Другарка ми ме покани да и бидам сведок во матично во Сабота, е сега мене ме интересира дали сведокот т.е. јас морам да бидам и старосватица на свадбата...
Мислам дека треба посебно да ти напомене за старосватица, иако кумот- кума и старосватицата се потпишуваат како сведоци.
Другарка ми ме покани да и бидам старосватица, но најпрво утре е веридбата, во тесен круг само најблиските со кумот и ние со дечко ми, па бидејќи не се разбирам многу од обичаи сакам да прашам дали старосватицата има некои обврски и за време на веридбата, и што би бил поклонот, кој и да прашам ми велат бонбониера и буќет, дали е доволно? П.С Во нашиот крај постојат алис кум и старејко кум (старосват), кои и двајцата можат да бидат на старо, оние кои биле на свадбата на родителите на младоженецот или нивните деца или пак доколку одбие на пример алис кумот се прашува старејкото кој доколку сака преминува во алис кум а старејко се бара на ново. Алис кумот сепак е најглавен, но и истотака и старејкото, па така да доколку двете деца се женски, кумот доколку сака може да му дозволи на старејкото (старосватот) да го крсти второто, исто така е и со две машки деца, за да и кумството на старосватот продолжи. Така да освен оној потпис во матично и трошковите на свадба има и поважна улога.
Обично тоа и се носи, ама јас би ти предложила да купиш и некој скромен подарок, покрај бонбониера и буќет
Кои се обврските на старосватица во црква? Ќе однесам бонбоњера(прво ќе се венчаат во црква после еден месец матично и ресторант),купив материјал,цвеќе,друго што треба? Свеќите од каде да ги купам ?Украсите за свеќи јас ли ги носам? И да ве замолам да пратите некоја слика како треба материјалот за во црква да биде завиткан(во круг ми рекоа )
Свеќите ќе ги купиш во црквата каде што ќе се венчаат. Украсите за свеќите ќе ги купиш во цвеќара. За материјалот убаво ти кажале.
Овие работи што си ги навела се дел од обврските на кумот, а не на старосватицата.Твојата улога е занемарлива, па и небитна.Јас сум против околу изборот на старосватица на свадба.Ја почитувам традицијата и прифаќам само старсоват.Кумот е тој што ги венча младенците и тој треба да се погрижи за свеќите, декорацијата и материјалот.Хиерархиската поставеност на работите при венчавка, налага тој да биде доминантен во целата церемонија.
Во Скопје и старосватицата има обврска да носи свеќи и платно (јас кога бев не го врзував никако, а и мојата старосватица и кум нормално свиткани ми ги донесоа). За време на вечавката кумот е главен, но за разлика од други градови, во Скопје и старосватицата ги вкрстува круните, бурмите и сл, многу порамноправно.
Кај нас платно во црква носат и кумот и старосватот и деверовата мајка обично, треба 3 платна да се. Свеќи држат и кумовите и старосватовите и деверот (и шаферка ако евентуално има). Бурмите и круните само кумот ги менува. eli25 доволно е да почастиш бонбони по регистрацијата и по венчавката во црква, земи си украси за твоите свеќи (не знам точно една или две треба), платно во договор со невестата (најдобро е така според мене, какво сака такво земи), торта за во ресторанот и понеси си весело расположение и една голема насмевка
Готово набавив се Мои обврски биле да купам две свеќи и да ги украсам и платно.Инаку старосватицата нема некоја улога меѓутоа присутна е на венчавката ги држи свеќите и сл.
Кај нас у овој тиквешкиот регион нема бирање старостат, тука се знае вујкото на момчето и нема сакаш неќеш...мора. Е сега ептен, ако нема вујко или неможе да се нафати заради финансии или друго нешто (ама тоа другото треба да е смртна постела) е дури тогаш младите можат да си направат свој избор и да си поканат некој на нив поблизок. Реално секој ја нема таа блискост со вујкото, а за свадба треба најблиските луѓе да ги имаат најважните улоги. И за кум е истата прикаска... Стариот кум мораш да го поканиш прво (иако он не знае оти ти уште постоиш и како изгледаш), и ако тој одбие е тогаш ке имаш можност да си поканиш нов кум.
