....А СЕГА ПОСЛЕ КУМОТ СЕ ЗНАЕ РЕДОТ Е СТРАСВАТИЦАТА ДА ГО ПОВЕДЕ ОРО, ААААЈДЕЕЕЕ СТАРОСВАТИЦЕЕЕ...тмтртм http://www.youtube.com/watch?v=jAHKy_rExWM
Јас бев старосватица и бев пресреќна. Во секој случај голема чест е да те одберат за таква улога. Немаш премногу обврски, освен свеќи, материјал, да платиш во црква дел од сумата, да дадеш пари на музиката торта за во ресторан (некој носи, некој и не), цвеќе и шише ракија, ако одите по невеста од кај младоженецот. Поклонот варира. Јас кога се распрашував имаше различни мислења, од 100е до 300е. Јас потрошив околу 200е, што мислам дека е доволно.
Јас бев старосватица, па можам да ти кажам дека е навистина голема чест, пред се ако ти е некоја блиска личност, или пак некој кој го чувствуваш близок. Кога ќе те дарува невестата и даваш пари(или пак барем јас тој обичај така го знам)- сума по желба. Инаку за во матично ти треба само лична карта, за во црква свеќи(украсени) , материјал(за врзување раце) и 1000ден. За во ресторан торта (од старосватицата), а и орото да го изиграш. За поклон дадов 100е + букет. Честито нека ти е и убаво да си поминеш
Старосвати сме со партнерот , наредниот викенд е свадбата , е сега се мислиме колку пари да им дадеме, 150 или 200 евра Дали е доволно , а нешто плус да однесеме ли , цвеќе на пример? Некое искуство, совет ќе ми биде од големо значење.
се зависи од финансиите и колкаво ти е чергичето....имаш/немаш,можеш/неможеш....од твоја страна од негова
Кога бев старосватица, им дадов 150 евра, зашто бев сама- немав дечко,иако мислам дека толку би дала и да одам со дечко ми денес. Со невестата зборував за цвеќе, па излезе дека на главната маса нема да има цвеќиња па ми „нарача“ икебана, која испадна ептен убава па стоеше на главната маса и ја имаше на сите слики Мислам дека цвеќе и пари (ако си решила тоа да биде) е сосем доволно, иако знам дека некаде носат и торти ама тоа ми е премногу.
^како што рече awl....и јас мислам дека 150е е сосема доволно за цвеќе договори се.... торта исто можеш по договор, каква колкава,.....дали воопшто ќе и треба тоа е тоа,друго ништо посебно
Чест е да бидеш, ама мора и кесето да го одврзиш, а тешко тој кој нема или има премалку. Сепак, сигурно со невестата сте преблиски, па ќе има разбирање околу тоа колку и што можеш да дадеш. А, парите се најубав поклон.
Јас дадов 200е., ама и 150е па не е малку. Купив и торта и цвеќе, ама тоа можеш да си се договориш со невестата. Мене искрено не ми се даваат 1000-2000 за цвеќе што ќе овене за неколку дена, кога можат тие пари да се додадат во поклонот и да се искористат многу попаметно.
Фала ви на одговорите. Најверојатно ќе биде 150евра + торта ( ни рекоа дека и торта треба да однесеме). Со оглед на тоа дека нема да биде некоја голема свадба, мислам дека е доволно.
Јас бев старосватица минатата година кај мојата најдругарка, и навистина е преголема чест! Е сега, за трошоците... На голема и отмена свадба: 600 ден накитени свеќи за во црква материјал од свила (јас земав 2 метра) 1000 ден во црква не ставав пари на музика (не е во мој стил а и свадбата не беше таква) во матично само л.к. тортата беше од ресторанот (не било дозволено да се внесува од надвор) 1600 ден подарок во плик 250 еур (заедно со мојот партнер) цвеќе однесов дома кај неа на денот (ама никој не го ни виде, ни примети џабе парите, убаво ми рече и она не купувај цвеќе, ама јас...се да е ко шо треба) подароците таа ни ги даваше на веридбата, ама пари не стававме шо се вика на бовчи. Таму однесов цвеќе и колачи (наместо торта) пошто тоа се дешаваше 4 месеци пред свадбата. и да не заборавите да играте на песната за старосватицата НАПРЕД (јас заборавив т.е. не ни знаев дека треба ниту пак која е песната) па најубаво прашајте си ја невестата како планираат со музиката. Овде немаше она прозивање за кумот на оро, па за старосватот на оро, па јас не ни знаев си играв таму при крај на орото Инаку, преубаво е чувството и останува до крај на животот!
Веројатно во секој крај е различно. Мене ми рекоа дека не треба да купувам ништо за во црква. Ни свеки, ни материјал. Само виното ке треба да го испијам до капка И во матично потпис, се разбира. Се е работа на договор.
^ како бе до крај? секој пие по три голтки, а по старосватицата последен пие деверот-на него да знаат да му речат да го допие за да не останувало незнам зошто незнам како - ама важно така требало
Што знам, така е кај нас. Ние имаме само два сведоци-кум и девер, или деверица (старосватица). Трет нема.
пред еден месец бев на свадба старосватица. Поклонот ме чинеше 9 000 денари со партнеот го купивме тортта 1500 за во црква 1000 за свеки накитени купени од црква 600 платно 3 метра 800 ден и албумче за старосватицата 1000 за песна за старосватицата 1000 и цвеке 300..... е сега за гардероба уште нешто така да може да се каже комплетно 20 000
Ау, за торта не сум знаела... Три пати сум била, и еднаш беше муж ми, ама торта не сме однеле За мене ова е голема чест. Има трошоци, ама меракот е голем. Не е само подарокот - на другарките секако ќе им дадев по толку колку што им дадов, без разлика дали ќе имав функција на свадбата или не. Разлика се парите за бовчи, сепак треба малку повеќе дотерување, албум со еден куп фотографии, па и платно, свеќи и тарифа во црква влечат.
Добро, јас мешам поими или малава ни земја измислила еден куп обичаи, во секое место по сто Значи, Прилепско, си има кум, девер, старосват(обично вујкото на зетчето) и двајца сведоци по избор за во матично(најчесто младите си ставаат по желба другари/другарки) Тоа старосватици, младосватици се жените на законџиите и служат за перчење во сала А вие таму во Скопје си барате трошок и кај што го нема, ај досега деверуши, па сега старосватици А старосват во црква не стои од десно на зетот под венецот? Дај барем поповиве нека се договорат, а не едно ваму, друго таму