Здраво феминки, имам едно прашање.Со маж ми сакаме старосватот да ни биде од негова страна(негов најдобар другар), а старосватицата да биде од моја страна(моја најдобра другарка).И двајцата се слободни, не се женети/мажени. Дали е можна и ваква опција?
На нашата регистрација во матично беше така, негов другар и моја другарка, и и двајцата потпишаа прво едниот а потоа другиот, не знам зошто да не може и двајцата? Јас мислев баш дека двајца треба да бидат сведоци Барем во Прилеп вака беше
Да, двајца сведоци, ама кумот се потпишува и старосватот или старосватицата, не и двајцата( за старосватовите зборам, зашто за нив беше прашањето). Само двајца сведоци се потпишуваат. Значи ако другарот е кум, другарката старосватица може и двајцата да се потпишат. Ете, имало и други опции, како што кажаа погоре.
Aaa, јасно не ми се познати многу термините на сите улоги околу свадбата )) Значи кај нас испаѓа се потпишаа старосватот и старосватицата, а кумот само ќе не венча Сакајќи да побарам на гугл кој се потпишува обично во матично ја најдов оваа тема svadba/mi-trebaat-soveti-se-vo-vrska-svadba-t273/810.html и се смеам сеуште колку е комплицирано изгледа во секој град е различно и не знаев дека толку „правила“ има Мој совет е да направите како што мислите дека ви е најубаво, без разлика како прават луѓето, правилата постојат за да се нарушуваат
Еве еден текст за се што треба да знае идната старосватица Се надевам ќе ви биде од корист Спојлер http://bride.mk/организација/што-треба-да-знае-идната-старосватица.html
Здраво девојки, сакам да ве прашам што купува старосватицата за ВЕРИДБА, дали треба да биде некој посолен поклон или само цвеќе, пијалок или слично?
Зависи од финансиите... Значи колку што знам овде кај нас, се купува подарок на невестата. Плус цвеќе, торта и слично... А колку ќе биде “солен“ зависи од тебе, од твојата состојба и тоа колку планираш да потрошиш... Пример, можеш да земеш некој убав долен веш... или гардероба, накит... итн.
Мој совет ти е еден убав букет цвеќе, едно добро вино и чоколадни бонбони Поклон ке и носиш за свадба. Тогаш ке се осолиш убаво од искуство.
Другарките се некој релеватен фактор на свадбата,па треба и потпис да стават Големо против од мене за избор на страосватица.Јас би се одлучила за старосват.
Јас пак за ваквиот избор прв пат слушам. Старосватот најчесто е пријател на младожењата, а старосватицата негова девојка. За кумот, пак, првин се прашуваат старите кумови на младожењата, и ако тие одбијат (најчесто поради финансиски причини), тогаш повторно, кумот е пријател на младожењата, и кумата исто, е девојка или жена на кумот. Е сега по најнова мода, што мене некако ми е без врска, кумата е пријателка на невестата.
За кумот и јас така знам, прво се прашуваат старите кумови на младоженецот, па ако тие одбијат некој негов/заеднички другар... Ама за старосватот/староватицата знам дека треба да биде од страна на невестата... И ми беше многу глупаво на две свадби кај другарки кога тие „немаа право“ да си ја изберат старосватот/ицата и тоа да биде некој/а нивни/а другар/ка туку младоженецот си избра негов другар со девојката за тие да бидат старосвати.
Тоа е веќе индивидуално, и е работа на "договор" меѓу младите, па ако девојката има некој другар, во вистинска смисла, тогаш не гледам никаков проблем, тој да биде старосват... А не дека другарка не може да биде старостватица, зошто би била таа помалку релевантна или помалку вредна? Но, ете, таква останала традицијата, сведоците да бидат мажи, кои најчесто ги бира мажот...
А чив вујко? Јас не сум слушнала за ова дека се прави, ама и глупаво ми делува, ем вујко ем старосват. Сведоците обично се избор на младите бидејќи тие со овој чин ќе ја зајакнат врската. Па не гледам зашто ако некоја има ептен блиска другарка да не сведочи на овој чин, баш близината се зголемува. А и да, глупаво е кога и двата сведоци се од страна на младоженецот, како невестата да не се прашува воопшто. Мене ми е барем. Ама океј, секој си има мислење и си прави како што му одговара.
Имаш право, се е ствар на договор. Јас само знам дека староватовите треба да бидат од страната на невестата ама тоа е српски обичај (од мешано семејство сум), а сега прв пат слушнав дека според традицијата тука сведоците требало да бидат мажи (за кумот знаев, за старосватот не ). Ама ете човек учи секој ден по нешто. Ќе го знам тоа за кога ќе дојде време јас да се мажам
Според мене тоа е ствар на договори секој треба да прави како сака. На пример јас воопшто не сакам адети или вака требало, онака требало....Сега сум во фаза каде ќе треба да мислам на таа работа и она што ќе го направам е старосватица од моја страна (најдобрата другарка), а кумот од страната на идниот мој сопруг. И тие ќе бидат нашите сведоци.