1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Старосватица

Дискусија во 'Свадба' започната од apple12, 16 јуни 2012.

  1. mice83

    mice83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    51
    Девојќи ми треба ваше искуство и помош во врска со платното што се носи во Црква за наметнување на младите....Кој треба да го донесе кумот или старосватицата,или и двајцата? Исто така кој треба да не наметнува кум или старосватица,или пак и двајцата? Ние ќе имаме и кум и старосватица па ќе треба да ги информирам да си донесат....Некоја феминка ако има искуство ако може да сподели....ви благодарам однапред :)
     
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    И кумот и старосватицата носат, а попот си врши рабтоа во однос на врзување на платното.
     
    На mice83 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Треба и двајцата да земат и платно, а и свеќи. Кажи им која боја ти се допаѓа бидејќи после ќе ти остане платното да си сошиеш нешто. Не ве наметнува никој туку попот ви ги врзува рацете со двете платна.
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.108
    Пол:
    Женски
    Пред скоро 3 години со маж ми (тогаш дечко) бевме старосватови на една свадба. Маж ми купи платно за во црква. Исто така и кумот. Попот им ги врза рацете на младите со двете платна. Платната останаа за невестата, за да си сошие фустан. Така и бидна. Од платното на кумот си соши долг фустан. Адетот е невестата да си сошие нешто од платната.
     
  5. mice83

    mice83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    51
    ^Баш ви фала девојќи,многу се мислев околу платната,знаев дека требада да не наметнува или врзува попот,па си викав со едно платно не може ли мора ли две да се.Но баш е добро веќе кога знам за сигурно од вас со искуство веќе :) .Исто во врска со свеќите ако не се лажам двете свеќи на старосватицата оставуваат уште истиот ден да догорат во црква,а свеќите од кумот се носат на Младенци?
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.210
    Пол:
    Женски
    Кај нас едно беше, од кумот само. Не знаевме дека и од старосватовите требало, па поминавме со едно, не беше ништо страшно. :)
    За свеќите сите свеќи се догоруваат на младенци, кај нас барем така беше.
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.108
    Пол:
    Женски
    И свеќите од кумот и од старосватицата остануваат кај младите. Кога младите ќе слават Младенци треба да ги однесат да догорат во истата црква каде што се венчале.
     
    На mice83 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.411
    Пол:
    Женски
    Леле јас си имам тешка мака, ниедна другарка не ми се нафаќа да ми биде старосватица пошто немале финансии, сега ќе се појави и една овде што ја прашав прва :P На сите им кажувам, не ми требаат поклони огромни, машини за перење и слично, не ми треба ништо, само да биде до мене, ама ете, сите другарки ми се уште при мајка и татко што викаат старите, па немале пари. И така јас си останав без старосватица :( Ќе морам очигледно на крај да се одлучам за машката варијанта од старосвфатица, старосват, најдобриот другар од средно.
     
  9. mice83

    mice83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    51
    На крај краева што се сеќираш и онака не е морално да имаш старосватица,може и само кум... ;) ....незнам од кој град си,но во многу места и нема обичај да имаат старосватица,само кум.И јас си мислев за таа варијанта,но пак другарками се нафати,а не живее во Македонија па си пислев ако нешто е проблем со патување за нејзе ќе имаме само кум... :)
     
  10. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Кај нас има обичај старосватовци да ти се роднини,значи не мора другари.Ако не ти се нафаќа ниедна од другарките можеш да замолиш некој роднина,братучед и сл.
     
  11. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Јас пак сега кога бев на свадба младоженецот си имаше кум и старосват негови другари. Така да твојов може да си покани негов другар да ви биде старосват. Инаку, колку и да викаш немора поклони скапи и слично стварно улогата старосватица си носи трошкови. Почни од тоа таа да се среди комплет, па торта,па свеќи,па материјали за во црква,па слики едно 50тина кога ќе и дадат на самата вечер,поклон каков таков и за него треба пари.И кога сето тоа ќе го собереш ќе те кошта ѓавол ипол. Затоа нема лутиш, на секого му е различна финансиската ситуација дома.
     
