Старосватица

Дискусија во 'Свадба' започната од apple12, 16 јуни 2012.

  1. Heartbeat92

    Heartbeat92 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Некако ништо не ми е јасно околу обврските за старосватица. Молам за помош! :)
    Треба да дојдат кај мене на официјално канење. Што се прави тогаш, треба јас да им дадам подарок или невестата ме дарува мене (негде прочитав дека кога ќе ме дарува треба да и дадам пари?)
    Моминска треба ја да организирам?
    На денот на свадбата, кога ќе бидам кај невестата треба нешто да однесам?
    За во црква еве во нашиов крај обврските биле на кумовите.
    Вечерта секако ќе носам поклон пари во плик и цвеќе. Торта треба или нешто плус?
     
  2. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.665
    Кога те канат не треба ништо освен да ги пречекаш со ручек/вечера/мезе како сакаш.
    За свадба - невестата тебе те дарува, ти и даваш пара во рака (не е морално, пр. ке видиш ако кумовите пред тебе дадат, дади и ти, биди си спремна).
    Девојачко спрема старосватица, т.е само договараш и водиш, финансии и слично делите сите.
    На денот на свадбата кај невестата носиш само букет цвеќе.
    Во црква (во Скопје) старосватицата носи две украсени свеќи и материјал за врзување на рацете, исто како и кумот.
    Во ресторан се носи торта, но сепак тоа е договор со младите.
    И во ресторан позитива, насмевка и позитивна енергија :dance:
     
    На Heartbeat92 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    792
    еве јас колку што се сеќавам за старосватица кога бев две свеќи, плаќање во црква...кога идат кај тебе да те поканатза старосватица тие ти носат поклон, за свадбата невестата те дарува кај нас, ти поклон во салата. девојачко не е морално ти да и спремаш може и некој друг. мене кога идеше да ме кани дојде со букет со овошје убаво декориран јас имав поставено маса со мезиња и пијакол. девојчака не сакаше да и се организира, на денот на свадбата ме даруваше во поклон парфем, во салата јас однесов поклон плико и букет додека во црква само две свеќи, платното го купува кумот кај нас не старосветица. за торта може да ја прашаш некој постар или пак нив... се бива со договор
     
    На Heartbeat92 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    34.598
    Пол:
    Женски
    Да прашам, имам старосватица ја, но дали може и јас на неа да и бидам старосватица? Дали е дозволено тоа во црква?
     
  5. Minionn

    Minionn Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2015
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Дозволено е. Кај познаничка баш видов дека си биле старосватици со другарка една на друга:D
     
    На IronLady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.887
    Допаѓања:
    11.285
    Пол:
    Женски
    Дозволено е, кај мене е така.:D
     
    На IronLady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    305
    Каков треба да е материјалот, бел ли и колку да купам должина? Фала
     
  8. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.665
    Обично се прашува невестата за боја да си одбере, пошто треба да шие нешто со тој материјал. Јас земав 3 метри
     
    На Isabela23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски
    На другарка и бев сведок на регистрација, дали тоа значи дека фиксно ќе и бидам и старосватица за свадба? Или тоа се две различни работи
     
  10. Minnak

    Minnak Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2025
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
  11. Kate.93.N

    Kate.93.N Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2024
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Дали може да ми продлижите страни од каде можам да најдам гифт пакети за канење кум / старосватица
     
  12. marristovska1

    marristovska1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво. Ќе бидам старосватица и треба да нарачам торта за во ресторан од мене.. па ме интересира за колку парчиња треба да нарачам отпрлика?
     
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.887
    Допаѓања:
    11.285
    Пол:
    Женски
    Макс 30, немаш потреба од повеќе.
     
  14. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.395
    Допаѓања:
    2.656
    Јас и кажав на старосватицата околу 20 парчиња, нема потреба од повеќе. Плус и кумовите носат торта