Што поклон јас да купам на мојата старосватица и старосватот?! Може некоја идеја да ми кажете. И дали е во ред јас да купам свеќи и платно, таа не е во мк и ќе дојде ден пред свадба, па јас да си имам на време се спремено. Исто така мора ли да плаќа старосватицата во црква?
@Milla989 Sto poklon da i kupis na starosvaticata eve na primer canta, paricnik, parfem, casovnik (jas na mojata pari i dadov , a kumata sakase da i kupam obetki od Swarovski pa mozes i ti nesto od Swarovski za starosvaticata), a na starosvatot ete pak paricnik, kais, parfem, casovnik, canticka. I sekako deka e vo red ti da kupis sveki i platno ona nema sigurno da ima vreme koga da ti gi kupi, a ako mislis nekoj maler da ne e ti ako gi kupis, nema vrska A starosvaticata sekako deka treba da plati vo crkva, no ako sakas da ja postedis od toj trosok platete vie za nea, ali stom bi platile za nea redno e da platite i za kumpt, posto ke se najdete vo losa situacija poradi toa, glupo ke ispadne
Јас ќе бидам старосватица на 27 јуни. Со дечко ми планираме да дадеме 250 евра во плик. На невестата и купив сет спавача сатенска со наметка, чанта, новчаник и марама како бовча и сега се мислам за петта работа, за да не бидат четири. Прво мислев платното за во црква да биде петтата работа, али на крај одлучија дека нема одење во црква и сега незнам. Па предложете нешто Друго што ме интересира е за тортата. Кај нас и старосватицата носи торта во ресторанот. Дај предложете некоја слаткарница во Скопје која прави убави торти. За торта планирам да дадам до 3000 денари. И колку парчиња би требало да има мојата торта, со оглед на фактот дека на свадбата ќе има 220 гости? Значи поклонот, тортата, бовчата за невестата, икебана за во ресторанот, треба ли друго нешто или тоа е отприлика?
Зависи колку пари планираш да потрошиш. Можеш да и земеш парфем, ланче, папучи за дома, бањарка, колекција за тело. Јас торти нарачувам од Романса имаат многу убави и секогаш се тазе. тортата би требало да ти биде не повеќе од 30 парчиња, но можеш и да прашат во слаткарницата каде што ќе ја порачуваш тортата колку би требало да биде. Бидејќи ќе има торта од малдоженците, од кумовите мислам дека е доволна од 30 парчиња.
https://www.facebook.com/mocart.dh?fref=ts дефинитивно најдобри торти прават Оти кога бевме и ние старосвати, гости имаше околу 200 и нешто, тортата што ја нарачавме имаше околу 34-40 парчиња. Мислам дека околу 35-40 парчиња доволно е, зависи и од тоа како ќе ја сечат...
@IronLady знам за Моцарт, ептен ми се свиѓаат и мене нивните торти. Досега само кај нив прашав за торта, ама цената беше 4000 денари за ептен мала торта. Баш оволку голема торта со 7 колаченца ми рекоа 4000 Барем да беше малку поголема, вака некако смешно ми делува. Е за поголема сугурно е 6000 -7000 денари што најискрено сметам дека е премногу. Ако не е тајна тебе колку те чинеше тортата и колкава беше?
@BoaVista ептен скапо, а малечко :/ Ние ја нарачавме од овде, Тетово, за околу 35-40 парчиња за 3000 денари. Еве ја и тортата, на два спрата, можеби вака на слика не изгледа којзнае што, но во живо ептен беше голема и широка
Прекрасна е А на вкус убави ли се @IronLady? Сите торти им се ептен убаво декорирани, ама и цената им е соленка. Јас сакав торта со колачиња, мислев за младите, кумовите и за нас да поделам од колачињата, а за останатите гости од тортата. Вака нешто, само да биде поголема тортата. Вака ко што е на сликава смешно ми е.