Пак јас Кокосче да те советувам, по адети ако терате ОК, ама ако сакаш и ти е мерак да ти биде старосватица некоја другарка не попуштај, јас многу се изнамачив со старосватица, никоја не ми се нафаќаше под изговор дека немаат пари, си коштало се, па ја замолив братучедка ми и и реков дека се ќе платам јас, но од неа барам да ми организира супермоминска Поучена и од свекрва ми и нејзините искуства, и од мои искуства подобро да си платам и да купам се што треба отколку да се нервирам и да ми пререкува после некој, може и нема да ми пререкува ама мене ќе ми стои на душа А и нема братучедка ми, свесна сум за тоа, а сакам да ми биде старосватица, сум поминала пола и поише од животот со неа, она можеби и би ми била прв избор, ама се се мислев околу финансиите, вака и предложив се да си платам јас и готово, мирна душа и на мене и на неа, а и на неа и е мерак голем Ќе биде забавно сигурна сум!
И тоа шо викаш, замисли да се испокарам дека не сакам адети, а после никоја другарка да не ми прифати Ама сепак нели е позабавно кога се млади кумот и старосватот.
Се разбира, башка со тие луѓе утре задутре треба да се дружиш да останеш во контакт, некако не ми иде со некој кој не го познаваш или не ти е по ќеф да се среќавате по дешавки и дружења
Мене кога ме викнаа за старосватица ми рекоа баш со овие зборови: "те молам биди ми старосватица зашто нема кој друг". И прифатив, што можев друго
Леле Ецапереца, па и мене немаше кој па не реков така, многу глупо бре. Јас прашав една другарка не можеше финансиски, прашав друга нема да биде овде и на крај ја прашав братучедка ми, ако нејќеше и она ќе се снајдев некако, ама нема шанси да речам нема кој, глупо ми е бре. Знам колку е тешко на денешницава, башка беспарица, им ја знам на сите мои блиски финансиската ситуација, што ќе се правам будала сеа. Муабетот ми беше за Кокосче, глупо е старосват некој вујко, ипак треба да создаваш круг на семејство и пријатели со кои би си го имала муабетот, би си иделе на прослави и слично, а со вујко кај можеш да се опуштиш, нема шанси, на роденден или слава да заседнеш до сабајле, да се развеселиш, мене тоа ми ја прави врската помеѓу овие титули да речам. Тоа ти е на некој начин ново семејство, ново опкружуање кое сама треба да си го создадеш со сопругот, а не да се базираш на некои си стари роднински врски.
Pa vo nekoi kraevi i obicaj e starosvatot da bide od strana na mazot,a ne od strana na zenata. A i so tolku se bazirate na straosvatica,koj garantira deka utre nema da se ispokaram so idnata mi straosvatica??
Би било во ред едниот сведок да е од кај момчето, а другиот од кај невестата. Тоа со вујкото од секогаш ми било глупо , мада знам дека е обичај во некои делови на Македонија. Ако не попуштаат за старосватот, барај да си имаш твоја кума
Епа БејбиСтар, ако размислуваш така не ни бирај старосватица, возрасни сме веќе, не се караме за сва и свашта ко деца мали, си ги бираме пријателите според сопствените убедувања и погледи. Можеш да се испокараш со било кого, дури и со старосватот ако е од другата страна, само не треба да размислуваме така
Јас бев старосватица на моја другарка.Кога ме праша со сето срце и реков дека прифаќам.Поклон си дадов во плик, цвеќе, торта и сите адети во црква.Ако немав пари ќе се договоревме да и дадам после свадбата.Си прежалив една плата, исто и дечко ми.Ни помогнаа и родителите.Меѓутоа бевме пресрекни што сме дел од една љубовна приказна и сведоци пред законот и пред бог.
И јас сум била стросцатица кај другарка и преубаво е чуството, тоа беше најубавата свадба на која сум била. Само штета се оддалечивме и не сме се виделе и случнале одамна.
