1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Старосватица

Дискусија во 'Свадба' започната од apple12, 16 јуни 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Јас за старосватица ќе канам другарка со која дружиме веќе неколку години (4) ако не се лажам :$ не се сеќавам точно :lol:
    Па ќе видиме, ако може добро ако не па добро... :)
    Јас неа секако и со прифаќање и со неприфаќање, пак ќе си ја поштувам и сакам исто.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mihaela.P

    Mihaela.P Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    27
    Феминки кои се должностите на старосватицата кога ќе дојде време за крштевка? Што треба да се носи? Наскоро ме чека ова па сакам на време да се информирам :)
     
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Старосватицата нема никакви обврски на крштевка, обврска на крштевка има исклучиво кумот.
    Како поканета на крштевката си носиш подарок за малото и ако имаш желба во договор со родителите можеш и плус торта да однесеш, специјална улога нема старосватица за време на крштевка на бебето.
     
    На Mihaela.P му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.194
    Колку кошта матријалот отприлика во Скопје и колку метри се купува за свадба?
    И за тората, од колку парчиња купивте?
    Фала
     
  5. Mihaela.P

    Mihaela.P Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    27

    Јас кога бев старосватица купив 3 метри материјал, а што се однесува до цената зависи каков материјал ќе одбереш ( има од 150 ден метар па нагоре ).
     
    На cecilia му/ѝ се допаѓа ова.
  6. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Дали знае некоја дали е дозволено сестра да ти биде старосватица, ако не - зошто? :)
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.758
    Во принцип сведоците не треба да ти бидат роднини, особено не прво колено. Некој „неутрален“ потврдува дека се сакате, не сте роднини итн.
     
    На awl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    ^
    Ова за во матично зборуваш? Мене сестра ми ми беше сведок. Никој ништо не рече.
    Е сега ако е нешто за адети и такви работи, си имам кажано многу пати по темите, јас не гледам на тоа. Така да може од тој аспект да има некое значење
     
  9. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
    Мене на свадба старосватица ќе ми биде најдобрата другарка со која се дружам повеќе од 10 години...Тоа нас и претходно ни беше договорено, само чекавме да дојде моментов :rofl: Инаку по однос на трошоците нас ни кажаа дека кумот треба да донесе торта за во ресторан, вино и погача за во црква...За тоа што се плаќа во црква се договоривме јас и вереникот да платиме...Они само свеќи и платно...За подароци...колку можат/сакаат толку...Мене ми е битно другарка ми да ми биде старосватица, зошто ми е битна личност во животот...може и без подарок да дојде воопшто не се замарам...Битно ми е да биде присутна тој ден...и да се глупираме и уживаме како што си знаеме...
     
  10. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски

    Е па едни викаат дека треба да е неутрален, некои не прават проблем. Јас тргнав по логика, демек најдобра другарка ми е старосватица, а најнајдобра другарка ми е сестра ми. Е сега, другар ми лани беше кум во црква и сведок во матчно на прв братучед и не му направија проблем. Веројатно дел е традиција дел е каков му е денот на венчавачот...
     
  11. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.194
    Јас мислам дека зависи од човекот во чии раце ќе паднеш. Затоа најубаво прашај ги свештените лица и во матичното.
     
  12. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    И јас тоа го реков, се работи за моја другарка, чија сестра ја побара за старосватица. Не знаев што да и одговорам на прашањето, освен да си праша во црква и матичко, ама сепак да си проверам :) благодарам за одговорите во секој случај. Штом имам апдејт од попот или матичарот, ќе споделам...
     
  13. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    Sestrata e glupavo da bide starosvatica, bidejki so nea si veke vo krvno srodstvo. Starosvatica treba da bide najdobra drugarka na nevestata, bidejki na toj nacin se zblizuvate kako familija. I taa stanuva del od vasata familija. Najdobro da si prasate vo crkva, mislam deka ne e zabraneto, no nema logika...
     
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.194
    Неможе секој да си дозволи да прифати толкава одговорност, трошоците се навистина значајни особено за некој кој не работи.
     
  15. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски


    Ја кажав веќе мојата логика- сестра ми- мене- ми е најдобра другарка. Мислам дека и овие две се многу блиски. Плус и ако имаш на пример две другарки кои ти се еднакво блиски, која ќе ја одбереш? Затоа и сметав дека може. За тоа дека старосватица ти станува дел од семејството, не знам, зашто имам повеќе примери во црквата каде ти велат дека кумот ти е од денес род, старосватот не го споменувале. Затоа и кумот ти крштева дете, се моли за него, го заштитува и поучува во животот. Ова е моето искуство и логика.
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.758
    ^ Ако имаш две другарки кои ти се исто блиски може едната да биде во матично, другата во црква. А може и да се решиш за една, па на другата ти ќе и бидеш кога ќе се мажи. Одлуката која ќе ти биде воопшто не би требало да има влијание врз понатамошното пријателство, ниту со таа што ќе ти биде, ниту со таа што нема да ти биде. Ако си со некој близок, близок си и без титули. И обратно, ако не си - вакви функции нема да помогнат.

    Јас не би ставила некој од фамилија. Сестрата и треба да ти е најблиска, затоа за блиските другарки се вика дека ги сакаме како сестри. Старосватица е сепак некоја што е надвор од кругот на семејството, а ја сакаш како сестра.
     
  17. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Ако одиме така, нема логика ни другарка да биде старосватица. Самиот збор е изведен од два други - стари сватови. Според традицијата кај нас старосват/старосватица е некој од страната на свекрвата, односно од старите сватови.
    Јас знам за случаи каде што сестрата или братучедка биле во улога на старосватови. Ама кај нас секој поп различно си кажува, па најдобро е да се праша.

    Мене старосватица ми беше најдобрата другарка од дете. Меѓу другото, сестра и се омажи за мој роднина, па до некаде и сме од старите сватови ;)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Јас утре сакам да ја прашам мојата најдобра другарка официјално(уште од деца си имаме дадено збор која прва ќе прави свадба другата ќе и биде старостватица) дали ќе прифати да ми биде старосватица.Е сега ме интересира дали треба нешто да и дадам, онака симболично?Инаку после тоа сакам да си излеземе само јас и таа на ручек.
     
  19. gagic

    gagic Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    62
    здраво :) ме интересира за се во врска должностите за старосватица , бидејки сега ке бидам што треба да однесам колку пари треба за во црква колку се свекјите ако можете пишете... ;)
     
  20. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Само да ажурирам коментар... Сестра ти може да ти биде старосватица, нема пречки ни за во матично ни за во црква.

    Околу обврски на старосватца - организација на моминска забава- ако сака невестата, подарок (секако :), за во црква пари, зависи од црквата, ама вообичаено е 1500 денари, плус пари за на евангелие (да не ги оставиш 1500те денари таму, па да немаш за да платиш на крајот е венчавката), 2 свеќи (една е 250 денари), материјалче (во Охридски регион, староватот не носи, само кумот - бар такво е моето искуство) и најважното - добро расположение :)