Што сакаш нема правило. Ние нашите кумови и старосватови ги "каневме" на месинџер Бидејќи и тие и тие се во странство, и требаше да се вратат ден пред регистрацијата па немаше кога да одеме и да ги канеме со бовчи/вина. Па еве ни биднаа, никому ништо ако не сме им дале бовчи
Ние купивме и за кумовите и за старосватовите цвеќе во кутија со рафаело и пијалок , на кумот сат а на кумата нараквица, на старостватот сат и на старосватицата сет ланче и обетки.
Кога ќе видам вакво прашање... Секој ќе ти каже различно, секој има различна финансиска состојба вие најдобро си знаете колку можете да си дозволите. Во денешно време 150 евра се пола плата...
Здраво, можеби прашањето не е за тука и е глупо, но би сакала да прашам. Дали може да се "смени" старосватица што не венчала пред 4 години, поради нарушени односи? Искрено, кога би правела крштевка за детето, не би ја викнала, знам дека старосватиците немаат обврски околу тоа, а дали може некоја друга да се назначи доколку би ги обновиле некогаш брачните завети?
Ние ќе бидеме старејковци во август (во нашиот крај така се викаат). Е сега знам дека секој според можностите.. но дали би била прикладна сума од 250 евра за подарок, со оглед на покачените цени, животниот стандард (а плата иста)? И друго кај младоженецот што треба да однесам, а што кај невестата? Јас мислам ракија кај младоженецот, буќет свеж кај невестата. Во ресторанот торта,рамка една интересна среќен брак нешто, анражман со цвеќе,виски и бомбони.. Друго што треба?
Сосема доволно ти е ова. Ќе ве дарува невестата? Ако да, ќе видиш секако што и колку ќе ве дарува, па според тоа и сумата за подарок ќе видиш дали ти е доволна. И ние кога бевме старосватови толку дадовме.
Па да, пари ќе дарувала.. ние сме двајцата со маж ми имаме едно девојче она е 7 години, значи за неа ќе треба порција и бебе. Оти секако на невестата се даваат пари и кога дарува и во ресторантот на "рака бацување".. Благодарам
Сосем доволно. Јас мислам и ова е многу, ама малку воопшто не е. Убаво да си поминете и да играте Поклоните се забораваат, веселбата не.
Кажете колку од прилика ставате пари во плико ? 150доста е ? како статосватица ??? и дали е по паметно гребка или цвеќе ?