И од таму од кај што потекнува вереникот обичај е вујкото да е старосват, ама кај нас тоа воопшто не дојде на дневен ред. Заедно си ги одбравме и кумот (кумата) и старосватицата. Куовите ни се пријатели, постари од нас што не гледаат како свои деца, а старосватицата ни е заедничка другарка која по сплет на околности прво се знаеше со него, а после со мене. Стојам на тоа дека ги одбравме најдобрите кумови ( и старосватицата спаѓа тука ). Вклучени се во целата организација на свадбата, знаат и се интересираат многу повеќе од идниот ми младоженец . И имаат строга забрана за купување односно носење подарок на свадба. Знам колку трошоци ќе имаат во врска со целата свадба и сакам да ги поштедам и од тоа. Сега за сега добро се држат, односно им давам убави аргументи зашто сакам така, се надевам дека ќе ги држи до свадба
За две години брак многу работи ми се разјаснија, да ви кажам дека голем дел од работите што пред свадба си ги замислувате и одпосле многу ќе се разликуваат. Различни краеви различни адети,тука нема спорно ништо ,компромис е нешто идеално,од која страна и кој да бидат сведоците на свадбата. Дека старосватица,е помодарство според мене е факт,донекаде и со презимињата е иста прича со чест на исклучоци. Е сега еден битен момент ,кој сега не може да го согледате ,а после свадба времето само ќе си го покаже своето,е дека треба внимателно да се рамисли кого сте одбрале за сведок ,независно кум или старосватица. Тие не се само за денот како што имам напоменато ,врската со нив после свадбата треба да се продлабочи и да добие една друга димензија. Многу малку од младиве се однесуваат со почит кон своите сведоци (кум посебно),водејќи се од таа помисла е тој ми е другар или другарка и многу ретко ги условуваат со куме,кумо. Некако како да е изгубена суштината поимот кум,а за старосватица па уште помалку. Порано се почитувале,многу повеќе (можеби и повеќе одколку што треба )но кум бил најголемиот гостин во куќата,да не збориме за празници како бил чекан и дочекуван. И некако одговорноста кога некој роднина ти е кум или старосват е поголема во однос на почит неголи ,ако тоа е другар или другарка . Според мене и од искуство нема некои работи да и ги преќутиш на старосватицата доколку ти е другарка но ако ти е роднина од почит ке преминеш меѓу нив. И не е сега муабетов да се стискаме и да не се чуствуваме пријатно доколку ни се некои роднини сведоци,туку генерално да се почитуваме во вистинска смисла за век и векови. Јас од првиот ден па до денес кога ке се чујам со кумот го условувам со куме и кумо иако се релативно млади се почитуваме никогаш не сме си заборавиле празник да не си честитаме и да не се собереме и видиме. За разлика од старосватицата која некако ми е немарна за тие работи не им дава многу на значење,незнае да ги цени тие работи ,мене ми пречат но тоа е јас си ја одбрав . И жените кога ќе се омажат и оформат семејство ,секогаш ќе тежат кон страната на мажот и неговата фамилија и семејство и пријатели. Затоа после мажење многу мал број на другарки остануваат ,блиски ,за разлика од мажите каде после бракот нивното пријателство се продлабочува. Може бев долга со постот но се надевам ,некој ке се подразмисли малку што и како да направи и кого да одбере,дали тоа ќе биде вистински избор времето ќе покаже.
Потполно се согласувам со тебе Леонтина.И јас истото го мислев. Некако многу здраво за готово во последно време се ставаат кумови,старсосвати,деверици.Најчесто заради да се испочитува некој близок другар или другарка,а всушност го нема она вистинското.
