Види во Аромати, јас за торта на 3 спрата со фондан и фигури платив 3500ден. знам дека извадив 70 парчиња во ресторан за на синко родеденот и дека и за дома имаше торта.
Излегува дека Канела се поевтини....За торта од 70 парчиња (со фондан) плативме 3100-3200 ден. Од црвената Канела.
Девојки, да ве прашам нешто. Прв пат се наоѓам во ваква ситуација и не знам што, како.. Најблиската другарка ме викна да и бидам сведок во матично, свадба планира на есен. Е сега, треба јас да носам некаков подарок за во матично, букет цвеќе или било што?
Можеш букет или бомбоњера да земеш, мене ич не ми текнува што купив, ама се сеќавам дека цвеќе гарант носев.
Јас и купив обетки на другарка ми за во матично. Се прерадува. Бомбоњера не купив зашто кумата и мајките благо даваат, а цвеќето ќе овене, овие ќе и останат. Нема правила, како си сакаш така.
Жени дај помагајте)нигде не сретнав "старосват".Според потеклото мое и на маж ми адет е вујкото негов да е старосват,а јас сакам најдобра другарка да ми е старосватица.Истото го сака и маж ми,ја почитува многу другарка ми,но ова со вујко му нз како да го решиме?треба ли да го поканиме исто ко кум да ни даде благослов или како?
@dunika, колку што се разбирам јас, старосватицата е секогаш од страна на невестата (најчесто блиска/ најдобра другарка) додека кумот е од машката страна. Може да станува збор за старо кумство, кое се пренесува од колено на колено или пак (и се почесто се среќава) кумот е еден од најблиските другари на момакот. Улогата на старосватицата и на кумот (нели, секој од различна страна) е да посведочат дека и мажот и жената сами по своја воља влегуваат во бракот, без присилба. Ако вереникот нема избрано кум, веројатно вујкото може да улета во таа улога.
Здраво Нова сум, ве читам во темава, наскоро ќе бидам статосватица кај блиска другарка, си ги знам гору доле обрските меѓутоа ме интересира во врска со поклонот, според вас која би била соодветна просечна сума? Имаше неколку коментари за ова меѓутоа гледам постари па еве според денешните трошоци. Знам дека е кој колку може, ама еве барам мислење за конкретна средна сума. Благодарам
@Jana87, 100 евра ти е „просекот“ за старосватица. Меѓутоа, да не се лажеме, тоа воопшто не се малку пари (особено ако одиш сама), плус ти плаќаш дел од црквата (околу 1500 ден), плаќаш за свеќите и нивното декорирање, купуваш стандард букет и бомбоњера, организираш девојачка, на страна што и ти треба да се средиш за свадбата така да навистина тука важи - кој колку може
Сакам да поставам едно прашање...ама не сум сигурна како ќе ме сфатите.. и не сум сигурна дали воопшто треба да размислувам на таа тема.. Сум слушнала, не сакам да звучам суеверно..ама сум слушнала дека на свадба закониците, значи кум, старосватица, не е добро да се луѓе кои немаат деца. Е сега личноста што сакам да ми биде старосватица, ми е многу добра пријателка, бивша колешка, и сакав неа да ја прашам... а и она мислам дека очекува, во неврзан муабет има спомнато нешто, ама се сетив на тоа... она е возрасна жена, разведена, и не можела да има деца... Многу грда судбина... Жал ми е за неа, ама не би сакала да ми биде тоа грижа и несоница, да го мислам цело време, дека ќе ми се повтори истата приказна.. .сепак во црква ми е сведок... НЕ знам можеби грешам...Ве молам ако сте слушнале, ако имате искуство кажете ми било што...затоа што веќе бев решена, а сега сум неутешна..
@Вереничка, штом тоа ти претставува толкав проблем и те оптеретува, друга некоја другарка нека ти биде старосватица. Станува збор за празноверие но штом те фаќа јанѕа, подобро така отколку цела свадба да се туфкаш да не те избаксузира. Или па, не дај боже, нешто да тргне на лошо понатаму, главата ќе си ја трескаш и ќе се окривуваш себе си. Си признаваш дека си суеверна, го почитувам тоа, затоа и направи онака како што ти мислиш дека е најдобро, сепак твоја свадба е во прашање Најважно е ти тој ден да си опуштена и највесела а ќе најдеш друг начин да ја испочитуваш несудената старосватица.
Фала тиии Јас не верувам , знам дека нема врска, ама си реков ако некогаш не дај боже нешто се случи ќе мислам дека причината е тоа... таква сум нема да бидам мирна.. не знам што да правам навистина
Мила, штом си свесна дека таа мисла нема да ти даде мир, веќе знаеш што мора да направиш Можеби ќе звучи себично, но тоа е твој ден, ти си таа која се мажи и најважно е ти како се чувствуваш. Пак ќе речам, другарка ти нема да биде заборавена и изоставена од веселбата, ќе најдеш начин да ја вклучиш и неа
Глупости, глупости, глупости ( извини што сум вака груба) На мојата свадба ни кумот ни старосватицата немаа деца, ич на тоа не помислив, плус кумот тазе разведен беше. Па еве јас имам дете, кумот една година после нас доби дете, а старосватицата уште нема. Секој со својата судбина.
Па ќе бидам со дечко ми, ама јас ќе си ги подмирувам сите трошоци, он е пратња и шофер па се мислам да не ми е малку, па според ова што ми одговори се мислам за 150, ваљда е доволно, ти благодарам
Скав исто да прашам бидејќи кај нас и старосватицата носи платно па се мислев дали може да земам некоја по убава марама подолга наместо платно. Не ми е тип што ќе шие другарката а марами обожава. Што мислите за ова? Или да не претерувам
Не си груба, побарав мислења, се извинив што поставувам глупаво прашање ама сите сме биле понекогаш во слична ситуација, ни требаат одговори, искуства, ни требаат истомисленици, затоа сме и тука
Мене ми имаше земено нараквица сваровски елементс ми ја даде пред свадбата бидејќи сакаше да имам некој успомен од свадбата скроз симболично бевме договорени да биде бидејќи немаше класично земање невеста па и јас освен поклонот во плик др не давав и не купував. Моја тетка лани кога беа стросвати добија и таа и маж и часовници ама таму тераа со сите адети. Ми се чини дека најчесто такви поклони некои сите спремаат, накит, часовници, чанти и новчаници и сл наместо бовчи како што се спремало порано.