  12. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.194
    Па зарем има некоја невеста што очекува машина за перење од другарка?
    Мислам дека се претерува со очекувањата за поклон од кум и старосват затоа и сите се пазат и неприфаќаат. Ако од срце сакам некој да ми е сведок на свадбата ни торта е морално ни огромни поклони. Сепак свадбата не е за да се збогатам туку за убавите сеќавања.
     
  13. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Другарка ми ,ми рече да си изберам песна со која ќе го поведам орото ...уфф во недоумица сум која ,дајте некоја идеа ајде :)
     
  14. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    ^ Обично за старосватиците ја свират "Стани моме да заиграш" :D
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.411
    Пол:
    Женски
    Ех Сесилија, јас и реков дека ич не ми треба ни поклон ни ништо ама она не се осеќа така. Тоа е, јас сеуште немам старосватица, некој малер ме затерал сите што ќе ги прашам не можат да се нафатат, една нема пари, друга е на свадба во друга држава ден претходно, трета пак нема пари, четврта не се осеќала спремно, абе смејурии :tmi: На крајот на краиштата сестра ми ќе си ја стаам до мене, да разбираше малку од малку внука ми неа ќе ја ставев ама ептен е мала
    нема уште ни лична карта за во матично :rofl:
     
  16. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Ич да не се секираш ,парите не се оправдување ,прашај си некоја блиска братучедка ако имаш,ако не некој од дечкоти страната(во некои краеви вујкото е старосват)може некој другар што ви е близок и на двајцата (сакам да кажам некој со кој и ти си го имаш муабетот не ради реда).
    Јас како одминува времето мислам дека направив грешка за мојата старосватица,требаше да ја поканам една другарка за која знаев дека е во тешка финансиска ситуација и дека е во состојба да се задолжи само да ми биде иако ќе и кажев дека не ми треба ништо но знам каков човек е па си мислев дека со тоа ја поштедив ,но згрешив.
    И пред некој ден и го кажав тоа и ми рече знам но и покрај се јас ако ме поканеше ќе ти бев старосватица, сватив дека старосват и кум не се бираат само за денот,треба да си бидете блиски и после свадбата.
    Затоа еве совет до идните невести двапати да се подразмислат кога бираат старосватица.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    И јас имам такво искуство бев старосватица оваа година тазе старосватица :) уабво е чувството поотово ако ти е некоја блиска особа јас и бев старосватица на мн добра другарка и платив во црква,материјал свеќи,поклон им дадовме со дечкото поклон во плико и торта а ракија прв пат слушам дека требало да се носи. Поздрав до сите идни старосватици да бидете многу весели и да играте :) (јас не седнав се изнаиграв повеќе и од невестата хехехе )
     
  18. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    ^ За ракијата и јас прв пат слушам. Значи кој какви адети знае тоа ќе си прави и нема тука замарање.
    Јас дадов пари кога невестата ме даруваше, кај неа на врата кога требаше да влеземе ( јас тогаш прв пат видов старосватица да дава пари на врата, па ме начекаа неспремна дур да извадам едно друго...), платив во црква, материјал, свеќи, торта, цвеќе и поклонот.

    Така да што адети си знаете тие правете си ги и не се замарајте :)
     
  19. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Точно така Леонтина, старосват и кум не се бираат само за денот, треба да си бидете блиски и после свадбата, иако за жал тоа не е секојпат така. Кај нас кумот беше најдобар другар на сопругот, односно другари со кои многу дружиме и сеуште многу дружиме и сме уште поблиски после свадбата. Старосватица канев моја тогаш блиска другарка со која веќе и не дружиме особено. Убаво е кога пријателствата се зацврснуваат после сведочењето за бракот но знам многу случаи каде тоа и не било баш така. И јас сум дел од тој пример.
     
    На leo-n-tina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    921
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Од страната на идниот ми маж обичај било вујкото да е старосват и сега многу ми е глупо што не можам да поканам некоја другарка или некој помлад. Не знам дали да се бунам или да оставам да си тераат по обичајот.