Нас старосватица ни е една блиска другарка, а кум другар на сопругот. И јас и тој со тие луѓе сме се дружеле со години, и еве и по 9 години во брак никогаш не сме си пререкле ни со кум ни со старосватица. Но истата близина ја имаме и со некои други другари кои се дружиме долго време. Без разлика дали ми биле сведоци или не, за мене сите другари се подеднакво важни и со сите сакам да се гледам. А се дружиме и со друштвата од моја и од негова страна - нема приоритизирање. И ги ословувам по име, што не значи дека не ги почитувам, туку ниту мене ниту нив формалности ништо не ни значат. Кога им честитам празници, им честитам на сите блиски пријатели, без разлика дали имаат некаква „функција“. Јас тоа со старосватицата од женска страна повеќе го сфаќам како дел од еманципацијата отколку како помодарство. Порано се одело во куќата на мажот и се било од негова страна, пошто нели тој бил главен, ама денес веќе не е така. И нема причина двајцата сведоци да бидат од иста страна, всушност мислам дека тоа нема никаква логика, ама ете, во некои краеви е прашање на традиција. Јас тоа со неприфаќањето да бидеш старосватица не можам да го разберам. До сега сум била четири пати и сите сум ги прифатила со задоволство. А мене лично ми беше тешко да одлучам затоа што едноставно не можев да издвојам една која посебно ми значи. Да, една ми беше сведок, ама двете најблиски секогаш исто сум ги третирала - па и на свадба бовчи имав за двете. За мене тоа е чест, а парите се споредна работа. Кај искрените пријателства никој нема да ти замери ако немаш пари.
Апсолутно се слагам со секоја реченица од постот на Ариел. И мене другарка ми беше старосватица, а дали е помодарство во ново време не знам, бидејќи и на мајка ми пред скоро 40 години другарка и беше старосватица на свадбата И морам да кажам дека со неа до нејзината прерана смрт одлично се дружеа и почитуваа, за разлика од кумовите кои беа од старо кумство, за атер на баба ми - јас денес кумот мој мој на улица да го видам нема да го познаам, човекот едноставно се тргна. Мојата старосватица ја гледам скоро секоја недела, кумот ни е најблизок другар на сопругот и тие скоро секој ден се слушаат по телефон - секако дека тие двајца беа најприкладни, а не некои роднини/стари кумови/не знам кој со кои од празник на празник ќе се слушавме во најдобар случај. Старосватица сум била 4 пати, кај пријателки, а денес сум во одлични односи со двете кои и пред тој чин ми беа најблиски. Кума бев еднаш, на продолжено кумство од татко ми (дури и во тоа време него го избрале за кум како најдобар другар на младоженецот - значи и тука баш не е нова мода) и иако ги почитувам кумашините (и тие мене), дистанцата во километри и во недостигот на претходна се осеќа.
Не е помодарство, скоро сите бираат другари и другарки ( освен во мојот случај ). Ама има и дилема , која другарка да ја избереш, дали си го направила вистинскиот избор.
Многу си во право Леонтина. Мене многу блиска другарка ќе ми ја крсти малата, и уште сега кога ќе одиме или кога ќе се видиме со неа, јас на Л и викам, “еве ја кумата“, “што вика кума“, “што прави кума“ итн... И покрај тоа што сме ептен блиски сакам Л да си ја почитува и сака баш како што доликува. А во однос на нашите сведоци за во матично, исто така е моја другарка со која и онака си се викаме “даде“, нормално ќе си останеме блиски како и години наназад, но нејзе не би можела да ја викам кумо, пред се поради фактот што само во матично ќе се регистрираме, а не одиме во црква.
Јас многу голема утка направив со староватицата и многу ми е криво што ја побарав таа другарка да ми биде сведок. Бевме многу блиски, секојдневно се дружевме 5 години и ми беше драго да ми е старосватица, ама после свадбата почна многу безвезе да се понаша. Без толеранција, со зајадување, со потсмев. Мислам дека се криеше позади сето тоа нејзиното незадоволство дека е single, и пречеше се, на секоја моја несреќа како да се ситеше, а во убавите моменти никаде ја немаше. После еден поголем куршлус, ја избришав од животов и сега сме само на „здраво“. Не сме скарани, ама односите ни се многу, многу оладени и освен честитка за роденден, други контакти немаме.