Може ќе ми се смеете, ама стварно врска немам, старосватица што е? Дали е исто со деверица? Што улога играат двете ако не е исто и кој/а и како треба да се избере? Ни сум била ни сум се интересирала претходно до сега.
Ама мораш да имаш за во матични. Тоа ти се два сведока. Кумата и старосватицата. Во некои градови не венчава во црква.
Па демек нема старосватица кај нас ми рекоа, само сведоци два, да не бидат роднини и тоа толку. Сите што ги прашав тоа ми го кажаа.
Е па тоа ти се сведоците...а зошто да не се роднини? Сум била на свадба кај што старосват е братучед на младоженецот.
Е тоа не успеав да разберам зошто ни заврши паузата од раб и моравме да се враќаме. И за многу други ми велат не смееле да бидат роднини. Кумот, деверот... Искрено ништо не разбирам и цела сум изгубена, од секаде различно ми кажуваат, сите сакаат да кажат нешто и кој треба и кој не треба и се губам полека.
За кумот тие да. Не смеел да биде роднина зошто станувал духовен татко на детето наше и тогаш сме станувале роднини, што може има смисла, а не сакаат нивниот кум да биде и треба да избереме ние, а за деверот на работа ми збореа неколку колешки и прашав пак дома ми рекоа па може не треба да се роднини што знам... Значи, хаос!
Тие знаеш како ни прават? Се ќе биде онака како што сакате вие, ние плаќаме за се. И кога ќе не прашаат а што сакате и ќе кажеме, тогаш почнуваат да се расправаат меѓу себе тие двајца, сестра му на вереникот и баба му како е најправилно да се постапи во тој момент што го сакаме ние. Ко ова со кум и девер, ко давање збор во кафана, ко регистрација со ручек, па свадба и венчавка којзнае кога и така...
А зошто се замараш воопшто? Кумови и старосватови треба да си изберете со момчето, кој сакате тие нека ви бидат. Јас не се венчав во црква, па пак си избравме кум и старосват за сведоци во матично, тие се најдобрите пријатели на мене и маж ми. На другарка јас сум и сега старосватица, а моите и се кумови на нејзините родители. Нема правило, битно е да си избереш близок човек со кој и понатаму сакаш да ги делиш убавите работи, а дали е роднина или сте имале друга претходна конекција ништо не ви менува.
Девер и деверица се роднини на младите - деверица е сестра или братучетка на невестата, девер е брат или братучед на младоженецот. Деверот и деверицата треба да се помлади од младите. Кум и старосват се пријатели со кои младите се 'ородуваат'. Кум и старосват не може да ти бидат само родениот брат и сестра. Најчесто, кум е првиот сведок во матично, а во црква е кум и тој/таа го крштева детето. Старосват е вториот сведок и е старосват во црква. Е сега, во некои градови, сведоци во матично и кум - старосват се различни. Во некои градови и кумот и старосватот се другари на младоженецот, а некогаш кум е другар на младоженецот а старосватица е другарка на невестата или обратно, како ке се договорат младите.
Така е, само не можам да не се замарам ете посилно е од мене тоа, а сакам да си кулирам. И не ми се јасни многу работи и глупо се осеќам како несозреана и неспремна.
Е па категорично сите ми кажаа во нашиот град нема старосват и старосватица и сега со ова и со се пак се изгубив.
Не знам зошто се губиш. Убаво ти објаснила Ребека, ако имаш другарка поблиска која сакаш да ти биде нешто повеќе од тоа, ја земаш за втор сведок (бидејќи најчесто првиот сведок - кум, е од страната на младоженецот) и таа така сега се вика - старосватица. На времето било старејко/ старејковица. Ако немаш, може да биде и другар на маж ти. Значи вториот сведок така се нарекува и тоа отсекогаш го имало. Моите беа старејковци уште јас кога бев ептен мала.
Разбрав, тоа старосватица е вториот сведок и може да ми биде блиска другарка. Кај нас не ја викаат старосватица него сведок. И толку, понатаму нема обврски.