Дали старосватицата мора да е од страна на невестата? Читам дека повеќето ви се другарки, така ми кажа и вереникот, но дали може да е обратна ситуација?
@mynameislove, старосватицата е од страна на невестата, кумот е од страната на зетот и се во „улога“ на независни сведоци од двете страни кои потврдуваат дека девојката не е грабана, дека парот не е во роднинска врски итн. Најчесто старосватица е блиска другарка на невестата но и не мора. Ако ти сакаш таа чест да и ја укажеш на некоја личност од страна на вереникот, слободно
@mynameislove @Nausicaa У Штип мора да се од страната на младоженецот. Па, повуци-потегни беше пошто нели јас сум другарка на невестава. Па, на крај испадна дека младоженецот мене ме бара за старосватица... Разни обичаи
, Цвеќе , благо и можиш да му земиш на двајцата по една колекција или на невестата комплетче сваровски, а на зетот некое сатче или па од оние кутиине шо се со вино и отворачи баш ми е интересно тоа..
Иначе да се надоврзам на муабетот погоре старосватови за во црква се од страна на зетот и тоа на неговата мајка брат или прв братучед а долку тие откажат и неможат да најдат се бара повторно по машка страна за во црква сите законити се од страна на зетот, а ако мислите пошто некои и така се викаа старосватици за регистрација ( сведоци ние ги викаме ) тоа може да ти биди кој сакаш и на улица некој да најдеш ако немаш ќе ти се нафати да ти биди. Поздрав А должност на старосватовите во црква е само ја чита старосватот или старосватицата Оче наш.. другите работи си ги носи кумата како што прочитав горе свеќи материјал и такви работи тоа ги носи кумата..
Постелнина, можеш овие ќебенцава од дормео дупли што се, цвеќе, бонбониера, сервис истотака дали тањири, чаши за вино сеедно итн
Од кој крај си? Од Прилеп претпоставувам Кај нас во 99% старосвати се другари или другарки на младите. Јас ниту имам слушнато, ниту видено вујко да е старосват, освен ако веќе нема кој друг. За Прилеп имам слушнато дека е вака. И мислам дека во црква не читаат молитва, туку се вртат и држат свеќи, а кумот менува круни и бурми (ако не се лажам за бурмиве).
^Не сум од Прилеп, но исто е и кај нас. Татко ми кај двајцата братучеди беше старосват. Држеше само свеќи и вртеше. Молитви не кажуваа никој од закониците.
Кај нас старосватот ја кажува оче наш а кумот си ги држи свеќите и врти со нив и ги менува бурмите и круните и материјал кумот им наметнува или врзува нз како беше не се сеќавам.. Кај нас така е во црквата.. Зависи секој различно и кај нас има некој шо си ставаат таа шо не си почитуваат адет :/ секој различно
А што ако неможеш да одлучиш за сведок, роднина се мисли која да и биде па сака заедно да ги праша :/ мислење
Не знам кај да го поставам прашањето... Тие што биле старосватици од кај земавте матријал за во црква. И колку треба да се земе.
Матријали има на Битпазар и ваљда уште постои таа продавницата во Гтц најгоре, мислам Матекс се викаше. Отприлика 2-3метра бидејќи нели нешто после треба да сошие невестата
Sto obvrska ima staroavatica za krstevka za bebe i sto nosi za poklon za svadba .. ako e pari kolku na primer